Вести
Сириските и руските сили престанаа со бомбардирања во Алепо
Сириските и руски воени авиони престанаа да напаѓаат цели на бунтовниците и терористите во источните квартови на северниот сириски град Алепо во вторникот утрото, два дена пред најавената ткн „хуманитарна пауза“, најавена за четвртокот, изјави во вторникот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, додавајќи дека станува збор за чекор чија цел е да се овозможи осумчасовното примирје за 20-ти октомври.
Русија во понеделникот најави дека руската авијација и сириската војска ќе ги прекинат бомбардирањата и секој друг вид оган во Алепо од 8 до 16 часот по локално време во четвртокот за на цивилите да им биде овозможено слободно излегување од градот, како и и евакуација на болните и ранетите и да се осигури повлекување на вооружените бунтовници. Два хуманитарни коридора треба да бидат отворени во четврток за повлекување на борците и уште шест коридори за евакуација на цивилите.
Во вторникот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги повика земјите кои имаат влијание врз вооружените формации во источно Алепо да ги убедат нивните лидери да го напуштат градот.
„Се обраќаме до водствата на земјите кои имаат влијание врз вооружените групации во источните делови од Алепо, со предлог да ги убедат нивните водачи да ги прекинат борбените дејствија и да го напуштат градот“, порача Шојгу прецизирајќи по кои два коридора бунтовниците ќе можат да го напуштат градот со нивното оружје.
„Нападите на руските и сириските воздушни сили во регионот на Алепо престанаа денеска почнувајќи во 10 часот (по локално време). Пораниот прекин на огнот е потребен да воведе ‘хуманитарната пуза’ на 20-ти октомври. Тоа им ја гарантира на цивилите безбедноста за минување преку шесте коридори и подготовка за евакуација на немоќните и болните низ источно Алепо“, појасни рускиот министер за одбрана, пренесе агенцијата ТАСС.
Шојгу, исто така, истакна дека руските воени експерти отпатувале во Женева, каде што според него „руската иницијатива за воведување ‘хуманитарни паузи’ траба да придонесе за успех во работата на воените стручњаци од повеќе земји кои ќе започнат во среда во Женева“.
Рускиот министер истакна дека оваа иницијатива е поведена во прв ред за да се дистанцираат умерената опозиција којашто ја поддржуваат САД од екстремните исламисти и тие да бидат изнесени безбедно од Алепо.
Русија повеќепати, како услов за примирје во Алепо бараше сириските бунтовници да ги прекинат врските и соработката со екстремната сунитска група Џебхат ал-Фатех ал-Шам, која порано се викаше Џебхат ан-Нусра, и која наводно според тврдењата на Западот прекина да дејствува како сириско крило на терористичката мрежа Ал Каеда, но сепак ОН ја ставија на листата терористички организации, потсетува AFP./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.