Култура
Обама го очекуваат големи надворешно политички предизвици

Новоизбраниот американскипретседател Барак Обама пред себе ќе има низа надворешно политички предизвици.
Новоизбраниот американскипретседател Барак Обама пред себе ќе има низа надворешно политички предизвици.
Тиесе движат од војните во Авганистан и Ирак и глобалната финансиска криза допотребата да се подобри нарушениот меѓународен имиџ на земјата.
Иакоданоците и економијата беа доста важни теми во предизборната кампања, прашањетоза националната безбедност, како што е нуклеарното вооружување на Иран иблискоисточниот мировен процес, најверојатно ќе останат на врвот на приоритетитекога Обама ќе ја преземе должноста од Џорџ Буш на 20. јануари.
Администрацијатана Обама ќе ги наследи војните во Ирак и Авганистан и потребата да се зајакнатакциите за искоренување на екстремистите на „Ал Каеда“ на границата меѓуПакистан и Авганистан.
Меѓунајгорливите прашања е и спречувањето на Иран да развие нуклеарно оружје, и обврзувањетона Северна Кореја да ги исполни ветувањата за демонтирање на својата програмаза нуклеарно вооружување.
Обаманајави дека ќе започне меѓународен притисок против Иран, ќе ги зајакнеамериканските напори за потиснување на екстремистите должавганистанско-пакистанската граница, и дека ќе го забрза мировниот процес наБлискиот Исток.
Обамавети дека ќе ги ангажира и сојузниците и противниците во настојувањето да гоподобри имиџот на САД кај другите држави и да го врати лидерството, кое што,според него, Буш го потрошил со војната во Ирак.
Тојвети дека ќе ги повлече американските сили од Ирак во рок од 16 месеци попреземањето на должноста, и оти ќе испрати повеќе трупи во Авганистан.
СпоредАсошиетед прес повлекувањето на трупите од Ирак до средината на 2010 година еизводливо, иако некои укажуваат на можни ризици доколку прашањето за безбедноство таа земја се префрли исклучиво на ирачките сили.
Обамасмета дека војната во Ирак ги одвраќа САД од судирот во Авганистан, кој, спореднего, треба да биде главна цел затоа што „Ал Каеда“ оттаму ги организираланападите извршени на 11. септември 2001 година.
Меѓутоа,неговите цели во Авганистан не се разликуваат значително од оние на Буш, сметаАсошиетед Прес.
Обамавети дека ќе прати повеќе трупи и ќе одобри превентивни напади на соседенПакистан, каде се наоѓаат упориштата на екстремистите, иако Пакистан, какосојузник на Вашингтон, се противи на тоа.
Штосе однесува до израелско – палестинскиот мировен процес, САД во ноември 2007година повторно го покренаа тој процес кој Буш долго време го ингнорираше, нодоговор се уште не е на видик.
Палестинскиотпретседател Махмуд Абас ја исклучи можноста за постигнување договор пред крајотна декември до заминувањето на Буш од Белата куќа.
Попрашањето за Русија, Обама го заостри тонот по реакцијата по руската военаофанзива во Грузија. Тој неодамна рече дека Русија, која повторно зајакнува икоја е многу агресивна е „закана за мирот и стабилноста во регионот“. Но,истовремено тој се спротивстави на предлозите Русија да се исфрли од Групата 8економски најбогати земји.
Обамауште пред официјалното преземање на должноста ќе мора да се соочи со итнитепрашања.
Бушна 15. ноември ќе свика самит во Вашингтон посветен на глобалната економскакриза, и иако Обама најверојатно нема да присуствува на состанокот, неговиотекономски тим ќе има можност да се состане со некои од странските претставницина маргините од конференцијата.
/крај/бе/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.