Забава
Џанфранко Киарини со светски гастрономски перформанс во Скопје
Извонредниот светски со две ѕвездички Мишелин готвач, Џанфранко Киарини, со својот тим, ќе приреди фантастичен гастрономски перформанс и доживување за македонските граѓани.
Прв пат во Македонија, на специјален настан, Киарини, кој готвел во ресторани со три ѕвезди Мишелин, ќе создава извонредни готвачки специјалитети со прекрасен дизајн и комбинација со соодветни вина. Неверојатно вкусно подготвената храна, според највисоките Мишелин стандарди и совршеното целокупно доживување, го овозможуваат Слоу Фуд Македонија, ресторанот Хантерс Лоџ Камник, Винаријата Камник како генерални спонзори и несебичната поддршка од Миеле Македонија, хотел Гарден Охрид, хотел Радика и Горска вода.Сите љубители на извонредната храна, на 12 и 14 октомври 2016, лично ќе може да присуствуваат на готвачките перформанси на Киарини во Скопје. Тој ќе подготвува мени од пет јадења, по Мишелин стандардите, а истите ќе се подготвуваат и спаруваат со соодветни Камник вина. Овие екстравагантни гастрономски настани ќе се случуваат во еден од најреномирани ресторан во нашата земја, Хантерс Лоџ Камник, со почеток во 20 часот, а бројот на места е ограничен на само 80 лица по вечер.На 7 октомври Киарини ќе одржи специјален семинар наменeт само за професионални готвачи. Овој семинар ќе се одвива во Винскиот клуб Камник со почеток во 10 часот. За присуство на сите овие настани, потребно е заинтересираните гости да обезбедат билет, со што се добива и резервација на место. Билетите се достапни во продажба од 3-ти октомври 2016 во ресторанот Хантерс Лоџ Камник. Во светски рамки, гастрономијата достигнува ниво на транформација, преминувајќи во применета уметност во поглед на процесот на подготовка на храната и комбинирање на состојките и во поглед на надворешниот дизајн на порциите и нивно внимателно комбинирање со соодветни вина. Ваквото целосно соединување на приготвување на храната со уметноста овозможува нови возбудливи и бесконечни истражувања во деликатната сфера на создавање на вкусовите и во сферата на визуелната уметност која, сама по себе, ја претставува суштината на делото.Џанфранко Киарини – патување до ѕвездени височиниДенес e еден од најпознатите светски готвачи, роден во 1966 во Ферара, Италија. Има италијанско-колумбиско потекло и доаѓа од мултикултурно милје со основи во Италија, Венецуела и Соединетите Американски Држави. Своето гастрономско образование Киарини го стекнува на Институто де Алта Гастрономиа де Каракас (Instituto de Alta Gastronomia de Caracas) во Венецуела, потоа во САД на Питсбург Кулинари Институт (Pittsburgh Culinary Institute), како и во Франција, на најголемата образовна институтуција за угостителство во светот, суперпрестижниот Ле Кордон Блу (Le Cordon Bleu). Во текот на својата живописна и многу богата кариера, Киарини работи и е обучуван според високи барања и стандарди на Мишелин и соработува со познати Мишелин ресторани (како што е познатиот ресторан со три Мишелин ѕвезди во Рим -La Pergоlа). Тој, исто така, соработува и со делукс хотели од највисок ранг, навлегува и во полето на готвачкото истражување и развој, работи како консултант на некои од најголемите светски брендови во прехрамбената индустрија. Киарини ја има најголемата мрежа на готвачи, 30.000+ членови во неговата приватна мрежа и 500.000+ фанови и следбеници на Фејсбук. Светот во кујната на Џанфранко Киарини Џанфранко Киарини својата мајсторска работа на врвен готвач успеал да ја сподели со целиот свет, а дел од неговите ангажмани вклучувале и подготовка на менија и храна за највисоки авторитет во разни сфери. Во Европа работел во Италија, Франција, Шпанија, Германија, Обединетото Кралство а тука сеАвстралија, Нов Зеланд и Океанија. Неминовно е да се спомене дека Киарини има големо искуство и во Азија и земјите како Кина, Кореа, Камбоџа, Виетнам, Тајланд, Малезија, Сингапур, Филипини и други. Во 2000 година, Киарини наоѓа нови креативни и готвачки предизвици на Средниот Исток каде соработува како консултант со екстравагантните Ал Бустан Палас (Al Bustan Palace) иШангри-Лахотелите (Shangri-la Hotels) во Оман; во Бахреин ги развива готвачките концепти за Мовенпик (Мövenpick) и Mериот (Мarriott) хотелите и со многу други високо-луксузни брендови. Во Кувајт, Киарини подготвувал вечери за Неговото Височество Шеикот Џабар Ал-Ахмад Ал Џабар Ал-Сабах и неговото семејство. Во Африка работел во синџирот на Старвуд хотелите (StarwoodHotels), како и во Шератон Лакшри Колекшн(Sheraton Addis, A Luxury Collection Hotel) во Адис Абеба во Етиопија. Во текот на својата кариера, Киарини имал можност да подготвува храна за поранешниот претседател на САД – Џими Картер, за поранешниот израелскиот претседател – Шимон Перес, за претседателите на Афричката Унија, како и за поранешниот египетски претседател – Хосни Мубарак, за членовите на англиското кралско семејство, за турскиот претстедател Абдулах Ѓул, за Шеикот на Катар Шеик Хамад бин Калифа Ал Тхани и други светски значајни личности. Скапоценостите на Киарини во готвачката историја на Италија Своето искуство и знаење Киарини го срочува во луксузната готвачка трилогија „Новата ренесанса на италијанската комбинирана кујна“ (The New Renaissance of Italian Fusion Cuisine), а својата прва книга за готвење од оваа трилогија „Смарагдната книга“ ја издава во 2010. Овие скапоцени готвачки книги се високорангирани меѓу најпознатите авторитети во светски рамки и доволно интересни заКиарини да биде поканет на интервју од страна на CNN. За втората книга од оваа трилогија „Бисер“ ја има честа книгата, лично, да ја потпише и благослови “Мајсторот на сите мајсори”, легендарниот Пол Бокуз (Paul Bocuse). Третата книга е именувана како „Рубин“. Потоа, „Ферара скриениот готвачки скапоцен камен“е уште една книга на Киарини која би морала да биде спомената како дел од неговиот опус. Куриозитет е да се спомене и дека своите уметнички и творечки афинитети Киараини ги канализирал и преку музиката. Пред да се посвети на гастрономијата и уметноста на подготвување извонредна храна, имал свој рок бенд со кој настапувал на реномирани настани./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

