Црна хроника
Полицајци при увид на кражба налетале на експлозивна направа
Службеници на тетоовската полиција при вршење увид по пријава за извршена кражба во куќа на исленик наишле на екслозивна направа, чие потекло и намена засега не се познати, соопшти во неделата министерството за внатрешни работи.
Во петокот околу 13,40 часот телефонски во Полициската станица Тетово била пријавена кражба во куќа лоцирана на улицата „146“ во Тетово, сопственост на 66-годишниот К.К., кој извесен период се наоѓал на времена работа во Италија.
По излегување на местото на настанот, на влезната врата од куќата полициските службеници забележале експлозивна направа.
Од страна на увидна екипа од СВР-Тетово по овластување на Јавен обвинител при Основнот јавно обвинителство Тетово во содејство со припадници од Министерството за внатрешни работи бил извршен увид. Од екипа на ОКТ при СВР Тетово извршено било фотодокументирање на местото на настанот, додека експлозивната направа, како и други траги и предмети биле подигнати за вештачење.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

