Контакт

Македонија

НБРМ: Натамошен раст на штедењето на населението во банкарскиот систем

Објавено пред

Редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ се одржа во среда, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

dobivaj vesti na viber

На Комитетот за оперативна монетарна политика било одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 4%, а понудата на благајнички записи на аукцијата на 12 октомври да биде непроменета и да изнесува 22.000 милиони денари. Сигналите за стабилизирање на очекувањата на економските субјекти беа изразени и во текот на септември и октомври. На девизниот пазар, солидните движења продолжија и во овие месеци, при што веќе четврти месец по ред НБРМ откупува девизи и со тоа ги надополнува девизните резервите. Воедно, првичните септемвриски податоци покажуваат натамошен раст на штедењето на населението во банкарскиот систем, а има сигнали и за раст на штедењето во домашна валута. Оцените за здравоста на економските фундаменти и натаму се позитивни.  Расположливите високофреквентни показатели за движењата во одделните економски сектори навестуваат продолжување на растот во третиот квартал, со слично темпо како и во првата половина на годината. Сепак, според објавените податоци за растот на БДП за првата половина од годината, остварувањата се пониски од очекувањата дадени во априлската проекција, што упатува на веројатност за надолна корекција на проектираниот економски раст за целата 2016 година. Во однос на инфлацијата, просечната годишна промена на домашните потрошувачки цени во првите девет месеци од годината и натаму е во негативната зона, при пониски увозни цени на храната и енергијата. Од друга страна, базичната инфлација бележи позитивни годишни стапки на раст и упатува на солидна домашна побарувачка. Инфлациските остварувања засега упатуваат на пониска инфлација од проектираната, а ризиците околу проекцијата и понатаму се поврзани со променливоста на очекувањата за промените на светските цени на енергијата и храната.Најновите податоци за девизните резерви во септември покажуваат висок квартален раст, што произлегува од задолжувањето на државата на меѓународниот финансиски пазар во јули, интервенциите на НБРМ со откуп на девизниот пазар и раст на девизните депозити на банките кај НБРМ. Сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие постојано се движат во сигурната зона. Во однос на показателите од надворешниот сектор, засега расположливите податоци за третиот квартал покажуваат дека трговскиот дефицит и нето-откупот на менувачкиот пазар, како показател за приватните трансфери, се движат во рамки на очекувањата. Движењата на девизниот пазар во септември беа под влијание на вообичаени сезонски фактори, така што банките во трансакциите со клиентите остварија умерена нето-продажба на девизи. Во споредба со истиот месец од 2015 година, движењата во септември беа поповолни, главно поради пониската нето-побарувачка за девизи од фирмите. Во трансакциите со физичките лица, и во септември, понудата и побарувачката за девизи беше релативно стабилна, а нето-откупот од овие клиенти беше на ниво на минатогодишниот износ. Ваквите движења на девизниот пазар, но и релативно повисокиот раст на девизните средства во однос на растот на девизните обврски на банките, доведоа до зголемена понуда на девизи на меѓубанкарскиот пазар на девизи и одржување на девизниот курс на денарот на ниско ниво.  Народната банка и во септември интервенира со откуп на девизи од банките поддржувачи (остварувајќи вкупно 18 милиони евра), а овој тренд продолжува и на почетокот на октомври. Со тоа, вкупниот износ на интервенциите за откуп на девизи на Народната банка во текот на летниот период, заклучно со почетокот на октомври, изнесува 91,3 милиони евра, со што се надоместија над 70% од продажбите во периодот на шпекулативниот напад на девизниот курс оваа година. Со високата девизна ликвидност во септември, се овозможи банките и натаму активно да пласираат девизни депозити на подолг рок (6 и 12 месеци), по позитивни стапки, кај Народната банка.Со интервенциите во септември се подобри денарската ликвидност на банките, со што се овозможи банките, во просек, да го зголемат просечниот износ на пласирани средства во краткорочните монетарни инструменти, а се забележува умерено зголемен интерес и за подолгорочните инвестициски можности. Привремениот недостиг на ликвидност кај поединечни банки ефикасно се надомести на пазарот на пари, каде што банките главно тргуваа со меѓубанкарски депозити.Понатамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти е видливо и преку промените кај депозитната база на банките. Првичните податоци за септември покажуваат понатамошен раст на депозитите на населението, но побрзо во однос на претходните два месеца. Од друга страна, по силниот раст во претходниот месец, во септември депозитите на корпоративниот сектор се намалија. Ваквите осцилации кај промените на корпоративните депозити се вообичаени и се одраз на редовното работење на компаниите. Во третиот квартал, вкупната депозитна база на банките значително се зголеми, но заради послаби остварувања во претходниот период, нивото на депозитите и понатаму е пониско од проектираното. Податоците за кредитниот пазар за септември покажуваат солиден раст на вкупните кредити на приватниот сектор во споредба со август, при раст на кредитирањето како на населението, така и на корпоративниот сектор. Годишната стапка на раст на вкупните кредити вo септември е блиску до проектираната, но со оглед на послабите остварувања кај депозитниот потенцијал и присутната неизвесност, постојат ризици околу динамиката на кредитната активност во следниот период.Во првата половина од септември, на меѓународните финансиски пазари преовладуваше променливост на движењата, поради согледувањата дека најголемите централни банки може да започнат со преиспитување и постепено намалување на стимулативните програми. Ваквите тенденции се стабилизираа по одржувањето на состанокот на ФЕД, на којшто се упати на затегнување на политиката во декември, коешто ќе продолжи и во 2017 година, но умерено. Кон крајот на месецот, земјите членки на ОПЕК постигнаа договор за намалување на производството на нафта, што доведе до умерен раст на цената на овој енергенс.Економските и финансиските услови, како и оцената на присутните ризици покажуваат дека постојната монетарна поставеност е соодветна. По преземањето мерки од страна на НБРМ на почетокот на мај, последните податоци покажуваат значително стабилизирање на движењата, што би требало да продолжи и во наредниот период. Сепак, сѐ уште постои неизвесноста поврзана со домашните политички случувања и со глобалното окружување.  НБРМ најави дека и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на законските цели. /крај/со/мф

Извор: Макфакс

Економија

Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“

Објавено пред

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.

„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“

Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:

„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.

На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.

„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.

Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.

„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ9 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија9 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија10 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија12 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија12 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион12 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија13 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија13 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет14 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет14 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа15 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет15 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет15 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа15 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...