Црна хроника
Тешки кражби во Гостивар и во Бороец
Во две одделни кражби во Гостивар и во Бороец, струшко, одземени се повеќе од 18.000 евра, пиштол и златни предмети.
Имено, во четвртокот во полициска станица Гостивар, А.Љ. (46) од Гостивар пријавил дека непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан. Сторителот со погоден предмет ја отворил влезната врата, влегол внатре и без претурање, од тоалетот, поточно од разводната табла во која биле поставени водоводни вентили, пронашол и одзел најлонска кеса во која имало помеѓу 15.000 и 16.000 евра и помеѓу 60.000 и 120.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.Истиот ден, во 14.20 часот во полицијата ви Велешта, струшко, С.И. (56) пријавил дека ноќта околу полноќ, непознат сторител извршил тешка кражба во куќата сопственост на Ш.С. од село Бороец, струшко, кој бил на привремена работа во Швајцарија. Сторителот преку прозор од подрумските простории влегол внатре и по извршено пребарување одзел пиштол калибар 9 мм и златни предмети, а потоа насилно отворил сеф од кој одзел предмети кои дополнително ќе бидат утврдени. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична за началник од Кисела Вода, при претрес најдени муниција и солзавци

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Д. од Скопје, началник на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода, поради сомнежи за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
При негов личен и претрес во службени простории на МВР, каде што извршува службени задачи, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени муниција и солзавец за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Одделот за внатрешна контрола против С.Д. поднесе и предлог за покренување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на постапката.
Црна хроника
Двајца скопјани најдени починати во своите домови, телата на обдукција

Педесет и двегодишен маж и 77-годишна жена во текот на вчерашниот ден биле најдени починати во своите домови во Карпош и Кисела Вода.
За првиот случај, МВР соопшти дека вчера на пладне во домот во Каропош пронајден е И П.(52) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Околу осум часа подоцна, во домот во Кисел Вода, најдена е почината К.Ч.(77) од Скопје која живеела како потстанар. И кај неа, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.
Топ
Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја нападнал својата сопруга.
Нападот се случил вчера, а мажот бил во алкохолизирана состојба. Тој првин ја навредувал сопругата, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и главата.
„Од многубројните удари оштетената започнала да крвари и да губи свест, па влечејќи се успеала да стигне до дворот и од таму повикала помош“, соопшти Обвинителството.
Се бара протвор за осомничениот.