Контакт

Вести

Путин смета дека не е потребно обновувањето на нападите во Алепо

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека е нецелисходно да се продолжат нападите врз бунтовничките позиции во северниот сириски град Алепо од страна на руската авијација, објави во петокот неговиот портпарол Дмитриј Песков, коментирајќи го барањето на Генералштабот на руската армија до шефот на државата кој воедно е и врховен командант да се продолжат нападите во источните квартови од градот, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

„Претседателот на Русија смета дека сега не е соодветно да се обноват воздушните удари во Алепо“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков додавајќи Владимир Путин дека во моментов е неопходно „да се продолжи со хуманитарниот прекин“ којашто цивилите, ранетите и милитантите кои тоа го сакаат, може да го напуштат источниот дел од Алепо.

„Уште повеќе, да им се овозможи на нашите американски партнери да ги извршат своите ветувања и обврски во врска со раздвојувањето на ткн умерена опозиција од терористичките групации“, истакнал Песков.

Претходно во петокот Генералштабот на руската армија побара од Путин дозвола за продолжување на воздушните удари во Алепо, по десетдневната пауза, поради офанзивата на сириските бунтовници врз владините сили во овој втор по големина сириски град со цел да ја пробијат блокадата на источните квартови.

„Додека цивилите и натаму гинат, а бунтовниците ги продолжуваат борбите со владините сили, побаравме од врховниот командант на руските вооружени сили даги продолжи воздушните удари (…) во источниот дел од Алепо“, изјави на прес-конференција генералот Сергеј Рудцкој, од главниот руски штаб за операциите во Сирија.

Сириските опозициски бунтовници кои ги поддржува Западот заедно со џихадистите започнале во петокот противнапад со цел да ја пробијат блокадата на сириската владина војска и нејзините сојузнички локални милиции за да ја прекинат опсадата на источните квартови на северниот град Алепо, јавува BBC. Напади врз владините сили засега ги вршат бунтовниците кои се надвор од Алепо, и наводно оние кои се наоѓаат во опсада во источните квартови имаат намера да им се придружат.

„Сите револуционерни фракции без исклучок учествуваат во борбите“, изјавил воениот портпарол на фракциите Фастаким во градот, пренесе агенцијата Associated Press. Оваа фракција ја вклучува и групата Џебхат Фатех ал-Шам, поранешната Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, којашто е ставена на листата терористички организации на Обединетите нации како и Ахрар ал-Шам.

Поради тоа Песков за новинарите во Сочи прецизира дека поради „планираното интензивирање на нападите од страна на милитантите кои веќе минаа во активна фаза на операции“, Путин предвидува дека во услови на крајна неопходност за спречување на провокациите од страна на терористичките групации „руската страна го задржува правото да ги користи сите средства за да обезбеди соодветно ниво на поддршка на сириските сили“.

Портпаролот на Кремљ изјави дека одлуките за натамошните активности ќе бидат преземани „во зависност од ситуацијата“.Истакна дека ќе бидат земени предвид ставовите на Генералштабот и информациите кои доаѓаат директно од Сирија.

Песков не може да каже до кога ќе трае ткн „хуманитарна пауза“, но нагласи дека „овој рок одамна е надминат“, но повторно вели дека тоа зависи од напорите на САД да влијаат врз опозициските групи да се дистанцираат од радикалните исламисти.

Русија на 18-ти октомври ги прекина воздушните операции во Алепо поради „хуманитарното примирје“, коешто требаше да го овозможи извлекувањето на цивилите и ранетите, како и повелување на бунтовниците. Меѓутоа, досега се извлекле само стотина цивили преку осумте хуманитарни коридори кои за таа цел беа отворени и на кои чекаат возила на Црвениот крст и на ОН. Владата во Дамаск соопшти дека милитантите не им дозволуваат на цивилите, чиј број ОН го проценува на 270.000 да ги напуштат опсадените квартови.

„Руските сили ги преземаат сите мерки со цел да се стабилизира ситуацијата во Алепо“, изјави генералот Рудцкој, давајќи дека хуманитарните коридори се отворени 24 часа и дека автобусите и амбулантните возила се на теренот поради извлекување на цивилите и ранетите.

„Имаме желба даги проучиме сите предлози за подобрување на хуманитарната состојба во Алепо, па и воведување хуманитарно примирје, но од него не смеат да имаат полза само милитантите“, додаде рускиот генерал, потсетувајќи дека во претходните вакви примирја бунтовниците ги искористиле да се прегрупираат и да се вооружат./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија2 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет3 часа

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет4 часа

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет4 часа

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет4 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет14 часа

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија16 часа

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...

Свет17 часа

Америка ѝ нуди на Украина заштита слична на НАТО, Путин, наводно, се согласил

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави во интервју за „Си-ен-ен“ дека рускиот претседател Владимир Путин за прв пат се согласил да...

Топ17 часа

Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56...

Топ22 часа

Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во...

Свет23 часа

„Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина

Русија би се откажала од помали делови од Украина, а Киев би препуштил поголеми делови од истокот на земјата  –...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ. Во...

Македонија24 часа

Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал...

Македонија1 ден

Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од...

Регион1 ден

Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад. Пред седиштето...

Македонија2 дена

(Вознемирувачко видео) Полицијата на раце носи жена што се обиде да се самоубие скокајќи во Вардар

Денеска (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул....

Македонија2 дена

Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да...

Македонија2 дена

Собранието одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството...

Македонија2 дена

Им побарал 10.000 евра за да им среди во постапки во Кривичен и Апелационен суд во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел Наредба за спроведување истражна постапка против...