Македонија
СДСМ: Македонците плаќаат 100 отсто повисока цена за струјата
Опозициската СДСМ смета дека македонските граѓани плаќаат премногу за електрична енергија, и се залага за враќање на евтината тарифа, за искористување на енергијата од сонцето и за обновување на домашното производство.
„Плаќаме повисоки сметки за електрична енергија за повеќе од 100 отсто, денес во однос на 2006 година! Причина за тоа се криминалните политики на оваа власт во енергетскиот сектор, збогатувајќи енормен број на луѓе кои се блиски до неа,на сметка на граѓаните на Македонија“, обвини Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.Тој покажа сметка за струја од 2006 година во којашто за потрошена електрична енергија биле потребни 622 денари, а денес, за истото потрошено количество електрична енергија, потребни се 1820 денари. „Во 2011 година, оваа власт ја укина евтината струја и не убедуваше дека тоа ќе значи поголемо домашното производство, намален увоз на електрична енергија и намалени трошоци за електрична енергија.Според Андреевски фактите го покажуваат спротивното, односно дека има пад на домашното производство на електрична енергија од цели 25 отсто, зголемен е увозот на електрична енегрија се за 38 отсто, а зголемена е цената не електричната енергија.„Затоа што, поради падот на домашното производство Македонија мора да увезува електрична енергија. Во Македонските електрани работат надворешни фирми, со високи профити! Увозот не електрична енергија е на ниво од 200 милиони евра годишно Секое семејство, секој еден од нас ги плаќа тие договори! Тоа е еквивалнтно на 100 евра по глава на жител Годишно околу 200 милиони евра се трошат на увоз на електрична енергија, или 100€ по глава на жител“, рече Андреевски. СДСМ има план како да го обнови домашното производство, како да ја врати евтината тарифа, како македонското сонце да создава македонска енергија./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

