Македонија
Ташевска-Ременски: Спасов и Поповски да понесат одговорност
Сите инволвирани во саботниот настан, дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски наместо да изнесуваат лаги и невистини пласирани преку соопштенија од Агенцијата за вработување на Република Македонија и да ја манипулираат јавноста, храбро да одговорат за секоја нивна постапка.
Ова во вторник, на прес конференција, го изјави министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски.„Очигледно е дека во Република Македонија, лицата носители на политички функции одамна не знаат за своите постапки да понесат одговорности, наместо тоа се задскриваат зад превезот на моќ, која оваа власт ја наметнува сиве овие 10 години”, рече министерката Ташевска-Ременски и порача дека јавноста очекува овие двајца функционери да се појават пред очите на граѓаните, да дадат одговори на многу прашања кои се пред се од јавен интерес. „Дополнителниот заменик министер до сега молчи. Господине Поповски, вие како директор на Агенцијата за вработување, исто така должите многу одговори! Одговорете и на јавноста зошто и како возилото кое направи неколку сообраќајни прекршоци се најде во рацете на Диме Спасов? Возилата кои вчера ги обелоденивме во јавноста не се во сопственост на Министерството за труд и социјална политика, ниту, пак, биле дадени со некаков си договор во октомври 2015 година. Хипотетички, зошто би се вратиле на користење возила на Министерството кои краток период пред октомври 2015 истите со одлуки на Влада, објавени во Службен весник Ви се доделени Вам? Која била потребата од носењето на тие одлуки, кои Владата ги разгледувала на седница и утврдила да Ви се доделат Вам?”, го запраша Ташевска-Ременски директорот на АВРМ.Таа при тоа информираше дека веднаш по повторното преземање на функцијата министер за труд и социјална политика формирала Комисија за вонреден попис на возниот парк и моторните возила на министерството.„Комисијата констатираше дека за седум возила не е направен физички попис на седумте возила, меѓу кои и четири на АВРМ, бидејќи истите се доделени со одлука на Влада на Вас, Агенцијата за вработување. Тоа е констатирано и во извештајот кој го потготви Комисијата за попис. Уште еден факт говори спротивно на она што Вие го изјавивте во текот на вчерашниот ден дека Министерството ги поседува 4-те возила меѓу кои и Туарегот. Тие никаде не фигурираат во прегледот на регистрирани и осигурани возила од страна на Министерството за труд и социјална политика”, рече Ташевска-Ременски и уште еднаш јавно повика на одговорност. „Затоа јавно ве повикувам, да имате доблест и да понесете одговорност за настанот кој предизвика огромен јавен интерес и му наштети на угледот на оваа институција, која наспроти овој Ваш луксуз, секојдневно се труди да ги реши и најгорливите прашања на многу категории на граѓани, меѓу кои и најзагрозените социјални случаеви. Ве повикувам јавно, да престанете да плетете мрежа од лаги, и пред да се повлечете од функциите кои ги вршите, да ги дадете вистинските одговори кои граѓаните ги очекуваат од вас”, рече министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

