Контакт

Македонија

Груевски: Со инвестиции во сите сектори ја намаливме невработеноста од 38 на 24 отсто

Објавено пред

Нашата најголема заложба останува борбата против невработеноста, и во остварувањето на ветеното пред граѓаните, создадовме нови 160.000 работни места, со што успеавме да ја намалиме невработеноста и за време на најголемата политичка криза, истана меѓу другото во неделата челникот на владејчката . ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на партискиот собир во скопскиот Спортски центар „Борис Трајковски“ во делот од својот обемен говор посветен на економските состојби, најавувајќи притоа нови инвестиции и работни места.
 

dobivaj vesti na viber

„Невработеноста во времето на СДСМ изнесуваше 38 отсто, на крајот во втората половина на 2014 падна на 27,6, кризата не нé поколеба и ние продолживме да отвораме нови работни места. Невработеноста, и покрај сé со што се соочи нашата држава продолжи да паѓа, до овој период падна на историски најниска 24 отсто. Во последните две ипол година имаме пад на невработеноста од 3,6 отсто, во време на тешка политичка криза. Во месеците кога на опозицијата и беше најважно да ја разградува државата, нам ни беше најважно да обезбедиме економски просперитет“, рече поранашениот премиер Никола Груевски.

Истакна дека невработеноста се намалила токму во периодот кога се спроведуваше и проектот „Македонија вработува“, за кој оцени дека е еден од најуспешните проекти наменет, во прв ред, за поддршка на домашното стопанство и преставува значително олеснување и финансиска поткрепа за фирмите.

„Од овој проект конкретен бенефит видоа пет категории лица, невработени млади до 35 години, долгорочно невработени лица од 35 до 50 години, невработени лица над 50 години, невработени лица над 58 години, како и невработени лица со социјален ризик и поранешни професионални војници. Преку овој проект кој стартуваше во април 2015-та година за точно една година се вработија дури 19 илјади лица, при што 10,138 фирми ги искористија поволностите кои се нудеа. Затоа пред некое време овој проект го продолживме и започна со реализација проектот ’Македонија вработува 2’, при што досега се нововработени над 1.500 лица, односно тоа се 1500 семејства со обезбедена конкретна егзистенција за своите семејства“, најави Груевски.

Според него, и покрај политичката криза, во борбата против невработеноста главен приоритет за неговата партија било стимулирањето нови инвестиции, привлекување странски компании.

„Ова нешто е речиси неверојатно во ситуација кога државата се мачи со тежок политички проблем наметнат од опозицијата, но ние не се откажавме од нашите намери и ние покрај се овозможуваме нови инвестиции. Само во последните седум дена се одбележаа четири големи инвестиции за над 2.700 нови вработувања“, рече уште Груевски прецизирајќи дека станува збор за инвестирање на нова фабрика на германската компанија од автомобилската индустрија „СТС текстајл“ во Велес, на исто таа германската компанија „Костал“ во Охрид во просториите на некогашниот загубар ЕМО, грчката компанија „Цераметал“ која неодамна официјално објави дека ќе инвестира во капацитет во битолско Жабени, инвестицијатате од Холандија на „Инофрут“ преку преземање на пропаднатиот комбинат „Агро лозар“ од Богданци, како и најавените инвестиции во нов капацитет за откупно дистрибутивен центар за земјоделски производи како и производство и извоз на земјоделски производи.

Груевски посочи дека во претходните две ипол години, многу други компании се одлучија да инвестираат и отпочнаа со работа во Македонија, при што ги истакна американската компанија „Аутомотив“ во текот на 2015 година, инвестиција во вредност од 15 милиони евра за најмалку 400 нови работни места, исто таа американската компанија „Делфај Електроник“ која годинава започна со работа во ТИРЗ Скопје 1 и треба да вработи на крајот 500 луѓе. Го најави и скорешното започнување на првата фаза од инвестицијата на италијанската компанија „Јуроп Шок Абсорберс“, која е дел од групацијата „Монтанте“,производител на амортизери за шински возила, камиони и автобуси, чијашто вкупна инвестиција од 10 милиони евра треба да содаде меѓу 100 и 400 нови работни места.

