Македонија
Судот негира дека го одолговлекува „Пуч“, девет расправи се одложиле на барање на странките
Основниот суд Скопје 1 во соопштение до јавноста негира дека го одолговлекува предметот „Пуч“, во којшто еден од обвинетите е лидерот на СДСM Зоран Заев, како што обвини спедијалната јавна обвинителка која реагираше бурно откако судијката Љубинка Башеска денеска по 11-ти пат го одложи судењето.
„По конкретниот предме беа одржани 10 главни расправи од кои 6 беа одложени бидејќи обвинетите постојано беа на службени патувања, потоа 3 расправи беа одложени по барање на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), од кои една расправа заради приватна прослава на обвинителката Јанева, а само минатата расправа беше одложена заради болест на еден од судиите – поротници, нешто што неможе да се предвиди. Од таму нејасно е како судот го одолговлекува предметот повеќе од една година, како што обвинуваат странките“, се вели во соопштението од Судот.Судењето беше одложено откако претседателот на судечкиот совет, Башевска констаираше дека еден од судиите – поротници, по неговото лично барање бил разрешен од советот, а со одлука на претседателот на судот, по барање на претседателот на советот, назначен е нов судија – поротник, како и дополнителен судија – поротник. „И покрај барањатa и ургнециите за итност, испратени од претседателот на судот, се уште не се доставени безбедносни сертификати за постапување и увид во класифицирани информации и податоци, кои се неопходни за новоназначените судии – поротници да постапуваат по конкретниот предмет“, соопштуваат од Судот.Јанева и обвинетите ја обвинија судијката дека намерно го одолговлекува судскиот процес и дека ја спроведува политичката агенда на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски а Јанева обвини ја обвини дека ги малтретира странките и јавноста повеќе од една година./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

