Македонија
Јашари за уставните измени чека мислење од Венецијанската комисија

Министерот за правда, Аднан Јашари, на прес конференција истакна дека сé уште нема добиено мислење од Венецијанската комисија по однос на уставните измени со кои се предвидува дефинирање на брачната заедница, измени во составот на Судскиот совет, формирање финансиска зона, менување на името на НБРМ во Банка на Република Македонија, регулирање на фискалната политика во делот на висината на јавниот долг, Државниот завод за ревизија да биде независен орган избран од Собранието и менување на надлежноста на Уставниот суд.
Јашари нагласи дека ставот на оваа комисија ќе се знае на 9-ти септември, за кога најавена е посета на претседателот и членовите на ова тело во Македонија.
„Засега нема мислење од Венецијанската комисија во однос на уставните измени. За тоа ќе бидеме информирани на 9-ти септември, кога претседателот и членовите на Венецијанската комисија ќе дојдат во Македонија“, рече Јашари и додаде дека средбата која ќе ја оствари со нив биде фокусирана токму на уставните измени.
Во своето обраќање Јашари потенцираше дека редовна практика е да се побара мислење од органите на Европската унија, не само за уставните измени, туку и за сите битни закони коишто на некој начин треба да бидат усогласени со преораките на ЕУ.
Владата до Собранието на Република Македонија во јули достави предлог измена на Уставот со седум нацрт амандмани по што Собранието на Република Македонија на 27-ми август ги утврди сите.
По изгласувањето во Собранието, нацрт–амандамните ќе подлежат на триесетдневна јавна дисксуија, по која Владата повторно до Собранието треба да достави предлог-амандмани во кои би биле вградени забелешките од дискусијата.
Според очекувањата, целата постапка за носење на уставните амандмани би требало да заврши до крајот на октомври.
Јашари од Венециската комисија претходно побара да даде толкување, пред сè, на оние амандмани кои се однесуваат на Судскиот совет, на надлежностите на Уставниот суд и на амандманот за Државниот завод за ревизија./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.