Македонија
ЛДП предупредува дека јавниот долг достигнува алармантни размери
Либерално демократската партија веќе четри години постојано укажува на негативнот тренд на зголемување на јавниот долг, поради нерационалното и расипничко однесување на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„За жал овој тренд во изминатите четири години рапидно се зголемуваше и денес достигна рекордни 4 милијарди и 760 милиони евра и за прв пат го надминува 50 % од бруто домашниот производ, односно изнесува алармантни 50.6 % од националниот БДП.Залудни беа обидите на власта да ја прикажат Македонија, најпрвин како ниско задолжена држава, а потоа и како средно задолжена држава , преку споредби со многу поголеми и поразвиени држави во светот“, велат од ЛДП.Велат дека сите предвидувања укажуваат дека тенденцијата за зголемување на јавниот долг и понатаму ќе расте како последица од се поголемо задолжување на државата кое изнесува фрапантни 2 милиони дневно, а најтрагично е тоа што средствата од ова задолжување се насочуваат кон непродуктивни проекти и покривање на се поголемите буџетски дупки. „Буџетот е во мошне лоша состојба, пензискиот фонд е пред колапс, така да е сосоема јасно дека не само што е загрозена иднината, туку и сегашнаноста. Јавниот долг по глава на жител денес изнесува 2274 евра по жител, а само за илустрација во 2010 тој изнесуваше 957 евра. Во оваа година државата издвојува само за исплата по основ на камати на задолжувања околу 110 милиони евра, а во 2010 за камати се издвојуваше 52 милиони евра годишно’, велат од ЛДП./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

