Регион
Изборни калкулации во Црна Гора: Клучот е кај малцинските партии
Демократската партија на социјалистите (ДПС), предводена од премиерот Мило Ѓукановиќ освои најмногу гласови на изборите во Црна Гора и 36 мандати, додека пак на обединетата опозиција и недостасуваат два мандати за да формира мнозинство, со што клучот сега е во малцинските партии и социјалдемократите кои се традиционални партнери на Ѓукановиќ, пренесуваат црногорските медиуми.
Црногорскиот парламент има 81 пратеничко место и за формирање на мнозинство се потребни 41 пратенички мандат. ДПС освои 41,1 отсто од гласовите, односно 36 мандати, а опозицијата пак освои вкупно 39 мандати.
Демократскиот фронт (ДФ), според досега обработените податоци има 20,4 отсто односно 18 мандати, а големата коалиција Клуч 10,6 отсто, односно девет мандати, соопштиле од црногорскиот Центар за мониторинг и истражување (ЦЕМИ).
Демократите на Алекса Бечиќ со 9,7 проценти имаат осум мандати, додека СДП освоила пет проценти од гласовите, што претставува четири мандати. Бошњачката партија освоила 3,3 отсто или два мандати, додека Социјалдеморкатите на Иван Брајовиќ 3,1 отсто од гласовите, или два мандати. Хрватската граѓанска листа (ХГИ) освоила еден мандат, исто како и коалицијата „Албанци одлучно“.
Лидерот на ДПС и премиер Мило Ѓукановиќ во неделата вечер прогласи победа на оваа партија и соопшти дека има 42 мандати со своите традиционални партнери. „Голема сила надвисна над малата Црна Гора. Не беше лесно“, порача Ѓукановиќ, додавајќи дека земјата го продолжува патот кон сигурна европска иднина.
Тој додал дека ДПС ја одбранила Црна Гора и нејзиниот пат кон евроатланските интеграции, и најавил дека партијата заедно со своите традиционални партнери, малцинските партии, брзо ќе ја формираат новата влада. Дури ако се обединат четирите најголеми опозициски партии, кои јавно декларираа дека нема да влезат во постизборна коалиција со ДПС на Ѓукановиќ, тешко дека ќе можат да формираат влада без поддршката на малцинските партии – оние на Бошњаците, Албанците и Хрватите, коментираат црногорските медиуми./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна.
Дачиќ беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија и е на респиратор.
Заменик-директорот за пулмологија Спасоје Попевиќ денес изјави дека неговата здравствена состојба останува сериозна, но дека ситуацијата е постабилна отколку во среда навечер.
„Тој е сè уште во сериозна здравствена состојба. Борбата продолжува, тој е на механичка вентилација и во овој момент успеавме да ја стабилизираме неговата состојба“, рече Попевиќ.
Тој додаде дека е прерано да се даваат какви било прогнози.
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е нешто подобра. Вучиќ ја даде изјавата од авионот, пренесува РТС.
Регион
(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е малку подобра. Вучиќ го објави ова од авионот, пренесува РТС.
„Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека неговата состојба е малку подобра. Верувам во него, а сега на пат кон Казахстан за одлични резултати за нашата Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Тој додаде дека закрепнувањето на Дачиќ е во тек, но дека претпазливоста е сè уште неопходна.
„Секако, претпазливоста е сè уште неопходна и ништо не е сигурно, но е подобро, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат“, рече Вучиќ.
Регион
„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ
Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни.
– Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, прима сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот – рече д-р Попевиќ.
Докторот прецизираше дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија.
Попевиќ додаде дека засега не може да даде никаква прогноза.
– Прерано е, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент – рече Попевиќ.
Дачиќ вчера беше посетен и од српскиот претседател Александар Вучиќ и членови на владата.

