Црна хроника
Возило полно со цигари предизвикало сообраќајка при обид да им избега на цариниците

Возило полно со цигари се обидело да им избега на царинските работници, предизвикало сообраќајка, а возачот потоа го оставил возилото и избегал. Во автомобилот „фолксваген“ биле најдени 1520 штеки цигари, а возачот бил фатен.
Инцидентот се случил пред три дена при редовна царинска контрола во скопската населбата Радишани кога царинските инспектори од Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги, забележале патничко моторно возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од скопјанец. Инспекторите се обиделе да го запрат возилото со помош на звучна и светлосна сигнализација, но обидот бил неуспешен. Возилото продолжило да се движи и со нагло свртување на лево била предизвикана сообраќајна незгода со друго возило. И покрај предизвиканата сообраќајна незгода, лицето напуштајќи го патот продолжило да вози низ околните ниви во правец кон Радишани и по кратко време го запрело возилото, излегло од него и се дало во бегство. Истото било следено, совладано и лишено од слобода од страна на инспекторите од Одделението за истраги. При првичната контрола на возилото на лице место била забележана поголема количина на цигари без акцизни маркици. Возилото било пренесено во просториите на Царинската управа заради вршење на детален преглед. При прегледот било забележано дека задните седишта од возилото се извадени и целата внатрешност од возилото и багажниот простор биле натоварени со 1250 штеки цигари (850 штеки „Monte Carlo“, 400 штеки „Benton“).Сторителот е лишен од слобода и против истиот Царинската управа ќе поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство, за сторено кривично дело „Недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение“ казниво по член 59 став 1 од Законот за акцизите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во врска со синоќешната сообраќајна несреќа на булеварот „Туристичка” во која 44-годишна жена беше прегазена, а уште едно лице беше тешко повредено.
Првиот осомничен управувал автомобил „Фолксваген голф“ без да поседува возачка дозвола и со брзина неприспособена на својствата и состојбите на патот.
Поради тоа 21-годишникот изгубил контрола над возилото, навлегол на кружниот тек преминувајќи преку средишниот остров, возел надвор од коловозот и удрил во метален столб – канделабра на тротоарот. Потоа продолжил да се движи по тротоарот каде налетал на двајца пешаци и конечно удрил во бетонска ограда.
Во несреќата била повредена пешакот Александра Божиноска која починала на лице место, додека кај другиот пешак биле предизвикани тешки телесни повреди.
Истрага е поведена и за сопатникот во автомобилот, 18-годишен сопственик на автомобилот. Тој делото го сторил загрозувајќи ја безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство.
Иако бил свесен дека поради неговото постапување може да настапи штетна последица, односно дека неговиот другар не поседува возачка дозвола и може тешко да ја загрози безбедноста на сообраќајот и да го доведе во опасност животот на луѓето, вториот осомничен му го дал возилото цо негова сопственост да го управува.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител предложи мерка притвор за двајцата осомничени.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.