Контакт

Забава

Медиуми: iPhone 8 ќе добие заоблен OLED екран

Објавено пред

Паметните телефони iPhone 8 ќе биде опремен со флексибилен OLED дисплеј, од органски диоди кои емитуваат светлина, пишува магазинот Nikkei повикувајќи се на јапонската компанија „Sharp“ кој е еден од снабдувачите на американскиот технолошки гигант Apple.
 

dobivaj vesti na viber

Како што изјавил челникот на компанијата „Sharp“, Тај Џен-ву, новиот дисплеј ќе биде инсталиран на моделот iPhone 8 Plus, но не е исклучено дека и основната верзија на паметниот телефон ќе биде опремена со OLED екран.

Во овој момент телефоните на американскиот производител Apple имаат LTPS панели.

Досега се сметаше дека ексклузивен снабдувач со OLED екрани за Apple во 2017 година може да биде јужнокорејската компанија „Samsung Display“. Оваа компанија претходно го патентираше во САД технологијата за правење екрани кои може да се виткаат, којашто овозможува револуција во област на производството на паметни телефони и други компактни уреди.

Во септември 2016 година, Apple го претстави новиот модел на својот водечки производ паметниот телефон iPhone. Главната разлика меѓу уредот од неговата претходна верзија беше отсуството на вообичаениот 3,5-милметарски мини приклучок за слушалки. Моделот е достапен во две варијанти: iPhone 7 со дијагонала на екранот од 12 сантиметри и моделот iPhone 7 Plus со 14 сантиметри./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Елизабет Харли блеска на Малдивите, ја покажа витката линија во бикини

Објавено пред

Актерката и модел Елизабет Харли (59) на својот Инстаграм профил ја покажа својата витка линија, облечена во црвено и карамел бикини.

dobivaj vesti na viber

Својот изглед го комплетираше со природно брановидна коса до рамениците.

„Најпрекрасното зајдисонце на прекрасните Малдиви“, напиша Харли во натписот на објавата, додавајќи розево срце.

Прикажи повеќе...

Забава

Девојчето од фотографиите во еден момент беше најомразената жена на светот: Меган Маркл објави досега невидени слики

Објавено пред

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, објави досега невидени фотографии од нејзиното детство за да го промовира својот нов подкаст Confessions of a Female Founder.

dobivaj vesti na viber

Во една од нив, таа позира во униформа на извидници, држејќи кутија со колачиња, опишувајќи како започнало претприемништвото за неа во нејзините помлади денови, кога продавала колачиња.

Таа сакаше да користи фотографии за да ги илустрира сопствените први чекори во светот на претприемништвото. Имено, подкастот ќе се фокусира на женското претприемништво.

Confessions of a Female Founder е серија од осум епизоди во која Меган разговара со успешни жени претприемачи за нивните деловни предизвици и искуства. Првата епизода, објавена на 8 април 2025 година, содржи интервју со Витни Волф Херд, основач на апликацијата Bumble.

Меган Маркл на почетокот беше пречекана со големо симпатии кога стана девојка, а потоа и сопруга на принцот Хари. Многумина ја гледаа како знак на модернизација на британското кралско семејство: таа беше американска актерка, разведена, со мешано потекло, образована и елоквентна. Меѓутоа, многу брзо по бракот со Хари, јавната перцепција почна брзо да се менува.

Британските таблоиди од самиот почеток беа крајно агресивни кон неа. Нивните критики често содржеа расистички и сексистички коментари, додека редовно ја прикажуваа како манипулатор кој го контролира принцот Хари.

Како што почнаа да се интензивираат конфликтите во кралското семејство, особено по одлуката на Меган и Хари да се повлечат од своите должности во процесот познат како Мегзит, многумина во ОК ги гледаа како предавници. Пренесувајќи ги во јавноста приватните проблеми на семејството, тие го прекршија важен непишан кодекс на однесување на британската аристократија, која традиционално ја цени воздржаноста и приватноста.

Нивното интервју со Опра Винфри во 2021 година дополнително го продлабочи јазот во јавноста. Со обвинувањата за расизам во кралското семејство и опишувањето на сопственото страдање во „системот“, Меган и Хари добија силна поддршка од дел од јавноста, но и голема осуда од оние кои ги обвинија дека профитираат од сопствената несреќа.

Критичарите ја критикуваа дека постојано се прикажува себеси како жртва додека истовремено ужива во привилегиите на животот на славните личности во Калифорнија. Имаше и перцепција дека сака да биде и противник на системот и корисник на сите предности што и ги обезбедуваше системот.

Не треба да се игнорираат ниту културните разлики. Како Американка, Меган доаѓа од клима каде отвореното изразување на емоциите и самопромоцијата се вообичаени, додека британската аристократија цени воздржаност и не покажување слабост. Оваа разлика уште повеќе и го отежнуваше прифаќањето во Велика Британија.

Кога станува збор за перцепцијата на Меган Маркл денес, постои голема разлика помеѓу Америка и Европа. Во Соединетите Држави, особено меѓу полибералниот дел од општеството, таа често се смета за храбра жена која се борела против расизмот и ригидните правила на стариот систем.

Во Европа, а особено во Велика Британија, многумина ја гледаат како себична личност која го изневерила кралското семејство за лична корист и која постојано ги истакнува сопствените страдања.

Серијата на Нетфликс „Хари и Меган“ дополнително ги зајакна овие поделби. Серијата требаше да биде интимен приказ на нивната страна од приказната, но многумина ја сфатија како уште едно средство за себепромоција. Тонот беше исклучително емотивен и фокусиран на прикажување на двајцата како жртви, што предизвика сожалување кај некои од публиката и фрустрација кај други.

