Контакт

Општество

Одбележување на Денот на белиот стап

Објавено пред

По повод Меѓународниот ден на белиот стап – симбол на слепите лица, на 15 октомври, невладините организации НВО и Детски свет сплотени под една капа “Нов Почеток”, ќе го одбележат денот со низа активности.
 

dobivaj vesti na viber

Програмата започнува во Сабота со интерактивна игра во која млади лица со сетилна попреченост и лица без попреченост ќе се дружат во ЛасерХант центарот со почеток од 10.30 часот до 12 часот, дружењето продолжува во меѓународното училиште “НОВА”, каде во 14 часот ќе започне фудбалски натпревар помеѓу екипите НОВА и Нов Почеток. Хуманитарниот настан ќе се одржи во 19.30ч во Салон 19.19, каде ќе се зборува за основната мисија и цел на овие две невладини организации, достигнување на еднаков развој на социјалната инклузија на територија на цела Република Македонија, и потребата од создавање  услови за воспоставување и промовирање на настани и иницијативи базирани на интеракција на младите со и без попреченост во секојдневниот живот.Дел од програмата е и неделното гостувањето во Радовиш на манифестацијата `Самун ем Татлија` на покана на градоначалинкот Сашко Николов.  Меѓу сите активности НВО и Детски свет го најавуваат отварањето на првиот младински инклузивен центар за лица со сетилна попреченост, во Среда, 19 Октомври во 14ч. Центарот е лоциран на ул.Анкарска 29А, и ќе нуди секаков вид на услуги кои лицата со сетилна попреченост им е отежнато да ги обавуваат сами, од правни услуги, семејни советувања, обуки и едукација во вештини на зборување и ориентација во макро и микро просторот./крај/со/бб

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Русија и Украина почнаа мировни преговори во Истанбул – Кремљ: Ќе бидат тешки

Русија и Украина денеска ја почнаа третата рунда директни мировни преговори во Истанбул, јавува руската новинска агенција ТАСС. Делегациите на...

Македонија1 час

(Видео) Акција во мотел во Тетово: Приведено лице за проституција, повреден е полицаец

Полициски службеници од СВР Тетово спречија трагичен крај на млада девојка и истовремено приведеа маж под сомнение за посредување во...

Македонија2 часа

Ангелов ги замоли газдите на викендички да се заштитат од пожари: Со мотокултиватор или трактор нека изораат мек појас околу дворовите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелира сопствениците на викендички и куќи надвор од градските средини да...

Македонија3 часа

Околу 500 невработени се пријавиле да гаснат пожари за 24.000 денари месечно, огласот истекува денес

Денес истекува огласот за владината мерка за справување со пожарите на кој се бараат 400 невработени за помош при гаснењето...

Македонија3 часа

Грција ја повтори поддршката за ЕУ интеграцијата, со порака за почитување на Преспанскиот договор

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот...

Македонија4 часа

Гаши имал интестинална опструкција на тенкото црево, неговата состојба е стабилна, соопшти МЗ

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба. Тој околу полноќ бил хоспитализиран...

Македонија7 часа

(Видео) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски

На денешната седница на собраниската комисија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги одбија сите амандмани поднесени од страна на СДСМ на измените...

Македонија7 часа

Претседателот на Советот за надзор на ревизијата од државни пари плаќал хотели, ресторани и патувања во странство

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против едно лице, на кое му се става...

Топ8 часа

Уапсен 71-годишен маж, предизвикал два пожара во Демиркаписко

Полицијата уапси 71-годишен маж кој предизвикал пожари во Демиркаписко. Според информациите на МВР, вчера во 18 часот полициски службеници го...

Македонија10 часа

„Компании за техника наводно нудат модерни телефони преку внатрешна програма поради оштетена амбалажа, ова е лажна објава“, МВР предупредува за измама на социјалните мрежи

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која...

Македонија12 часа

(Фото) Пронајдени автомобилски гуми, картон и суви гранки подготвени за палење: спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар

Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на...

Европа14 часа

Рускиот парламент усвои закон со кој се казнуваат корисниците за пребарувања на интернет

Русија сè повеќе го ограничува слободниот пристап до интернет, а медиумскиот регулатор „Роскомнадзор“ неодамна го блокира пристапот до 56.000 веб-страници,...

Свет14 часа

Трамп го објави трговскиот договор со Јапонија: ќе инвестира 550 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп објави постигнување трговски договор со Јапонија, според кој, според него, Јапонија ќе инвестира 550 милијарди долари...

Европа14 часа

(Видео) Француски воен авион се урна во Украина, објавена снимка

Украинските воздухопловни сили во вторникот објавија дека француски борбен авион Мираж-2000 се урна во регионот Волин, објави Анадолија. „Вечерта на...

Свет14 часа

Трамп се сретна со Безос во Белата куќа, разговараа повеќе од еден час

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со основачот на Амазон, Џеф Безос, во Белата куќа минатата недела, дознава Си-ен-би-си. Средбата...

Македонија14 часа

Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување...

Македонија1 ден

Работа од далечина, ослободување за ранливите категории на граѓани: власта со препораки за работодавачите поради топлотниот бран

Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C...

Македонија1 ден

13 обвинети признаа вина за случајот со измамите со инвалидските пензии и туѓата нега – пресудена затворска казна

Тринаесет обвинети во предметот „Синдром“ склучија спогодби со Обвинителството и врз основа на тоа Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди, при...

Економија1 ден

Линеарното покачување на пензиите од 1.000 денари ќе стигне во Собранието пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Владата, на денешната седница, ќе го разгледа предлог-законот со кој пензиите, место процентуално, наесен и следната пролет ќе се покачат...

Топ1 ден

Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија. Инцидентот се случил вчера околу 19 часот во близина на...