Контакт

Забава

Членовите на легендарната ABBA ќе се соберат за нов проект

Објавено пред

Припадниците на славниот шведски поп состав ABBA, објавија дека ќе се соберат повторно заради нови дигитален проект.

dobivaj vesti na viber

Групата АBBA, формирана во Стокхолм во 1972 година, ја сочинуваа Агнета Фaлтског, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад, а во средата објавија дека цел на нивната соработка ќе биде реализирањето на оригинален проект во шоу-бизнисот, „кој ќе им овозможи на новата генерација поклоници, да ја слушната и почувствуваат (групата) ABBA така како што никогаш не можеле да ја замислат“. Никакви други поединости не се објавени, забележува Associated Press.

Во јуни годинава четворицата членови на ABBA заедно ги изведуваа свои песни во стокхолмскиот клуб „Бернс“ на вечерта во чест на 50-годишнината од почетокот на заедничкото творештво на Улвеус и Андерсон кои соработувале шест години претходно, од 1966 година.

Шведскиот квартет ABBA е еден од најпопуларните бендови во историјата на популарната наука. За десетте години од постоењето, бендот издаде осум албуми, а многубројни колекции од нивните најголеми хитови се издаваат и денес.

Групата којашто се проби на светската сцена благодарение на Евровизија во 1974 година и хитот „Waterloo“ изведуваше комбинација на поп песни, раскошни мелодии и добри аранжмани што ѝ помогнаа да продаде над 400 милиони плочи во светот. Обожавателите на ABBA годишно купуваат до 3 милиона носачи на звук со нивната музика.

Четворката на крајот се распадна, а двете брачни двојки Фрида Лингстад и Бени Андерсон и Бјорн Улваеус и Агнета Фалтског се разведоа.

Можат да бидат горди и на филмскиот мјузикл „Mamma Mia“ базиран на музиката на ABBA кој досега го гледале 60 милиони луѓе во стотици театри во целиот свет, како и на музејот во Стокхолм посветен на групата./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Комичарка го исмеа Леонардо Ди Каприо на „Златните глобуси“, неговата реакција е вирална

Објавено пред

Од

Комичарката Ники Глејзер беше домаќинка на доделувањето на наградите „Златен глобус“ втора година по ред, а церемонијата одржана на 11 јануари беше обележана, меѓу другото, со шега за Леонардо Ди Каприо и неговите врски со многу помлади жени.

dobivaj vesti na viber

Глејзер се осврна на номинацијата на Дикаприо за неговата улога во „Една битка по друга“.

„Безброј иконски улоги, си работел со сите големи режисери. Освои три Златни глобуси и еден Оскар. И најимпресивното од сè е што успеа да го направиш сето ова пред твојата девојка да наполни 30 години. Мислам, тоа е едноставно лудо.“

51-годишниот актер, навикнат на вакви досетки, се насмеа и кимна со главата во знак на одобрување. Неговата 27-годишна девојка, Виторија Черети, со која неодамна беше на одмор во Сент Бартс, не беше со него таа вечер.

„Лео, жал ми е за шегата, ефтина е, се обидов да ја избегнам“, рече Глејзер.

„Но, не знаеме ништо друго за тебе, човече. Нема ништо друго… Направив малку истражување, најдлабинското интервју што некогаш си го дал е за Тин Бит во 1991 година. Дали твојата омилена храна сè уште е „тестенини, тестенини и уште тестенини“?“

„Да“, промрмори актерот од својата маса со палец нагоре, „секако дека е“.

 

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Забава

Концерт на Слаткар на 2 август во Охрид

Објавено пред

На 2 август, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на „Прагма продукција“, Марко Маринковиќ – Слаткар ќе го одржи својот најголем концерт досега.

dobivaj vesti na viber

Настан што ја отсликува зрелоста на една кариера и нејзиното цврсто место на домашната сцена како резултат на континуиран и јасно изграден авторски пат.

Концертот во Охрид ќе отслика една ера и едно време, преку песни што оставија значаен белег на нашата музичка сцена – сега со нова енергија, пред илјадници луѓе, на отворена сцена, во град кој е симбол на културата и уметноста.

„Овој концерт за мене е од голема важност. Тој е круна на мојата досегашна работа. Вечерта, на Илинден, сите мои блиски пријатели ќе бидат дел од сцената. Конечно македонски концерт на стадион! Дојдете најубаво да си поминеме!“, вели Слаткар.

Во повеќе од дваесет години активна работа, неговата музика се менуваше и созреваше, но никогаш не ја изгуби суштината, директноста и искреноста. Токму поради тоа, песните не се заборавија, туку се доживуваат сè посилно и продолжуваат да живеат од генерација на генерација.

Во време кога сцената брзо заборава, Слаткар успеа да се задржи цврсто, без да се повторува, и да биде препознатлив без потреба да се објаснува или докажува.

На 2 август, стадионот „Билјанини Извори“ ќе стане место каде минатото, сегашноста и иднината ќе се сретнат во ист ритам – со неговите безвременски хитови, богата програма со специјални гости и врвна продукција.

Не пропуштајте да бидете дел од овој историски концерт!

Картите се веќе во продажба и може да се купат преку: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел Бисер и ЈК Травел Дајмонд.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5728

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Пожар избувна зад сцената на доделувањето на Златните глобуси

Објавено пред

За време на синоќешната доделба на Златните глобуси во Лос Анџелес избувнал мал пожар зад сцената. Инцидентот се случил во прес-собата, откако член на кетеринг-службата случајно превртел сад за загревање храна, објави „Дели мејл“. Новинарот Крис Гарднер наведе дека тепихот кратко горел, се појавил чад, но пожарот брзо бил изгаснат и никој не бил повреден.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот не бил единствениот што ја одбележал вечерта. Гледачите реагирале бурно откако наградата за најдобра филмска музика му била доделена на Лудвиг Горансон за филмот „Sinners“ за време на рекламна пауза. Снимката од моментот стана вирална, а многумина оценија дека станува збор за непочитување кон уметниците, особено затоа што за други сегменти од церемонијата имало доволно време.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ10 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија12 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија13 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура14 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија15 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија15 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија17 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија18 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет19 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет19 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет19 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија20 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа20 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет1 ден

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...