Регион
Блиц: Дикиќ за 100 илјади евра глумел терорист во обидот за преврат во Црна Гора
Пензионираниот генерал на српската жандармерија Братислав Дикиќ, кој во неделата беше уапсен во Црна Гора во пресрет на изборите, бил ангажиран од државниот врв на Црна Гора, пишува српскиот весник Блиц.
Според весникот Дикиќ, за цена од 100 илјади евра глумел терорист, односно целта било да се поларизира гласачкото тело и со тоа умерените процрногорски гласови да одат за Демократската партија на социјалистите (ДПС), предводена од премиерот Мило Ѓукановиќ.
Блиц пишува дека по тврдењата на полицијата и обвинителството дека 20-те српски државјани биле уапсени кога тргнале да земат оружје, наводно за „преврат и апсење“ на Мило Ѓукановиќ, истото тоа оружје потоа не било пронајдено.
„Едноставно целта беше да се разгорат страстите во изборниот ден и да се поларизира Црна Гора на српска опција и ДПС на Ѓукановиќ. Формулата е ‘нема нас тука Србите да ни изведуваат терористички акции’, која предизвика емоции“, изјавил соговорник на Блиц.
Никој не може да прецизира дали и за која сума Дикиќ учествувал во скандалот кој ја потресе Црна Гора, пишува весникот и тврди дека „низ Подгорица кружи приказна дека сумата не е голема, но не е ниту под 100 илјади евра“.
„Она што е сигурно е дека акцијата требаше да делува како сценарио на српските опции, пред сé, поради тоа што за Дикиќ се врзуваат радикални просрпски ставови. Тоа и требаше да биде гаранцијата дека појавата на „терористите“ нема никаква врска со државниот врв“, пишува весникот.
„Братислав Дикиќ има сериозни здравствени проблеми и доста е дискутабилно дали може да изведе каква и да е акција, а посебно преземање на Собранието. Меѓутоа, пријател е си директорот на полицијата на Црна Гора, Славко Стојановиќ, и со поранешниот директор на полицијата Веселин Вељовиќ“, изјавил изворот на Блиц./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

