Вести
Клинтон води во повеќето од 15-те клучни држави
Кандидатката на Демократската партија на американските претседателски избори Хилари Клинтон има убедливо водство во повеќето сојузни држави кои се најважни за конечниот исход од претседателските избори, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мнение на весникот The Washington Post и институтот на компанијата SurveyMonkey.
Според анкетата, републиканскиот кандидат Доналд Трамп има изразено водство во сојузните држави Невада и Ајова. Исто така, њујоршкиот милијардер со незначителна разлика го задржал водството и во државите Флорида, Тексас, Аризона и Охајо.
Демократската Хилари Клинтон, пак, има уверлива предност во Вирџинија, Висконсин, Џорџија, Колорадо, Мичиген, Њу Хемпшир, Њу Мексико, Пенсилванија и Северна Каролина.
Според процените на весникот, Клинтон може да добие поддршка од најмалку 304 електорски гласови, додека за избор се потребни 270. Тој показател кај Трамп изнесува 138 гласови, а уште 96 изборни гласови сé уште не се определени.
Американските избори се спроведуваат на две нивоа. Во првата фаза гласаат избирачите во секоја сојузна држава поединечно. Кандидатот, кој ќе победи во една држава, ги собира сите таканаречени електорски (изборни) гласови од државата, чиј број одговара на бројот на изборните единици за избор на претставниците во Конгресот. Во втората фаза се утврдува кандидатурата на претендентот кој ги постигнал потребните 270 од 538 гласови.
Надмоќноста на едната или другата партија во повеќето држави е важно, но некои држави имаат важна улога на изборите, а гласовите на останатите се сметаат за речиси гарантирани. Така, Калифорнија традиционално гласа за демократите, а Тексас за републиканците. Гласовите од Флорида со нејзините 29 електорски гласови се речиси рамномерно распоредени, што ја прави оваа држава клучна за добивањето на неопходниот број изборни гласови. За важни држави се сметаат, исто така, и Охајо, Пенсилванија, Вирџинија и неколку други.
Истражувањето било спроведено во 15 сојузни држави, кои се сметаат за најважни за исходот на изборите на 8-и ноември, врз 17.379 избирачи кои потврдиле дека ќе гласаат на изборите. Во оваа анкета нема пресметана статистичка грешка, бидејќи не станува збор за случаен примерок, а луѓето учествувале во анкетата по сопствена избор./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.