Македонија
Врховниот суд ќе одлучува за доживотната казна затвор во „Детонатор“
Врховниот суд треба да донесе одлука и да одлучи дали ќе му ја намали казната доживотен затвор на првообвинетиот во случајот „Детонатор“, Сашо Стојчов кој сé уште е во бегство.
Во средата во Врховниот суд се одржа јавна седница по жалба на бранителот на Стојчов против пресудата донесена од Апелациониот суд во Скопје со која е потврдена првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1 Скопје со која на обвинетиот во конкретниот предмет му е изречена казна доживотен затвор.Осудените на доживотна казна имаат право да поднесат жалба и до Врховниот суд и да ја обжалат одлуката на Апелациониот суд.Адвокатката на Стојчов, Марина Георгиевска, побара да му биде намалена казната затвор, а обвинителот побара да бидат отфрлени жалбите како неосновани.„Со тоа што Врховниот суд закажа седница за овој случај ми дава надеж дека овој случај ќе биде преиспитан. Овој случај им направи хаос на десетици семејства. Секој осуден е невин додека не биде осуден, а за да биде осуден треба да има цврсти докази. Дказите за овој случај мене не ме убедија дека обвинетиот е виновен“ рече адвокатката.Според неа, обвинетиот не може да биде припадник на злосторничко здружување и тоа да се докаже со четири телефонски разговори кои биле прислушувани со посебни истражни мерки. Од друга страна обвинителот изјави дека обвинетите знаеле дека биле прислушувани и дека на лични средби договарале убиство на клучниот сведок во овој случај Драган Стоименов – Дацот од Кочани. Обвинетите се по потекло од Кочани и Виница, а „војната“ меѓу оваа група и Стоименов започнала во зимата во 2008/2009 година. Стоименов сведочеше дека дел од обвинетите трипати се обиделе да го убијат и дека имал сознанија дека бил прв на ткн „црната листа за ликвидација“ што ја имале обвинетите.Во судскиот процес „Детонатор“ им се судеше на вкупно 16 лица од Виница, Кочани и Штип, двајца од обвинетите се во бегство.Обвинителството ги гонеше за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама.Во овој случај доживотен затвор за обид за убиство, злосторничко здружување и насилство добија Сашко Стојчов и Симеон Михаилов, и двајцата во бегство.Игор Горански е казнет со 13 ипол години. Година повеќе има Жан Железарски. А 12 ипол му се одредени на Горан Божиновски, а 13 ипол на Јорданчо Михајлов. Стојан Паликрушев е казнет со 9 ипол години, а Тони Лесански со 8. Одговорни се за обид за убиство, злсоторничко здружување, насилство, лихва, измама.Останатите беа казнети со помали казни. Далибор Алексовски со 5 ипол, а Горан Кузмановски со 4 ипол. Останатите од година до две ипол. Двајца беа ослободени од обвинение./крај/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

