Вести
Ердоган порача дека Турција е решителна да учествува во офанзивата на Мосул
Турција е решителна во тоа да учествува во планот на коалициските сили за ослободување на вториот по големина ирачки град Мосул од џихадистичката организација Исламска држави, и ќе го имплементира „планот Б“ доколку не биде вклучена, изјави во петокот турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Турција е решителна во тоа да учествува во планот на коалициските сили за ослободување на вториот по големина ирачки град Мосул од џихадистичката организација Исламска држави, и ќе го имплементира „планот Б“ доколку не биде вклучена, изјави во петокот турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Во својот говорот во градот Конја, претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција во следните денови на своите меѓународни партнери ќе им ја изрази желбата да учествува во операцијата за заземање на Мосул, но не откри што подразбира алтернативната стратегија.
Истовремено продолжува војната со изјави на релацијата меѓу Анкара и Багдад околу тоа кој треба да учествува во офанзивата врз Мосул, којашто според најавите со американска поддршка ќе започне во октомври.
Турција вели оти стравува дела учеството на шиитските милиции, на коишто ирачката војска се потпира, инаку шиитите сочинуваат околу 66 отсто од населението на Ирак, може да предизвика секташки судири, коишто инаку траат од соборувањето на режимот на сунитскиот диктатор Садам Хусеин, и оти ќе предизвика егзодус на беглаци.
„На коалициските сили ќе им го пренесеме нашето барање и решителноста да го заземе своето место во коалицијата во Ирак. Доколку не нé сакаат, на сила ќе стапи нашиот ‘план Б’. Доколку Турција не е сигурна, не е никој во регионот“, порача Ердоган.
Турските војници ги тренира сунистките муслимани и сојузничките курдски единици пешмерги во ирачката воена база Башика во близина на Мосул, и сакаат да учествуваат во нападот врз Мосул. Багдад, пак, е против турското воено присуство на ирачка територија во северниот дел од земјата и често тоа го нарекува „инвазија“ или „агресија“.
Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади изјави дека Турција ризикува започнување на регионална војна. Неговата влада побара итно заседание на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се дискутира за оваа тема, а двете земји ги повлекоа своите амбасадори.
„Нé повикавте во Башика, а сега ни велите да си заминеме. Простете, но јас таму имам роднини, јас таму имам туркменски и турски браќа кои нé замилија да дојдеме и да помогнеме“, истакна Ердоган, додавајќи дека му е „жал, но оти нема да заминат“.
Турција распореди тенковски баталјон ланскиот декември, со околу 180 војници и 25 тенкови и оклопни возила во базата Башика, каде што тврди дека ги обучува силите на ирачките Курди за борба против Исламската држава. Меѓутоа, официјален Багдад, како и другите сојузнички држави, предупредија дека чекорот на Анкара е без договор и дозвола на ирачката влада, и оти претставува нарушување на интегритетот на соседната земја.
Турската државна агенција Anadolu претходно седмицава објави дека воените единици кои ги обучувала Турција во Башика ќе бидат дел од планираниот напад врз Мосул, цитирајќи функционери за кои наведе дека се вклучени во преговорите со САД, како и извори во Ирак.
Се очекува дека операцијата за ослободување на градот со 1,5 милиони жители кој од 2014 година е под контрола и е центар на самопрогласениот калифат на Исламската држава, ќе започне следните денови „доколку нема некои вонредни околности“./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.