Нагласи дека во ТИРЗ Скопје започна изградбата на фабриката на првата домашна компанија „Хај Тек“ во оваа зона. Инвестицијата е проценета на 20 милиони евра и ќе овозможи вработување на вкупно 300 лица. Истовремено, рече Груевски, се потпиша договор и со „Технопласт“, исто така, домашна компанија која ќе почне да гради до крајот на годинава.

-Италијанската Технохозе оваа година го комплетираше вториот инвестициски проект во Македонија со дополнителни 11 милиони евра инвестиции, кој предвидува дополнителни 150 вработувања. Италијанската компанија Макдиа, дел од групацијата Диатек, за производство на производи за дигитално печатење и хартија за текстилна индустрија во 2015 година започна со производство во ТИРЗ Скопје 1, вкупниот број на вработени ќе достигне 200. Герман Електро Мехатроникс компанија за електрични уреди за обновлива енергија потпиша договор за инвестирање на почетокот на оваа година. Изградбата на фабриката е во тек, а вработувањата ќе следуваат во текот на наредната година. Планирана е инвестиција од 15 милиони евра и 200 вработувања. Белгиската Ван Хол, во април оваа година започна со реализација на втората фабрика, инвестиција од дополнителни 15 милиони евра и уште 400 нови вработувања, а во моментот постојниот капацитет работат над 800 луѓе. Германската Техникал Текстајлс на крајот на 2015 година започна со производство во новоизградениот објект во ТИРЗ Штип, инвестиција која носи 1000 вработени. Италијанската компанија Кондево во 2015 година започна со изградба на производствениот објект во Штип, каде инвестицијата се проценува во висина на 40 милиони евра. Изградбата е завршена и се очекува да започне со работа во првиот квартал на 2017 година. Во наредниот период е предвидено вработување на најмалку 250 лица, рече Груевски.

Ги споменаа и новите странски инвестиции во Прилеп, Струга, Струмица, Гостивар, Кичево, Скопје, Кочани, Ресен и ткн, кои ќе придонесат за создавање нови неколку илјади работни места

Груевски рече дека инвестициски циклус имаше и во македонското рударство: „Компанијата ’Сардич MЦ’, по двегодишни истражувања почна со изградба на својот рударски комплекс во Казандол, Валандово. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник. Инвестицијата е вредна 35 милиони евра. Инвеститорот е заинтересиран и за дополнителни истражувања за два нови капацитети каде истражувањата се во тек и се со планови за инвестиции за експлатација на руда и за овие две концесии. Се рестартираше и рудникот за олово и цинк во Пробиштип, а следен е и рудникот Тораница. Се очекува согласно најавите да почне и градбата на Иловица, инвестиција од 500 милиони долари“, рече и напомнувајќи дека тоа се „само дел од инвестициите“ и тоа „само во периодот од кога почна политичката криза од јануари 2015 досега“.

„Додека се справуваме со деструкцијата и манипулациите на СДСМ и нивните невладини организации, паралелно работевме турбо, со сите сили да ги исполниме ветувањата“, рече првиот човек на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и најави четири значајни нови инвестиции.

„Во контакт сме со повеќе други компании од различни сфери со кои разговараме за нови инвестиции. Ова покажува дека ние не се откажуваме, не застануваме. Ние ја водиме земјата напред. Политичката криза, иако го забави процесот, ние продолжуваме да се бориме за секоја нова инвестиција, за секое ново отворено работно место во Македонија“, додаде Груевски најавувајќи влегување на познати компании од западна Европа и од САД.

Истакна дека ваквиот интерес на странските вложувачи е производ на тоа што владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и во период на кризи продолжила да вложува во разни сектори во интерес на граѓаните

„Македонија продолжи да гради успешна бизнис клима и беше рангирана на шестото место во Европа и 12-то во светот според Дуинг бизнис, и прва во светот според извештајот на ИБМ за новоотворени работни места по глава на жител како резултат на директни инвестиции“, рече натаму Груевски

„Од друга страна ,продолживме со грижата за социјално загрозените. Во периодот на политичката криза обезбедивме зголемување на социјална помош во 2015 година за 10 отсто и во 2016 за 5 отсто, а социјална помош од 2006-та до денес е зголемена за цели 62 отсто. Во период на криза продолживме со зголемувањето на пензиите. Минатата година тие се зголемија за 5 отто, а исто толку ќе се покачат и оваа година со исплатата на ноемвриските пензии. Од 2006 година до денес во просек се зголемени за 70 отсто“, прецизираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски се задржа и на инвестициите во патната инфраструктура, истакнувајќи ги три нови автопати, Демир Капија – Смоквица кој треба да биде готов наредната година, автопатот Скопје – Штип и автопатот Кичево – Охрид.

