Контакт

Општество

Дали како родител ги преземате сите неопходни мерки за заштита на децата-патници?

Објавено пред

Статистиката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата покажува дека во 2015-та година, од 148 загинати лица во сообраќајни незгоди, 22 биле деца до 18 години, а 9 од нив биле деца на возраст до 4 години. Кога станува збор за децата на возраст до 7 години,  искуствата и истражувањата покажуваат дека децата од  оваа возраст најмногу страдат  во сообраќајот како патници.

dobivaj vesti na viber

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој стапи на сила во Октомври минатата година,   во патнички автомобил, на предното седиште, не смее да се превезува дете помало од 12 години. Исто така, според истиот Закон, во патнички автомобил, на задното седиште, смее да се превезува дете помало од 5 години, во поставено посебно детско седиште, кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин.

Што се однесува до предното седиште, според ЗБСП, смее да се превезува дете до 2 години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште, поставено спротивно од правецот во кој се движи возилото и истото е прицврстено за седиштето во возилото, со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување.

Иако во Република Македонија, не постојат официјални податоци во колкав процент се користат детските седишта во автомобилите,  сепак неофицијалните информации  укажуваат дека само еден мал процент родители купиле седишта за нивните деца што укажува на тоа  дека процентот на деца кои се превезуваат во детско седиште е недозволиво мал и покрај тоа што тоа е законска и родителска обврска.

За возачите кои не ги почитуваат одредбите од Законот, предвидена е мандатна казна во износ од 35 евра (во денарска противвредност) или ќе им бидат регистрирани 15 негативни бода

Водејки се од оваа, РСБСП  апелира до возачите, до родителите, да го почитуваат Законот и да ги заштитат своите деца од повреди и загуби односно да користат соодветно детско седиште.

Употребата на детски седишта, ја намалува смртноста кај децата за 50 отсто, а кај бебињата и до 70 проценти.

За комплетна заштита на децата во сообраќајот особено е важно да се одбере соодветно седиште и истото правилно да се постави. Детските седишта се поделени во неколку групи, во зависност од телесната тежина на детето, а

Постојат и различни модели од  повеќе производители, кои можат да ги збунат родителите. За да одберат правилно  родителите најдобро е да се одлучат за седиште со ознака ECE R44, која означува дека се работи за производ во согласност со строгите законски прописи и безбедносната регулатива на Европската унија.

Со секое седиште се добиваат детални инструкции со цртежи за правилно инсталирање и многу е важно при монтирањето на седиштето да се придржувате до нив. Кога се монтира, посветете внимание поставеното седиште да не се движи лево или десно и да стои цврсто во место.

Во продолжение кратко објаснување за изборот и монтирањето на детското седиште:

Седишта од групата 0: Кога станува збор за седиште од група 0, најдобро е да се постави во задниот дел, во спротивна насока од насоката во која се движи возилото. Од безбедносни причини, но и од опасност да се активира воздушното перниче, не се препорачува да се постави на совозачкото седиште. Препорачливо е детското седиште да се постави назад, на средина на клупата, а доколку тоа не е можно, се поставува зад страната на возачот или совозачот. Експертите препорачуваат, децата да се возат во насока на патувањето само кога можат да седат независно и цврсто и кога имаат телесна тежина над 9 килограми, а оптималната возраст за тоа е околу 1 година.

Седишта од групата 0 и 1: Најголем број од детските седишта, од групата 0 и 1, имаат и свој појас, со таканаречена заштита во три или пет точки (рамо, препони и бут). Доколку врзувањето е во средината на градите на детето, ременот е правилно наместен, а дали е добро затегнат, може да се провери преку растојанието меѓу лентата од појасот и градниот кош на детето кое не треба да е пошироко од еден прст.

Уште една работа која не смеете да ја заборавите. Строго е забрането детското седиште да се постави доколку има воздушно перниче што се отвора директно пред него бидејќи тоа би резултирало со тешки телесни повреди за бебиња и мали деца при евентуално негово отворање. Ако вашето возило има воздушно перниче што се отвора кон столчето, потребно е да го исклучите во некој од овластените сервиси за вашиот автомобил.

Тежина на детето и категории на детски седишта.

Во согласност со тежината на децата, детските седишта се поделени во следните категории:

      • 0     за деца од раѓање до 10 килограми

      • 0+   за деца од раѓање до 13 килограми

      • 1      за деца од 9 до 18 килограми

      • 2      за деца од 15 дo 25 килограми

      • 3      за деца од 22 до 36 килограми (бустер – безбедносни седиште).

Постојат и комбинирани седишта кои покриваат повеќе групи истовремено.

Задолжителната употреба на детско седиште на секое патување, е вистинскиот начин да се заштитат децата-патници во сообраќајот./крај/мф/бс

 

 

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија8 часа

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија8 часа

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија9 часа

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија9 часа

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија11 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија11 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет12 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија12 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет14 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет14 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион14 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет14 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа14 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет14 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија1 ден

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија1 ден

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија1 ден

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија1 ден

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....