Контакт

Општество

Настанот на ОБСЕ „Градиме мостови“ собра над 600 ученици од различни заедници

Објавено пред

Над 600 ученици од 27 училишта ширум земјава присуствуваа на ден на песни, танцови, театарски претстави и спортски игри како дел од настанот на Фондот „Градиме мостови“, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Музичарите и членовите на советот на Фондот, Ребека и Тони Зен, заедно со составот Флека и натпреварувачка на Икс-Фактор Албанија, Канита Сума, настапија пред публиката.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да ја поздравам заинтересираноста на сите наставници, родители, ученици и училишта за едно вакво заедничко учење. Новите генерации градат нови мостови еден кон друг, кои водат кон интегрирана иднина во разноликата Европа“, изјави шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен.

„Проектот Градиме мостови е значаен пример за тоа како меѓународната заедница во директна соработка со Министерството може да придонесе кон траен напредок во нашата земја. Бројните мостови помеѓу различните јазици и заедници кои беа изградени преку проектот создаваат богатство врз кое планираме да градиме посветла иднина“, рече министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу.

Според холандскиот амбасадор Воутер Пломп, Холандија  ја поддржува оваа иницијатива  бидејќи мостовите ги поврзуваат заедниците, а поврзаноста помеѓу младите е особено важна. „Во овој поглед, ја нагласуваме важноста од Охридскиот рамковен договор како носечки темел за стабилноста на земјата. Се надеваме дека ќе се инспирираме од младите деца од различна етничка припадност, кои заедно ја претставуваат иднината на оваа земја“, рече тој.

Фондот „Градиме мостови“, кој е наменет за учениците, е резултат на заедничката соработка помеѓу министерството за образование и наука, холандската амбасада, ирската влада и мисијата на ОБСЕ во Скопје. Истиот ги поддржува заедничките активности во училиштата со ученици од сите заедници и различни јазици со цел да се зголеми интеракцијата, разбирањето и интеграцијата во училишната средина./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Скопје14 минути

Кривичната од МВР е политички мотивирана, градежната дозвола за тениските терени е од времето на Груевски, тврди општина Карпош

По повод информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против една скопска општина...

Македонија1 час

Мицкоски по најавите за протести од ДУИ: Доколку од мирни и демократски, преминат во насилство, ние мораме да ги одбраниме институциите

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека омекнала реториката на ДУИ, која сега најавува протести откога првичните обиди за дестабилизација ѝ биле...

Македонија2 часа

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог загинаа во сообраќајната несреќа кај Прилеп

Во тешката сообраќајна незгода на патот Прилеп – Битола загинаа радиолог, гинеколог и радиолошки технолог. Преку социјалните мрежи за нивната...

Македонија3 часа

За еден месец има шест пријави за врсничко насилство, Јаневска најави измени за психолозите и педагозите да си ја работат само својата работа

Министерството за образование, изминатиот месец, од почетокот на школската година, добило шест пријави за врсничко насилство, извести денес министерката Весна...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче префрлил 7 милиони евра од здравството на фирма на роднина

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната власт предводена од СДСМ и ДУИ за несоодветно управување со здравствениот систем во земјата. Актуелниот претседател...

Топ5 часа

Условна за скопјанец, од омраза нападнал припадник на ЛГБТ-заедницата, го удирал со клоци и тупаници по главата и телото

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина...

Топ5 часа

ЦУК: Пожарот во зградата во Чаир е комплетно изгасен, состојбата допрва треба да се утврдува

Во 06.00 часот, денеска е добиена информација од БППЗ на Град Скопје дека пожарот се уште бил активен и на...

Топ5 часа

Тројца починати на лице место, возачот на камионот повреден во сообраќајката на патот Припеп-Битола

Tри лица загинаа, а еден е повреден во сообраќајната несреќа што утрово после 7 часот се случи на магистралниот пат...

Свет6 часа

Си-ен-ен: Русија го зазеде клучниот град Вугледар во источна Украина, војници мавтаа со руско знаме над урнатините

Русија го зазеде клучниот источноукраински град Вугледар ставајќи крај на повеќемесечниот отпор, а снимките потврдени од Си-ен-ен покажаа војници како...

Свет6 часа

(Видео) Американска бомба од Втората светска војна експлодира на аеродром во Јапонија, откажани повеќе од 80 лета

Американска бомба од Втората светска војна експлодира на јапонски аеродром, кој беше затрупан под такси-патеката. Експлозијата остави голем кратер и...

Свет7 часа

Рано утрово одекнаа експлозии во Бејрут: Израел повторно нападна, 100.000 луѓе панично избегаа од Либан во Сирија

Рано утринава израелската армија (ИДФ) изврши нов напад врз либанската престолнина Бејрут, чија цел беа, како што тврдат, локации поврзани...

Свет7 часа

(Видео) Објавена снимка од американски разурнувачи, кои пукаат во ирански ракети

Објавена е снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети. Централната команда на САД сподели видео клипови од два...

Свет7 часа

Меланија Трамп го поддржа правото на жените на абортус во своите мемоари

Меланија Трамп, сопругата на поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, ја изрази својата страсна поддршка за правото...

Македонија19 часа

(Видео) ЦУК: Гасењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато, се вклучува и специјално противпожарно возило на Армијата

Гасењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во...

Македонија1 ден

Борис Кондарко повторно избран за претседател на ДИК

На денешната седница Собранието донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во...

Македонија1 ден

Ќе се забрани пристапот до 100 странски онлајн-коцкарници што се користат кај нас, Андоновски алармира дека се вклучени малолетници  

По згаснувањето на домашните онлајн-коцкарници, кои нелегално приредуваа игри на среќа, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар во зграда во Чаир, станарите евакуирани, неколкумина побарале лекарска помош оти вдишиле чад

Пожар избувна во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир, а неколкумина станари, пожарникар и полицаец побарале лекарска помош...

Македонија1 ден

Македонското МНР го осуди иранскиот ракетен напад, граѓаните да не патуваат во Израел, Иран и Либан

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во...

Македонија1 ден

Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно...

Свет1 ден

(Видео) Тројно се зголеми бројот на загинати во Северна Каролина по ураганот Хелен: „Видовме тела како висат на дрвјата“

Бројот на жртвите на ураганот Хелен во шест американски држави се искачи на над 160, а милиони луѓе останаа без...