Македонија
СДСМ: Мина времето кога послушниците на Груевски остануваа неказнети за испадите
Наместо извинување и преземање одговорност, дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов веќе четврти ден се крие од јавноста, надевајќи се дека неговото дивеење наскоро ќе биде заборавено. Наместо да понесе одговорност, директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, чие службено возило Спасов го злоупотреби за дивеење по скопските улици, и тој се впушти во бранење на злоупотребите.
Според најголемата опозициска партија, ова е уште еден показател дека „во врвот на ВМРО-ДПМНЕ – сите се Диме Спасов“.
„Скандалозниот случај во кој заменик министер со службен автомобил земен од туѓа институција и надвор од работно време, во доцните вечерни часови, предизвика сообраќајни несреќи низ скопските улици, а потоа бегаше од полицијата – мора да добие разрешница“, посочуваат во писмената изјава од СДСМ.
социјалдемократите се упорни дека случајот во кој за само една вечер се направени неколку кривични дела и се вмешани две државни институции мора да биде расветлен што поскоро.
„И Диме Спасов и Влатко Поповски мора да сносат и правна и политичка одговорност. Мина времето кога послушниците на Груевски минуваа неказнето за нивните испади. За сите кои го прекршиле законот во овој, но и во други случаи одговорност мора да има и ќе има“, порачуваат од СДСМ.
Освен пред законот, опозицијата порчува дека владејачката партија за ваквото однесува ќе одговара и пред граѓаните. „На 11 декември граѓаните на Македонија ќе им врачат откази и на Диме Спасов и на Влатко Поповски и на сите оние кои десет години се однесуваа девијантно и криминално без притоа да сносат никаква правна и политичка одговорност“, порачува СДСМ./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

