Контакт

Вести

САД: Голем број избирачи веруваат во изборна кражба на 8-ми ноември

Објавено пред

Американските избирачи се длабоко скептични кога станува збор за интегритетот на избирачкиот апарат и процес во САД и повеќе од секој четврти од десетмина веруваат дека претседателските избори на 8-ми ноември би можеле да му бидат украдени како резултат на голема изборна измама на кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мнение објавени во понеделникот.

dobivaj vesti na viber

Според анкетата што ја спровела агенцијата на компанијата Morning Consult за американскиот политички портал Politico, 41 отсто од гласачите сметаат дека претседателските избори ќе бидат наместени на штета на Доналд Трамп. Изборна кражба очекуваат 73 отсто од републиканците, кои истакнуваат дека целосно се согласуваат со повеќекратните предупредувања на Трамп дека се подготвува изборна измама, додека само 17 отсто од демократите го споделуваат таквото мислење.

Истражувањето било спроведени на примерок од 1.999 регистрирани гласачи, во периодот од 13-ти до 15-ти октомври.

„Резултатите покажуваат дека избирачите сé помалку веруваат дека гласовите ширум земјата ќе бидат соодветно преброени на изборниот ден“, коментира главниот истражувач во Morning Consult, Кајл Дроп.

Истражувањето покажува и дека 50 отсто од демократските гласачи веруваат дека Русија се обидува да влијае врз американските избори, додека тој процент меѓу републиканците изнесува 32 отсто. Исто така, речиси половината од приврзаните на републиканскиот кандидат, или 49 отсто, сметаат дека Русија е пријателска земја или сојузник. Истовремено само 19 отсто од приврзаниците на демократската кандидатка Хилари Клинтон имаат позитивно мислење за Русија.

Во текот на изминатата седмица Доналд Трамп ја интензивираше својата критика на американскиот изборен систем. Тој предупреди дека избирачкиот процес е лажиран, и обвини дека медиумите се во дослух со неговата противничка Хилари Клинтон, со цел да ѝ обезбедат победа.

Во неделата Тремпп повторно го одведе во прашање легитимитетот на изборите во САД, велејќи дека верува оти гласањето е веќе „наместено“ на повеќе избирачки места.

„Изборите се апсолутно наместени од страна на нечесните и клеветнички медиуми која ја поддржуваат Клинтон, но исто така и на многу избирачки места во САД“, напиша републиканскиот кандидат на Twitter.

Ден претходно на собирот во Њу Хемпшир Трамп ги обвини „корумпираните“ медиуми за манипулации „со целосно лажни обвинувања“ врз него во полза на Клинтон.

Од изборниот штаб на Хилари Клинтон, ги отфрлија ваквите обвинувања од противкандидатот и наведоа дека не постои ниеден доказ за местење на изборите.

„Трамп сфати дека губи и сега за својот пораз се обидува да го обвини системот. Така тоа го правата губитниците“, изјави Роби Мок, менаџер на кампањата на Хилари Клинтон, којашто во анкетата сé уште има солидна предност од седум процентни поени.

Белата куќа во понеделникот преку портпаролот Џошуа Ернест порача дека не се сомнева оти претстојните претседателски избори ќе бидат чесни, одговарајќи на новинарско прашање дали се согласува со стравувањата на републиканскиот кандидат дека изборите може да бидат лажирани.

„Не воопшто…, исто како и Мајк Пенс (кандидат на потпретседател на Републиканската партија – з.р.) и Пол Рајан (челник на републиканците во Претставничкиот дом), коишто веќе изразија увереност дека изборите ќе бидат фер“, одговори Ернест, пренесува Reuters.

„Видовме такви обвинувања и претходно, но при обид да се направи анализа и истражување, тие немаа потврди“, истакна портпаролот на Белата куќа. Според Ернест, претседателот Барак Обама е целосно уверен во компетенцијата на ние коишто се одговорни за спроведување на изборите, како и оти тие ќе бидат транспарентни и чесни./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на...

Свет6 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет6 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет6 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет6 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет7 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија19 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија21 час

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија22 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија23 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија2 дена

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...