Контакт

Македонија

Кучи: Олеснување на трговијата, преку поедноставени царински процедури

Објавено пред

Македонија има усогласена царинска законска регулатива со царинските прописи во Европската унија и е меѓу првите членки на Светската трговска организација што ја ратификуваше Спогодбата за олеснување на трговијата.

dobivaj vesti na viber

„Преку неа може да ги намали трошоците за тргување до 10% за развиените земји и до 15% за земјите во развој, како и да овозможи поддршка на порастот на извозот во земјите во развој за околу 20%“, рече министерот Дритон Кучи на Регионалната конференција „Поедноставување и хармонизација на царинските постапки во регионот“, во организација на Стопанската комора на Македонија со поддршка на партнерскиот проект ЦЕФТА-ДИХК.Хармонизацијата на царинските прописи во регионот подолго време е императив во рамки на годишните програми на ЦЕФТА, но истовремено и во Стратегијата на ЈИЕ 2020, а Република Македонија активно се вклучи во креирањето на документот за олеснување на трговијата, преку  воспоставување на транспарентни средства и поедноставување на царинските и трговски процедури за елиминирање на можни ризици во извозот и непречен пристап на пазарите во регионот, кој наскоро треба да се усвои од страна на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА. Според претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, ЦЕФТА, а сега и Берлинскиот процес се сериозни алатки за постигнување економски напредок во регионот. Тие имаат јасна цел, стабилен финансиер и персонал кој може да ги реализира, а тоа се и клучните елементи за освојување нови пазари, интензивирање на меѓународната соработка и олеснување на трговијата.„Олеснување на трговијата нема да има сѐ додека не се елиминираат митото и корупцијата. Институциите мора да се заложат за откривање на причините на ваквата појава и за нејзино целосно искоренување“, истакна Азески. Во таа насока се и четирите барања што ги испорача денеска Стопанската комора на Македонија на оваа регионална конференција за поедноставување на царинските постапки: поширока примена на поедноставните царински постапки од страна на бизнис заедницата на ниво на регионот, заживување на електронското, наспроти хартиеното работење во трговијата, пристапност на земјите од регионот до Конвенцијата за заедничка транзитна постапка за користење на бенефитите од новиот компјутеризиран транзитен систем, како и поголема соработка со ЦЕФТА комитетот за олеснување на трговијата. Македонската царина, како што соопшти директорката Наташа Радевска Крстевска, работи по исти стандарди како и вкупно три илјади царински испостави низ цела Европа, а тоа значи не само олеснување на трговијата, туку и привлекување нови инвестиции. На терминалите, нагласи Радевска Крстевска, увоз и извоз се реализира во секое време, а престојот додека трае целата постапка е бесплатен.„Царинската управа континуирано презема мерки за олеснување на царинските постапки, постојано е во контакт со бизнис заедницата и ги спроведува неопходните реформи“, посочи директорката.Во однос на барањето на компаниите за отворање нови царински терминали, министерот за економија Дритон Кучи информираше дека во тек интензивни разговори со Царинската управа да се разгледа можноста за отварање нови царински терминали во граничните премини Јажинце во Тетово и Блато во Дебар./крај/со/бб

Економија

Од полноќ поскап дизел

Објавено пред

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

dobivaj vesti na viber

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 40,928 (денари/килограм)

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прикажи повеќе...

Економија

Инженерите повикаа да престане фактурирањето врз основа на измислена потрошувачка за струја: „Регулаторната ја штити ЕВН“

Објавено пред

Здружението Инженери на Македонија повторно се огласи по претставката што ја поднесе на 29 мај кога во сила стапи новиот Закон за енергетиката.

dobivaj vesti na viber

Од тука велат дека добиле одговор од Регулаторната комисија за енергетика, кој е типичен пример на институционална покорност пред енергетскиот оператор ЕВН и очигледен доказ за нефункционирање на регулаторниот систем во заштита на јавниот интерес.

„Во нашата претставка баравме итно укинување на член 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија, затоа што е во директна спротивност со член 185 од новиот Закон за енергетика. Дополнително побаравме итен вонреден надзор над ЕВН. Баравме РКЕ да упати јавен повик до граѓаните да пријавуваат незаконски издадени фактури. Баравме да се повика ЕВН на одговорност за континуираното прекршување на законските и договорните обврски“, велат инженерите.

Суштината на нивната претставка беше да истакнат дека мерењето на потрошената енергија е технички процес што го изведува мерниот уред, а отчитувањето е акција на операторот за прибирање на тие податоци. Се потенцира дека без отчитување, не постои правна основа за реална фактура. Сѐ што се фактурира без реален податок од мерниот уред, освен ако уредот е технички расипан, е спротивно на Законот за енергетика, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за облигациони односи и самиот Устав.

„Во одговорот што го добивме наместо Регулаторната комисија да ја суспендира примената на членот 31, кој дозволува паушално фактурирање дури и кога има валиден измерен податок, таа тврди дека тој член останува во сила сè додека не се донесат нови подзаконски акти, иако истиот е очигледно спротивен на член 185 од Законот. Со тоа, РКЕ свесно го крши уставното начело според кое секој пропис мора да биде во согласност со закон. Подзаконски акт кој е спротивен на закон автоматски ја губи правната сила. Уште пострашно е што Комисијата во својот обид да го оправда системот, се повикува на обврски на МЕПСО (операторот на преносниот систем) иако темата на претставката се однесува на мерење и фактурирање кај домаќинства, што е исклучива надлежност на ЕВН Електродистрибуција и ЕВН Хоум, универзалниот снабдувач. Ова или укажува на неспособност за разбирање на правната и техничката структура на енергетскиот систем, или на намерно заматување на одговорноста, а патем еден член на Регулаторната комисија за енергетика е стручно лице за правни прашања од областа на енергетиката“, велат од Здружението додавајќи дка регулаторот дури отворено признава дека се обратил до Министерството за енергетика за „мислење“, како да е некаков пасивен извршител без самостојна надлежност.

