Контакт

Култура

Изложба на Дијана Томиќ – Радевска во Прилеп

Објавено пред

Изложба на графики од Дијана Томиќ – Радевска ќе биде отворена во петок, во 19 часот во галеријата „Борко Лазески“ во ЦК „Марко Цепенков“ Прилеп .
 

dobivaj vesti na viber

Со отворањето на оваа изложба ќе профункционира новата ликовна галерија во Центарот за култура именувана по големиот македонски и прилепски уметник, еден од основоположниците на македонското современо сликарство Борко Лазески, кој во Центарот пред 20 години наслика мурал.Со новата галерија „Борко Лазески“, ЦК „Марко Цепенков“, има три галериски простори преку кои ќе ја презентира ликвоната уметност во Прилеп.Инаку, уметницата Дијан Томиќ Радевска ќе се претстави со 60 графики.Родена е 1961 г. во Скопје. Дипломирала во 1984 година на одделот графика на ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1985. Студиски престој во Дрезден при Отвореното графичко студио во 1997 година. Од 1999 година е Официјален витез на Академијата ,, Greci Marini,, Вербано, Италија., оддел за уметност. Предава ументост во СУ ИХС од 2007 година. Изработува дизајни за уникатни рачни ткаени теписи и килими.Работи графика, инсталации, видео и дизајн. Член е и основач на групата Круг. Добитник е на неколку награди на ДЛУМ, како и на  диплома и златен медал на галеријата Модиљани во Милано (1996.),  награда Љубомир Белогаски (1996).Самостојни изложби во Скопје( 1998, 1992, 1995,1996, 1998, 2002, 2005, 2010, 2012, 2016), Охрид(1988, 1992, 1995), Гевгелија( 1985), КУманово (1995), Милано (1996), Мастрихт(1997), Ахен ( 1998), Загреб (1999,2012), Битола(1999,2013), Фриментал (2000), Берлин (2006), Љјујорк (2006), Белград (2009), Прилеп (2011, 2016)Селектирани групни изложби во Виена, Букурешт, Скопје, Битола, Сент Николас, Париз, Дрезден, Сан Ремо, Софија, Ваљево, Варна, Офенбах, на Мајна, Краков, Шамалие, Подгорица, Нови Сад./крај/со/бб

Култура

75 години ДФРМ: од 3 септември филмска ревија со македонски филмови во Кинотеката

Објавено пред

По јулските проекции, филмската ревија во Кинотека во чест на јубилејот – 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) ќе продолжи во септември, по завршувањето на летните одмори.

dobivaj vesti na viber

На 3 септември програмата ќе биде отворена со „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, а во деновите што следуваат публиката ќе има можност да ја проследи јубилејната филмска ревија од избрани македонски филмови кои оставиле длабока трага во нашата кинематографија.

4 септември: „Денес треба нешто да се случи“ (1978); „Ругање со Христос“ (2018)

5 септември: „Северен пол“ (2012); „Соба со пијано“

10 септември: „Види ја ти неа“ (2017); „Домаќинство за почетници“ (2023)

12 септември: „Вирово“ (1968) документарен филм; „Сестри“ (2021)

-Јубилејната филмска ревија претставува потсетување на 75 години активна работа на Друштвото на филмски работници на Македонија и истовремено – почит кон сите генерации визионери, филмски автори, актери, филмски работници и соработници кои низ сите овие години ја граделе и сѐ уште ја градат македонската кинематографија. Ревијата отвора простор за средби, дијалози и нови идеи за иднината на седмата уметност во нашата држава. Во време кога вниманието е фрагментирано, јубилејната ревија нѐ потсетува дека добриот филм останува моќна сила – да нѐ трогне, инспирира и обедини, вели Игор Иванов – Изи, претседател на ДФРМ.

Сите проекции се бесплатни.

Прикажи повеќе...

Култура

„Физиогномски белешки/потиснати соништа“ – ликовна изложба во Галеријата Метаоја во Скопје

Објавено пред

Вечерва, со почеток во 19 часот, во галеријата „Метаоја“ во Скопје, ќе биде прикажана ликовната изложба „Физиогномски белешки/потиснати соништа“.

dobivaj vesti na viber

Изложбата се состои од тресеттина ликовни дела изработени во Психијатриската болница во Демир Хисар и на неа учество ќе земат единаесет лица: уметникот Тони Попов, историчарката на уметност Јасмина Котевска и девет лица штитеници на Психијатриската болница од Демир Хисар.

„Физиогномски белешки/потиснати соништа“ се ликовни дела создадени од девет лица штитеници од Психијатриската болница во Демир Хисар за време на сликарските работилници во 2024 и во 2025 година предводени од ликовниот уметник Тони Попов. Сликарските работилници немаа цел само да создадат ликовни дела што ќе го збогатат творештвото на арт-брут уметноста во земјата, туку имаа и терапевтска функција. Станува збор за групни работилници во кои учесниците имаа можност да се запознаат, да ги разменат и искажат своите мисли и емотивни состојби, главно преку сликарството како примарна форма на комуникација. Резултатите се слики – визуелни дијалози со себе, интимни исповеди на потиснатите желби.

