Црна хроника
Еден скопјанец нападнат и ограбен во центарот на Скопје, друг нападнат во Карпош

Двајца млади скопјани во понеделникот биле нападнати во Скопје во два одделни инцидента.
Првиот инцидент се случил во понеделникот вечерта околу 20 часот на улицата „Филип Втори Македонски“, во центарот на Скопје. Напаѓачот му пришол од зад грб и почнал да го влече за капата од дуксерот. Сторителот притоа му се заканувал, му побарал пари и почнал да му пребарува по џебовите од каде му го одзел мобилниот телефон и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.Другиот инцидент се случил истата вечер во 22.25 часот ви в скопската населба Карпош. Додека деветнаесетгодишно момче управувал со автомобил „форд ескорд“ забележал како зад него се движи автомобил „форд ескорд“ со тетовски регистерски таблици кое му давало светлосни сигнали. Со него во автомобилот, на задното седиште била осумнаесетгодишна девојка од населбата Нерези.Кога пристигнал во близина на трговскиот цента „Сити Мол“, бил престигнат од наведеното автомобилот којшто му го блокирало патот. Од возилото излегле неколку непознати лица. Возачот, држејќи нож во раката, се обидел да ја отвори возачката врата, додека, пак, друго лице, држејќи дрвена палка во рацете, се обидел да ги отвори останатите врати од автомобилот. Момчето успеало да избега и полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.