Црна хроника
КБ: Нема утврдени неправилности во сефовското работење
Досегашните наоди на Внатрешната инспекција на Банката укажуваат на правилна примена на интерните процедури и законските прописи. Во првопријавениот случај од 05.10.2016, не се утврдени неправилности во сефовското работење, информираат од Комерцијална банка во врска со кражбата во сеф од кој биле украдени околу 40.000 канадски долари.
„Бидејќи сметаме дека се работи за непотврдени случаи на внатрешна злоупотреба, нагласуваме дека не постои техничка можност овластен вработен во Банката самостојно да отвори сеф. Сефовите имаат два клуча од кои едниот е во депото на НБРМ, а вториот кај корисникот на сефот. Согласно законските прописи Банката нема увид во содржината која корисниците ја чуваат во сефовите“, се вели во соопштението од Банката. Банката ја исклучува можноста од вмешаност во овие два наводни случаи на злоупотреба, а бидејќи не е исклучено евентуално повторување на вакви или слични пријавувања, Банката укажува дека секое лажно пријавување подразбира кривична одговорност. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.