Македонија
Шилегов: Груевски и Тодоров лажат за инвестициите во здравството
Опозициската СДСМ во среда обвини дека и покрај големата помпа со која се најавуваат нови инвестиции во здравството од страна на лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од 33 милиони евра, тоа е лага и манипулација.
„Ова се официјални документи од Владата коишто потврдуваат дека дуото Груевски и Тодоров лажат и дека нивниот интерес за здравството и здравјето на граѓаните е лажен и лицемерен. Наспроти нивните ветувања за наводни инвестиции во објекти и опрема во здравството во висина од 33 милиони евра, еве што всушност се случува“, рече Петре Шилегов на прес-конференција, во среда на која покажа документи од кои се гледа дека повече здравствени барања за реконструкција на објекти и набавка на апарати се одбивани од надлежните институции.Така за побарана медицинска опрема на Кардиологија – Министерството за финансии одговара: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот, а таков одговор е добиен и за р ендген служба во општина Кривогаштани, за изградба на центар за хронични рани во Геронтолошкиот завод 13 Ноември во Скопје, за реконструкција на Општа болница во Струмица, за изградба на амбуланта во Секирарци, за пункт за итна помош во Идризово, за реконструкција на Здравствен дом Здравје во Валандово.„Ова е доказ за невиденото лицемерие на Груевски и Тодоров. Едно зборуваат во јавност, другото се случува во позадина… На 11 декември доаѓа одговорна Влада, на којашто еден од врвните приоритети ќе и биде здравјето на граѓаните на Република Македонија“, рече Шилегов./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

