Култура
Светските лидери му честитаат на Обама

Светските лидериму упатуваат честитки на Барак Обама за победата на американскитепретседателски избори.
Светските лидериму упатуваат честитки на Барак Обама за победата на американскитепретседателски избори.
„Израелците имчеститаат на двајцата големи пријатели на Израел, на Џон Меккејн за добрата кампања, а на Барак Обама заисториската победа. Сигурни сме дека ова пријателство го очекува убава иднина“,изјави портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи ЈигалПалмор.
На Обама мучеститаше и мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон, кој го покани штопоскоро да ја посети оваа соседна земја.
Калдерон е убеденво „продолжување на нова етапа во развојот на односите меѓу двете држави,втемелена на меѓусебна одговорност, дијалог, искреност, почитување и меѓусебнадоверба.
Претседателот наАвганистан Хамид Карзаи му честиташе на американскиот народ за големата одлука.
„Се надевам декаовие избори и доаѓањето на претседателот Обама ќе донесат мир во Авганистан инапредок на авганистанскиот народ и остатокот на светот“, додаде Карзаи.
„Очекувам средбасо избраниот претседател за да можеме да го продолжиме јакнењето на посебнитеврски штоп постојат меѓу САД и Канада“, изјави канадскиот премиер СтивенХарпер, во честитката до Обама.
„Владата на НовЗеланд се радува на соработката со новата администрација“, изјави премиеркатана оваа земја Хелен Кларк.
Министерството занадворешни работи на Колумбија преку соопштение го поздрави изборот на Обама инагласи дека Колумбија „стои на располагање за продолжување на дејствувањето натеми од заеднички интерес“.
Кенискиотпретседател Мваи Кибаки го поздрави изборот на Обама на претседателскатапозиција на САД.
„Народот наКенија неизмерно е горд на вашите корени. Вашата победа не е само инспирација за милиони луѓе ширумсветот, туку посебно одекна меѓу нас, овде во Кенија“, рече Кибаки.
Јапонскиотпремиер Таро Асо изрази уверување дека САД, под водство на Барак Обама, ќетргнат напред во соработката со меѓународната заедница.
„Сојузништвотомеѓу Јапонија и САД е клучно за јапонската дипломатија, како и за мирот истабилноста во азиско-пацифичката област“, рече Асо.
Претседателот наПакистан Асиф Али Зардари изрази надеж дека пакистанско-американските односи ќебидат засилени со новото американско водство што доби мандат на изборите.
/крај/хн/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Поетско читање во Њујорк

Минатата недела со поетско читање на македонски и англиски јазик во преполната сала, дел од Њујоршката јавна библиотека (New York Public Library) во Њујорк, Никола Маџиров го отвори Светскиот поетски салон во рамките на Фестивалот на светската литература и уметност (World Literature and Arts Festival) кој се одржува од 14-ти до 30-ти април во салите на Њујоршката јавна библиотека.
На сцената пред околу сто и педесет присутни гости, Никола Маџиров настапи заедно со американската џез композиторка, пејачка и мултиинструменталистка Бека Стивенс, двапати номинирана за музичката награда Греми и редовна соработничка на современиот музички гениј Џејкоб Колиер — шесткратен добитник на Греми, на американскиот џез состав „Снарки Папи“ — добитници на пет Греми награди, како и на рок-легендата Дејвид Крозби — членот и основач на „Крозби, Стилс, Неш &“Јанг.
Бека Стивенс, заедно со лидерот на „Снарки Папи“ — Мајк Лиг, веќе компонираа песна според стиховите од песната „Окото“ (The Eye) на Никола Маџиров, која таа ја исполни на отворањето на Поетскиот салон во Њујорк, а истата вечер премиерно ја изведе и нејзината нова композиција „Ние немаме сон“ (We Have No Sleep) според истоимената песна на Маџиров.
Оваа композиција ќе се најде на еден од следните албуми на Бека Стивенс. По заедничкиот поетско-музички перформанс, следуваше разговор на Маџиров со аргентинскиот поет-полиглот, универзитетски професор и преведувач на Песоа и Пизарник — Патрицио Ферари. Настанот беше во организација на „Њујорк Паблик Лајбрери“ и „Лајмлајт Поетри“ од Њујорк.
Според стиховите на Маџиров веќе имаат компонирано американската композиторка и добитничка на Пулицеровата награда за современа опера — Дујун, американскиот авангарден џез композитор и соработник на Бјорк и Лу Рид — Оливер Лејк, македонскиот пијанист и џез композитор — Гордан Спасовски, како и композитори на џез, опера и класична музика од Германија, Италија, Литванија, Естонија.
Култура
Неколкудневна турнеја на Театар Провокација низ регионот со „Земја на штркови“

Театар Провокација ја најавува својата неколкудневна турнеја низ регионот, со претставата „Земја на штркови“, која започнува на 13-ти мај, со учеството на фестивалот „Друмеви театрални празници“ во Шумен, Р. Бугарија, по кое следуваат и гостувањата во Србија (од 15.05 до 18.05) низ градовите: Белград, Вршац и Панчево.
Претставата „Земја на штркови“ отворено зборува за големиот бран на иселување на македонците во последниве неколку години и за очајната потреба од системски промени, како главна причина за заминување на младите во поразвиените земји.
Скопската публика оваа претстава ќе може да ја погледне во среда, 23-ти април во МКЦ со почеток од 20:00.
Во претставта играат: Мирјана П.Ристов, Радо Алексовски, И.Јакимова и Р. Ристов. Текстот е работен по мотиви од „Топлината во ноември„ од Јана Добрева, костимите се на Елена Лука, автори на музиката е на Оливер Јосифовски и Давор Јордановски, вокалот е на Вера Милошебвска – Љубојна, сценските движења на Кренаре Невзати а адаптацијата на текстот, сценографијата и режијата се на Роберт Ристов.
Култура
Почина Тоше Поп-Симонов

Истакнатиот македонски композитор, продуцент и аранжер, Тоше Поп – Симонов почина денеска на 63 годишна возраст.
Поп-Симонов својата музичка кариера ја започна во 1980-тите, како еден од основачите и гитарист на култната скопска рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок бендот „Асторија“.
Тој остави силен белег на македонската музика во периодот на 1990-тите, кога соработуваше со речиси сите позначајни имиња од поп, рок, како и од фолк сцената во земјава и изведувачи од регионот, меѓу кои и Тоше Проески, Мизар, Архангел, Меморија, Анастасија, Дарио, Верица Пандиловска, Силви бенд, „Фрајле“ и Алка Вуица.
Неговите пријатели и соработници се простуваат од него со објави на социјалните мрежи.
Погребот на Поп-Симонов ќе се одржи во вторник, на 22 април 2025 година, на градските гробишта во Бутел од 11:30 часот.