Црна хроника
Благајникот на „Чистота и зеленило“ од Куманово украл 1,5 млн. денари
Управата за финансиска полиција во ЈП „Чистота и зеленило“ -Куманово открила финансиски криминал тежок 1,5 милиони денари за кој износ е оштетен буџетот на претпријатието.
Кривична пријава за „Проневера во службата“ и „Послужување во службата“ е поднесена до Основното јавно обвинителство во Куманово против лицето Н.К вработено во претпријатијето. Пријавениот службеник, во својство на одговорен благајник во ЈП „Чистота и зеленило“-Куманово, во периодот од ноември 2008 година па заклучно со август 2015 година, со цел да прибави противправна имотна корист за себе, во повеќе наврати присвоил парични средства од благајната во вкупен износ од 1.171.419 денари, со што го оштетил Буџетот на ЈП „Чистота и зеленило“-Куманово. Воедно пријавениот благајник се товари и дека во периодот од август 2015 година заклучно до јуни 2016 година, во повеќе наврати неовластено се послужил со парични средства доверени во службата од благајната, наплатени од странки по основ на користење на услугите на претпријатето во вкупен износ од 324.255 денари.Од страна на Управата за финансиска полиција извршен е увид во благајничкото работење и сметководствената евиденција на претпријатијето и обезбедени се налози за плаќање и благајнички извештаи со каса-прими за период од ноември 2008 година заклучно со јуни 2016 година. По извршените споредби на издадените налози за плаќање, уплатените парични средства во благајната, како и уплатените парични средства на банкарската сметка на претпријатијето, констатирано е дека пријавениот службеник, во повеќе наврати, ги присвојувал лично за себе наплатените парични средства по основ на извршени услуги од ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово. Со цел прикривање на кривичното дело, пријавениот службеник во ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, присвоените парични средства не ги евидентирал во благајната на претпријатието, а поголем дел од пропратната документација која бил должен согласно описот на работното место да ја изготви, ја уништувал. Од страна на Управата за финансиска полиција се обезбедени во оригинал дел од парагон-блокчињата со каси прими за период 2008 и 2015 година кои се поврзани со периодите кога се сторени инкриминарните дејствија при што констатирано е дека за дел од уплатите кои пријавениот службеник ги присвојувал за себе, на две или повеќе странките кои уплатувале пари за извршените услуги од претпријатето им издавал исти броеви на каса прими од ист датум при што една или повеќе од издадените каса-прими не ги внесувал во дневникот на благајната. Финансиската полиција продолжува со истражување и на други сегменти од работењето на ова јавно претпријатие со цел утврдување дали и други вработени кои имале допир со паричните средства уплатени од граѓаните на општина Куманово сториле некое инкриминирано дејствие./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
Црна хроника
Возач на ауди прегази полицаец и избега
Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.
Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.

