Црна хроника
Убиство во Алдинци, маж најден мртов со повреди на главата

Мртов маж со повреди на главата бил пронајден мртов во саботата пред семејната куќа во село Алдинци.
Случајот бил пријавен во крушевската полиција во 18.50 часот, по што полицајци излегле на местото на настанот каде извршиле увид. Медицинска екипа констатирала смрт кај педесет и двегодишнит М.П. од село Алдинци.
За настанот известен бил јавен обвинит од ОЈО-Прилеп кој изврши увид на местото на настанот со увидна екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крушево.
Едно лице поврзано со убиството е приведено и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот./крај/мф
Извор: Макфакс архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци

Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци, а пожарникарите од Територијалната противпожарна единица се на терен и интервенираат на лице место.
Се работи за автомобил форд фокус.
Црна хроника
Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајка кај Кратово

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат кај местото викано Превалец, во атарот на селото Трновац, кратовско, едно лице го загуби животот, а две лица се тешко повредени.
Несреќата се случила околу 14:24 часот меѓу товарно возило фиат добло со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје, и патничко возило дачиа сандеро со кавадаречки регистарски таблички, управувано од С.В.(33) од Скопје.
Во судирот на самото место починал сопатникот од товарното возило, А.А.(38) од Скопје, чија смрт била констатирана од лекар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а причините за несреќата се утврдуваат.
Црна хроника
Полицијата приведе маж, уништувал политички плакати

Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. А.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР – Велес.