На изложбата ќе бидат прикажани слики што ликовно го обработуваат портретот како предмет на сликарско истражување и слики со архитектноски приказни.

Портретната уметност, покрај функцијата на претставување на физиономскиот лик на личноста што се портретира, во себе носи многу подлабоко значење и во суштина претставува визуелна претстава (физиогномска белешка) на карактерот и психолошко-емоционалните состојби на личноста, ликовно обликувајќи го невидливото во човекот.

Изложбата ќе биде отворена сè до 10 септември.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на музичари од поранешна Југославија во Филхармонијата

Објавено пред

Од

Во петок, 5 септември, во Камерната сала на Македонската филхармонија, публиката ќе има можност за прв пат во Скопје да го слушне No Borders Orchestra, ансамбл во кој свират најдобрите професионални музичари од поранешна Југославија.

dobivaj vesti na viber

Програмата ќе вклучува некои од најубавите дела некогаш напишани за гудачки оркестар: Adagietto од Малер, Verklärte Nacht од Шенберг и Metamorphosis од Штраус. Ова се дела кои, според уметничкиот директор Премил Петровиќ, претставуваат експлозија на страст собрана околу темите Љубов и Смрт.

Делата на овие тројца композитори се среќаваат и се одразуваат во делата на најважните помлади регионални композитори, меѓу кои е и една композиторка од Северна Македонија, кои го тематизираат нашето време на криза и неопходната потреба за трансформација на сите нас и на сите нивоа. Композиции од Нина Перовиќ (Црна Гора), Давор Бранимир Винце (Хрватска), Дарија Андовска (Северна Македонија) и Марко Никодијевиќ (Србија) беа напишани специјално за овој проект.

Социјалната мисија на овој ансамбл, во кој свират музичари од Западен Балкан, секогаш укажува и охрабрува позитивни општествени промени, соработка и толеранција, но исто така допира до луѓето и комуницира со публиката на иновативен и емотивен начин.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Путин: Ако Зеленски е подготвен за состанок нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи...

Свет6 часа

Калас: Во Пекинг се собра автократски сојуз кој го доведува во прашање меѓународниот поредок

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, денес изјави дека претседателите на Кина, Шји Џјингпинг, Русија, Владимир...

Македонија7 часа

Сиљановска наместо да ги брани државните интереси, повторно е мегафон на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уште еднаш покажа дека не е претседател на сите граѓани, туку гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините дневнополитички...

Топ7 часа

Прилепчанец фатен со 35 килограми марихуана: пред 20 дена излегол од затвор за трговија со трога

На регионалниот пат Битола- Прилеп денеска полициски службеници, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога,...

Македонија9 часа

Претседателката со остри критики: По толку бели линии апсурдно е да се зборува за црвени линии, ние и референдумски резултат не почитувавме

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вели дека не го разбира предлогот на СДСМ за изготвување резолуција со црвени линии. Таа...

Свет10 часа

Мерц: Путин е најголемиот воен злосторник на денешницата

Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировните преговори за Украина треба да се игнорираат откога...

Македонија10 часа

(Видео) Петрушевски: Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за прислушувањето на Мицкоски, на новинари и на бизнисмени

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели,...

Македонија10 часа

(Видео) Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера...

Македонија12 часа

Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола, ЦУК извести дека нема активни пожари

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор,...

Македонија13 часа

Георгиев до ЕУ: Не е можно да се промени договорениот европски консензус, очекуваме РСМ да ги исполни своите обврски

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да...

Топ14 часа

Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана

Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот...

Македонија14 часа

„Дали службите за безбедност и разузнавање под водство на кадри на СДС го следеле и прислушувале Мицкоски со знаење на обвинителот Коцевски“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио од СДС, поинаку тие и не знаат. Разликата...

Македонија14 часа

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува...

Свет16 часа

Трамп му пиша на Шји: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада, каде што Кина презентира ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа16 часа

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...

Свет16 часа

(Фото) Демонстрација на сила во Пекинг, Кина покажа ново оружје, Шји порача: Незапирливи сме

Кина претстави низа нови оружја, вклучувајќи балистички ракети на нуклеарен погон, ласери и џиновски подводни дронови, на големата воена парада...

Европа16 часа

(Видео) Големо невреме во Трст: поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри...

Европа16 часа

Фицо по средбата со Путин: Имам неколку пораки за Зеленски

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, имал „неколку заклучоци и пораки“...

Македонија1 ден

„Вардариште е канцер“ – граѓаните утре повторно на протест во Ново Лисиче

И вечерва, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалат дека се чувствува мирис на...

Македонија1 ден

Ахмети: Да сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од партиски собир во Чаир порача дека тврдењата оти Албанците сакаат да ја поделат Македонија...