Контакт

Економија

Пет милијарди евра заштедени во македонските банки

Објавено пред

Банките располагаат со речиси 5.000.000 евра депозити, од кои 69 отсто отпаѓаат на граѓанско штедење, беше речено во понеделник на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, Коста Митровски рече дека стимулирањето на штедењето зазема централно место во деловната политика на банките и штедилници – членки на Здружението, бидејќи штедните влогови се најевтин капитал за поддршка на стопанскиот развој на нашата држава и сигурна основа за проширување на асортиманот на услугите на банките кон населението и другите комитенти.Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денес го одбележа Светскиот ден на штедењето, на свечената седница на која присуствуваа м-р Кирил Миноски, министер за финансии во Владата на Република Македонија, Милица Арнаудова Стојановска, генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност во Народната банка на Република Македонија, г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и г-дин Коста Митровски, претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, како и претставници на повеќе институции со кои Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија има воспоставено одлична соработка.Тој истакна дека со состојба на 30.9.2016 година, депозитниот потенцијал на банкарскиот систем изнесува 302.828.000 денари и порастот во однос на јануари 2016 година изнесува 1,01 отсто, од кои 175.220.000 денари се денарски депозити, а 127.608.000 денари се девизни депозити. При тоа, наведе дека вкупните депозити на домаќинствата на 30.9.2016 година изнесуваат  209.734.000 милиони денари, односно 69,2 отсто од вкупниот депозитен потенцијал отпаѓа на депозити на населението. Исто така, тој додаде дека податоците го потврдуваат фактот дека банкарскиот систем во Република Македонија ужива доверба која континуирано е на високо ниво, и дека има висока стабилност која беше потврдена со надминувањето на негативните трендови во вториот квартал од оваа година, кои беа изразени преку зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките, коишто беа последица на влошените очекувања на економските субјекти предизвикани од фактори од неекономски карактер. При тоа, нагласи дека умереното зголемување на вкупната депозитна база на банките во третиот квартал претставува сигнал за натамошно видливо стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.Традиционално, започнувајќи од 1999 година,  Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија го одбележува Светскиот ден на штедењето. Министерот за финансии Кирил Миноски истакна дека макроекономските услови за раст на економијата и подобрата доверба на граѓаните доведуваат до континуиран раст на штедењето, при што го нагласи растот од 2,1% на реална основа, растот на индустриското производство од 5,4%, растот на извозот за 6,1% во периодот јануари-август 2016 година, но и зголемувањето на бројот на вработени лица во Република Македонија за 3%, како значајни фактори кои влијаат на континуираниот раст на штедењето во Република Македонија, кој се очекува да продолжи и во иднина. Тој потенцираше дека усвоените измени на Законот за банките треба да обезбедат дополнително усогласување на банкарското работење со меѓународните стандарди, но и приспособување кон барањата кои ги диктира банкарскиот и финансискиот систем, а кои се од клучно значење во обезбедувањето услови за ефикасност и стабилност на финансискиот сектор во Република Македонија во периодот по влезот во ЕУ. На крајот, Миноски упати честитка до сите штедачи и до сите шалтерски работници од банките и штедилниците на кои им се додели плакета.Арнаудова Стојановска од Народната банка на Република Македонија потенцираше дека штедењето е столб на сигурноста на банкарскиот сектор, кој е основата за повеќе од половина од активностите на банките, вклучувајќи го кредитирањето. Таа истакна дека состојбите во вториот квартал претставуваа тест за капацитетите на банките да се справат со финансиски кризи, и дека банките покажаа подготвеност да ја одржуваат ликвидноста на работењето на стабилно ниво. Истовремено, таа ја потенцираше важноста на потребата да се зацврстат етичките принципи во работењето на банките, што треба да придонесе за градење на висок степен на корпоративна култура во банкарскиот сектор. Воедно, таа ги повика банките да понудат поголема диверзификација на банкарските производи, и на тој начин да се придонесе за зголемен раст на штедењето, кој треба да го проследи растот на кредитните активности, кој изнесуваше 7% на крајот на септември 2016 година. На крајот, Арнаудова Стојановска упати честитка до сите штедачи и до сите шалтерски работници од банките и штедилниците на кои им се додели плакета.Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија и секретар на Здружението на банкарството, упати особена благодарност за воспоставената добра соработка со Министерството за финансии и со Народната банка на Република Македонија, но и со останатите институции од финансискиот сектор.На крајот на свечената седница, беа доделени признанија на 42 најдобри шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работењето со населението за 2015 година./крај/со/бб

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството

Објавено пред

Од

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.

dobivaj vesti na viber

На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.

Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.

Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.

Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа

Објавено пред

Од

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:

dobivaj vesti na viber

„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Економија

Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“

Објавено пред

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.

„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“

Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:

„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија3 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет6 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија9 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија11 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија12 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија13 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија13 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија13 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ15 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа17 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет17 часа

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа18 часа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа18 часа

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион18 часа

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет18 часа

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија1 ден

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија1 ден

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија1 ден

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија1 ден

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...