Контакт

Македонија

Опозицијата го обвинува Тодоров дека дава нереални ветувања во здрвството

Објавено пред

Министерот за здравство Никола Тодоров „ги излажал“, како и претходно челникот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, бидејќи во Буџетот за 2017 година не постојат најавените 33 милиони евра за наводни инвестиции во здравството, трврди најголемата опозициска партија СДСМ.
 

dobivaj vesti na viber

Социјалдеморкатите во писмената реакција по пресо-конференцијата на Тодоров до медиумери испратија документи за кои велат дка се дел од Буџетот што се однесува на здравството, кои посочуваат дека во него се предвидени само 4,5 милиони евра за здравството, за во целата држава и тоа за следните три години!

„Тоа би значело по 1.5 милион евра годишно, а Тодоров ветува милион само за Клиниката за инфективни болести?! Или е во прашање некој нов тендер од еден милион евра, со некој нов Висарис и некоја нова Ивона?“, прашуваат од СДСМ.

Опозицската партија обвинува дека од спроведувањето на тендерите на Тодоров и Груевски луѓе „десет години умирале по ходниците на болниците“ и дека „сега е „доцна“ власта да стопри нешто, и ветуваат дека ако СДСМ дојде на власт по предвремените парламнетарни избори на 11-ти декемгври, за нивната влада еден од врвните приоритети ќе и биде здравјето на граѓаните. /крај/мф

Извор: Макфакс

Македонија

(Фото) На Богородица и на скопскиот аеродром спречени обиди за шверц на цигари и тутун, над 𝟧 илјади алатки за тетовирање, мотоцикл, фалсификати и друго

Објавено пред

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани опрема и средства за тетовирање, цигари, тутун, моторцикл, делови за прозорци и фалсификувана стока.

dobivaj vesti na viber

Царински службеници во Царинската испостава Струмица запленија мотоцикл „Априлиа“ откако по поднесената увозна декларација со сите пропратни документи било увидено дека се работи за друг моторцикл за кој увозникот не поседувал никаков документ. Против сторителот е покрената прекршочна постапка.

Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило управувано од македонски државјанин заплени 5.476 парчиња игли, мастила, и други алатки за тетовирање за коишто возачот не поседувал никаква документација. Стоката е откриена во четири пакети кои се наоѓале во кабината на возилото на горниот кревет за кои возачот изјавил дека не поседува увозна документација.

18 штеки цигари без акцизни маркички и 20 кутии тутун од по 30г и 50г, се откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при рентген контрола на чекиран багаж на патник кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. Непријавените кутии цигари се пронајдени кај македонски државјанин кој со себе носел само бугарски пасош. Непријавените цигари се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Царински службеници во два случаи запленија 56 штеки и дополнително уште 9 кутии цигари.

Еден од случаите е откриен во соработка со МВР, при што запленети се 44 штеки цигари и 9 кутии цигари без акцизни маркички, пронајдени во близина на граничната линија сокриени во грмушки.

Во вториот случај, запленети се 12 штеки цигари откриени во товарно моторно возило товарено со стока пријавена за увозно царинење.

Мобилни царински тимови на влез во државава на граничниот премин Богородица, во багажникот на автомобил открија 238 разни производи (штитници за колена, делови за автомобили, депилатори, играчки, организери за шминки, пили со ланец, соларни рефлектори, алат и друго).

5.000 пластични делови за прозорци се пронајдени во две картонски кутии сместени на горниот кревет во кабината на камион со албански регистарски таблички, управуван од албански државјанин кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Деве Баир.

3.755 пара детски сандали, 64 колички и 24 детски велосипеди, со ознаки на заштитени трговски марки се откриени од страна на мобилните царински тимови на излез од државата на граничниот премин Блаце. Стоката е пронајдена при контрола на контејнер натоварен на камион со косовски регистарски таблички. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и поведена е постапка за утврдување на нивната оригиналност.

На граничниот премин Богородица откриен е обид за користење на фалсификувана лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Имено, македонски државјанин како возач на камион со македонски регистарски таблички, при влез во државата приложил Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, издаден на неважечки образец. Покрај тоа возачот не поседувал сертификат за професионална компетентност за учество во меѓународен превоз на патници и стоки.

Случајот е предаден на Секторот за контрола и истраги за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Стефковски: Започнавме со изградба на осум нови спортски терени

Објавено пред

Градоначалниот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи увид на градежните активности за изградба на нов спортски терен на најсовремена тартан подлога кој се гради во Ченто кај старата полициска станица.

dobivaj vesti na viber

Со ова започна реализацијата на новиот проект: Изградба на 8 спортски терени на тартан подлога во населените места низ општина Гази Баба, известуваат од Општината.