Серијата повремено даваше контрадикторни изјави и го прикажуваше кралското семејство еднострано, без простор за втори мислења. Исто така, не остана незабележана контрадикторноста меѓу нивните тврдења дека сакаат приватност и истовремената продукција на повеќечасовна серија за сопствениот живот.

На крајот, наместо да го подобри нивниот јавен имиџ, документарецот дополнително ги продлабочи постоечките ставови: оние кои веруваа во нив продолжија да ги поддржуваат, додека скептиците станаа уште погласни во критиките. Сличен впечаток остави и нејзиното шоу „Со љубов, Меган“.

Прикажи повеќе...

Забава

Голема летна турнеја на Џенифер Лопез: ќе има концерти и во Анталија, Истанбул, Мадрид, Барселона, Будимпешта…

Објавено пред

Пејачката Џенифер Лопез најави голема турнеја во текот на летото. Меѓу другите градови, таа ќе настапи и во Анталија, Истанбул, Мадрид, Барселона, Будимпешта. Како дел од турнејата Џенифер Лопез: Up All Night Live во 2025 година, таа ќе изведе некои од најголемите хитови во нејзината кариера, вклучувајќи ги песните Waiting For Tonight, Jenny From The Block, If You Had My Love, On The Floor…

dobivaj vesti na viber

„За сите меѓународни фанови, ќе организирам неколку шоуа во текот на летото. Едвај чекам да настапам повторно. Помина предолго. Ќе биде неверојатно лето“, напиша пејачката на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Како дел од турнејата, пејачката ќе настапи и во Турција, Египет, Италија, Полска, Романија, Обединетите Арапски Емирати, Шпанија, Казахстан, Ерменија и Тенерифе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Дел од онколошките пациенти повторно без лекови, СДСМ бара одговорност

Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Oколу еден месец нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало...

Македонија4 минути

Свлечиште во Битолско блокира пат

РЦУК Битола, известува дека поради настанатото свлечиште на патот што ги поврзува село Долно Дивјаци, Општина Крушево и село Кочишта...

Европа13 минути

(Видео) Обилен снег паѓа во Анкара

И покрај тоа што е речиси половина од април, месецот кој повеќето го поврзуваат со пролетта, утрово во турската престолнина...

Регион42 минути

(Видео) Орбан го поддржа Вучиќ: „Вашата борба е и наша“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати порака со поддршка до српскиот претседател Александар Вучиќ во која порача дека српските патриоти можат...

Свет50 минути

(Видео) Директор на Сименс Шпанија, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Попладневното патување на семејство шпански туристи над замаглениот брег на Менхетен се претвори во трагедија кога хеликоптерот во кој се...

Свет2 часа

Златото достигна рекордно високо ниво поради стравувањата од трговска војна меѓу САД и Кина

Цената на златото достигна нов рекорд бидејќи расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега...

Свет2 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Њујорк, шест лица загинаа, меѓу кои и деца

Неколку служби за итни случаи реагираа вчера вечер на извештајот за пад на хеликоптер во реката Хадсон, недалеку од западниот...

Македонија11 часа

Уште неотворена, новата градинка во Бутел демолирана – хулигани искршиле врати и прозорци, штетата е голема

Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1, објави градоначалникот Дарко Костовски. Вели дека МВР веќе има лоцирано осомничени лица,...

Топ12 часа

„Ќе ве убијам и тебе и татко ти ако излезе видеото“ – скопјанец се снимал додека пука со автоматска пушка, па се заканувал

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка за 35-годишник кој во неговиот дом во Кондово неовластено држел полуавтоматски пиштол...

Македонија16 часа

Судски совет за пресудата за Теодора – судијата не можел да пресуди повисока казна

Судскиот совет ја разгледа пресудата за возачот кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска во Тетово со која беше осуден на...

Македонија17 часа

МВР со апел: Не отворајте линкови од сомнителни мејлови и не давајте податоци на сомнителни веб-страни

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истраги и справување со...

Македонија19 часа

Уште еден пациент од Бугарија се враќа дома, во странство остануваат да се лекуваат уште 55 повредени

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија. Во странство во моментот...

Македонија19 часа

Истрага за 43 лица за измами со брзи кредити: осомничен и службеник во ФЗО

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поведува постапка против вкупно 43 лица, кои со разни дејства на компјутерски измами,...

Македонија21 час

Изгаснат пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје, изгоре возило

Изгаснат е пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје. Во пожарот изгоре возило, а густиот чад се гледаше и од центарот...

Македонија23 часа

Продолжува потрагата по исчезнатото лице од село Степанци, ќе се вклучат и извидници и ловци

Потрагата по исчезнато повозрасно лице од село Степанци во општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 7.4.2025 година...

Македонија23 часа

ДУИ го осуди именувањето на Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови: Ова е провокација

„Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на Владата за именување на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата за...

Македонија24 часа

Политика, мито и корупција има зад пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

Семејството на Теодора Ристовска која беше смртно прегазена во 2022 година иразува благодарност до јавноста, медиумите и премиерот Христијан Мицкоски...

Свет1 ден

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“ се искачи на 184

Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184,...

Свет1 ден

Кина со години се подготвува за царините на Трамп, вели уредник на „Економист“

Кина внимателно и долгорочно се подготвуваше за царините од Вашингтон и има низа краткорочни и долгорочни контрамерки, тврди Дејвид Рени,...

Свет1 ден

Трамп: Ако пропаднат преговорите со Иран, ќе следува воена акција

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за исклучување воена интервенција против Иран, додека високи американски претставници се подготвуваат за...