„При крај е изградбата на експресниот пат Велес – К адрифаково – Штип, а активно се гради и експресниот пат Градско – Прилеп. Во последните неколку години завршени се 404 локални патишта со должина од околу 750 километри и инвестиција од околу 65 милиони евра. Набавивме 150 нови вагони од различни типови за товарен превоз вредни 15 милиони евра. Извршивме набавка на 6 нови патнички возови за што се вложија нови 25 милиони евра. Во тек е и фазната изградба на пругата кон Бугарија. Тука е и проектот за реконструкција на 10 железнички станици“, рече Груевски.

Посочи дека активно се работи и на гасификацијата: „Започна изградбата на втората делница од националната гасоводна мрежа од Штип до Неготино во должина од 36 километри која треба да заврши следната година. За неа се инвестираат околу 16 милиони евра. Се изгради гасоводот Клечовце/Куманово – Штип а чија вредност е 75 милиони долари. Паралелно со изградбата на оваа делница скоро, во следните 2-3 месеци се очекува да започне и изградбата на гасоводните делници Неготино/Кавадарци – Прилеп – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар со што ќе се заокружи првата фаза од изградбата на националната гасоводна мрежа“, рече Груевски.

Ги истакна и инвестициите во здравството, како Детската болница Козле, почетокот на градба на новата Клиничка болница во Штип, инвестиција во износ од околу 56 милиони евра.

„Се реконструира и доградува болницата во Струмица, во болницата во Битола се врши комплетна надворешна реконструкција на болницата, во тек е реновирање и адаптација на објектот на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо во Охрид. Исто така во тек е постапка за избор на изведувач на градежни работи за изградба на нов Ургентен центар во Општа болница Куманово. За период од само две години, се набавија вкупно 11 најсовремени дигитални мамографи за исто толку јавни здравствени установи низ државата. Клиниката за државна кардиохирургија функционира во комплетно нов простор, а се изгради и современ Пет Центар“, истакна Груевски.

Во сферата на земјоделството рече дека предвидените средства за субвенции за земјоделците, ќе бидат исплатени како и што биле ветени.

„Дополнително на тоа излеговме во пресрет со нова поддршка на сточарите кои претрпеа штети од болеста ’син јазик’, а тука бевме да помогнеме на сточарите и годинава кога се соочија со штети и опасност од болеста ’јазлеста кожа’. Подадовме рака на производителите на домати кога им беше тешко преку воведување на дополнителната финансиска поддршка, помагаме со дополнителни субвенции и во лозарството исто како што искрено помогнавме и на оризопроизводителите со дополнителна поддршка, исто како што излеговме во пресрет и на производителите на пченица за кои дефиниравме и дополнителна субвенција по хектар и поддршка за складирање… Подадовме рака и помогнавме на земјоделците чии посеви беа опфатени од поплавите кои сен беа случиле цели 40 год во таков обем. Ветивме и резлизиравме 100 процентно обесштетување за земјоделците. И сето ова во време кога бевме под силен удар на политичката криза предизвикана од СДСМ. Така ВМРО-ДПМНЕ помага на земјоделците. Ние сме тука за земјоделците секогаш и кога е најтешко сме тука да помогнеме“, рече Груевски.

Додаде дека и покрај политичката криза продолжија инвестициите во образованието. Посочи дека во последните две години се отворини 11 нови училишта од вкупно 74-те нови кои се изградени во периодот откако во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт./крај/мф/бс

 

Извор: Макфакс

Економија

Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“

Објавено пред

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.

„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“

Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:

„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.

На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.

„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.

Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.

„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ57 минути

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија1 час

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија2 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија3 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија3 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион4 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија5 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија5 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет5 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет6 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа6 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет6 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет7 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа7 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион16 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија17 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет19 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија22 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...