„Во мојата изборна програма со која ја добив довербата од граѓаните во 2021 година стоеше ветувањето: ‘Подобрување на спортската инфраструктура во населените места и подобрување на условите за спортување на младите’, денес со гордост можам да кажам дека и ова ветување е исполнето во целост. Досега изградивме 27 спортски терени, а со изградбата на новите 8, оваа бројка ќе биде 33 спортски терени изградени за само 4 години, нешто што никогаш претходно не се случило“, истакна градоначалникот Стефковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Данела Арсовска до Орце Ѓорѓиевски: Дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за „Усје“

Објавено пред

„Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе со Хрисафов од Усје, знаеш она истото УСЈЕ што го загадува Скопје!“, напиша градоначалничката Данела Арсовска на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„Туку дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за УСЈЕ, а бидејќи си јак претседател на сите општини на ЗЕЛС, ингеренциите на секоја општина вклучително и на својата добро ги знаеш (се надевам)

1. Интегрираната А лиценца на УСЈЕ не е надлежност на Град Скопје туку е надлежност на Министерството за животна средина на Изет Меџити ама на него не смееш да му писнеш

2. Град Скопје како единица на локална самоуправа е единствена општина што правела надзор врз УСЈЕ иако ИСТИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ ГИ ИМАШ И ТИ (ама тебе или ти е страв, или имаш интерес, па глумиш ненадлежен)

3. Секој градоначалник вклучително и ти може да влезе во заеднички надзор по лично барање со Државниот инспекторат за животна средина во било кој индустриски објект, тоа како претседател на ЗЕЛС исто би требало да го знаеш

4. Јас поднесов кривична пријава за УСЈЕ за УТВРДЕНОТО ЗАГАДУВАЊЕ пред 2,5 години и трпам закани постојано, ама за тоа треба храброст, а не оправданија

На УСЈЕ иако им се измерени 300% ПМ10 честички над дозволеното, и ниво на азотни оксиди NOx 711,9 милиграми на м3 што е двојно повеќе од дозволеното, СЕУШТЕ НЕ ИМ Е ОДЗЕМЕНА ИНТЕГРИРАНАТА А ЕКОЛОШКА ЛИЦЕНЦА од Министерството за животна средина на Изет Меџити, ама пак има тој други посериозни проблеми не му е до животната средина“, пишува Арсовска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините за да се намали загубата, која сега изнесува 64 отсто

За да се намали загубата на водата за пиење, која на национално ниво во просек изнесува речиси 64 отсто, неопходно...

Македонија2 часа

Седум години од потпишувањето на договорот од Преспа

На денешен ден, 17 јуни, 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа, со кој се затвори долгогодишниот...

Свет2 часа

Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови. Висок воен командант најави дека нападите ќе...

Македонија3 часа

Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Охрид и во Струга

Земјотрес со јачина од 2,5 степена според Рихтер синоќа по полноќ го погоди Охридскиот Регион. Потресот е регистриран во 00.48...

Македонија16 часа

Злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам – Сиљановска-Давкова во Тирана за проширувањето на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во...

Свет17 часа

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп на прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада рече дека Иран сака да...

Македонија19 часа

Осум македонски државјани најдоцна до утре ќе бидат евакуирани од Израел, 28 побарале помош

Заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија,...

Економија21 час

Димитриеска – Кочоска ќе го следи поскапувањето на бензините, не кажа дали тоа ќе повлече други поскапувања

Министерката Гордана Димитриеска – Кочоска по денешните најави за поскапување на бензините кажа дека Министерството за финансии ќе ја следи...

Економија23 часа

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Свет24 часа

Иранскиот парламент демантира дека земјата се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Иранскиот парламент денес негира дека разгледува закон за повлекување на Техеран од договорот за неширење нуклеарно оружје (ННП) како форма...

Свет1 ден

Иран се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј, денес изјави дека иранскиот парламент подготвува закон за повлекување од договорот...

Македонија1 ден

„За „аудито“ на Филипче од 130.000 евра – повластен третман, за автомобилите на Мирчевски – кривичен прогон“, ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори постапка

„ЈО е селективно во однос на постапките за аудито од 130 000 евра поклон на Венко Филипче од фирмата Зобек...

Македонија1 ден

„Вината за Кочани е во врвот на МВР“, СДСМ бара оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери...

Македонија1 ден

Серија земјотреси почувствувани во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Поранешен израелски дипломат: Трамп може да му се јави на Нетанјаху и да му каже – доста е

Алон Пинкас, поранешен израелски дипломат и советник на двајца премиери, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп има моќ да го...

Свет1 ден

Клучното прашање е каде Иран скрил 400 килограми збогатен ураниум, вели експерт

По израелските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки, поранешниот заменик-генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Оли Хејнонен,...

Свет1 ден

Аналитичар: Иранските ракети ги пробиваат сите слоеви на израелската воздушна одбрана

Континуираните ирански ракетни напади врз Израел покажуваат дека силите на Техеран можат да се прегрупираат дури и откако Израел уби...

Свет1 ден

Израелскиот министер за одбрана се закани: „Граѓаните на Техеран ќе ја платат цената, и тоа набргу“

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес повторно му се закани на Иран, велејќи дека „народот на Техеран ќе ја...

Свет1 ден

(Фото) Шок и страв во Тел Авив по жестокиот ирански напад

Улиците на Тел Авив утрово беа покриени со урнатини, со сцени на страв, вознемиреност и хаос по најновиот бран ирански...

Свет1 ден

Иранските медиуми: Ајатолахот Хамнеи се крие во бункер северно од Техеран

Неколку часа откако Израел ги започна нападите врз Техеран во раните утрински часови во петокот, врховниот лидер на Иран Али...