Потсетуваат дека Регулаторната комисија, според член 46 од Законот е независно тело кое има целосна обврска да постапува по закон. Толкување на закони може да даде исклучиво Собранието. До тогаш, законот се применува таков каков што е. Барање мислење, според нив, не е основ за продолжена примена на незаконска пракса.

Оценката е дека со ваквото однесување, РКЕ ја погазува својата основна функција. Наместо да врши надзор над пазарот, како што ѝ е наложено со член 55 од Законот, таа активно го толерира кршењето на правата на потрошувачите, ја штити компанијата што има доминантна позиција на пазарот и дозволува нејзината волја да биде над законот.

Бараат веднаш да се суспендира примената на членот 31, да се поведе вонреден надзор над ЕВН и да престане практиката на фактурирање врз основа на измислена непроверлива потрошувачка. Најавија и други граѓански мерки за да се спроведе законот.

Прикажи повеќе...

Економија

Дурмиши за владините мерки за вработување: Досега аплицираа 4.500 невработени лица, интересот е голем

Објавено пред

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, оствари работна посета во Општина Чаир, каде заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Белули, одржа средба со граѓани, локални бизнисмени и претставници на јавните институции.

dobivaj vesti na viber

Централна тема на средбата, како што информираа од Министерството, беше презентацијата на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2025 година, со кој Владата вложува рекордни 40 милиони евра во поддршка на вработувањето и самовработувањето.

„Ова не е само план на хартија – ова е реална можност за над 10.000 лица да добијат пристојно работно место, поддршка за сопствен бизнис или обука на терен. Според последните информации со кои располагам поднесени над 4.500 апликации, што покажува голема доверба во мерките и подготвеност на граѓаните да преземат иницијатива“, изјави министерот Дурмиши.

Посебен акцент беше ставен на Мерка 3.1 – Обука кај познат работодавач, една од најдиректните форми на подготовка за вработување. Преку оваа мерка: работодавачите добиваат можност да обучат идни вработени според свои потреби, невработените лица стекнуваат конкретни практични вештини во реална работна средина, се создава можност за долгорочно вработување по завршување на обуката.

„Мерка 3.1 е мост меѓу невработените и работодавачите. Таа нуди обострана корист – компаниите добиваат обучен кадар, а граѓаните добиваат шанса за стабилна работа, рече Дурмиши.

Со Оперативниот план министерот потсети дека се активни и мерките за самовработување каде е особено голем интересот кај младите до 29 години за што се пристигнати повеќе од 3.000 апликации – мерка 1.1: До 7.000 евра за бизнис за лица над 29 години, мерка 1.2: До 10.000 евра за млади до 29 години со иновативни идеи, мерка 1А: До 20.000 евра за заеднички бизниси на најмалку две лица.

„Преку теренските презентации, Министерството за економија и труд, заедно со Агенцијата за вработување имаат за цел директно да ги информираат граѓаните и да ги поттикнат да аплицираат. По Чаир, каде што интересот беше особено голем, следуваат посети во Гостивар, Кичево, Сарај, Липково и други општини со повисока стапка на невработеност“, велат од Министерството.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше...

Македонија3 часа

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности реализираа впечатлива и...

Македонија3 часа

Вештачката интелигенција постепено ќе навлезе во училиштата во Македонија, Јаневска подготвува документ со насоки

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го...

Македонија4 часа

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: тетовец возел 190 километри на час, а дозволено е 80

Во текот на вчерашниот ден приведен е возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 километри на час...

Свет6 часа

Израелскиот министер: Го убивме командантот на огранокот на Иранската револуционерна гарда

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека израелската армија го убила командантот на меѓународниот огранок на Иранската револуционерна...

Македонија7 часа

Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината. Според информациите на сеизмолошкиот...

Топ19 часа

Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во...

Македонија20 часа

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија23 часа

Вишиот јавен обвинител казнет, намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и...

Македонија23 часа

Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи...

Македонија1 ден

Градоначалникот Мерко казнет со 10.000 евра за незаконското назначување на директори

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е проглаен за виновен од страна на судот за несовесно работење во службата поради незаконското назначувањето...

Македонија1 ден

(Видео) Повредените во Кочани ќе добиваат по два чифта компресивна облека на шест месеци и препорачливо е да ја носат две години

На 58 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе им е дадена компресивна облека и носењето ги дава...

Македонија1 ден

Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска...

Македонија1 ден

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија“, вели Кузеска

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред...

Македонија1 ден

Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната...

Македонија1 ден

Акиов: Не сум гомнар, туку борец за правда, чашата беше прелеана од советникот Алексов

Советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку социјалните мрежи, по насилниот инцидент, порача дека тој...

Топ1 ден

Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“...

Македонија1 ден

„Вчерашното насилство е дел од сценарио што самиот Филипче го има направено пред еден месец во Дубаи на средба со Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот...

Свет1 ден

Израелскиот министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка...

Свет1 ден

Хезболах објави дека ќе го поддржи Иран: Ќе дејствуваме соодветно

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и дека стои зад...