Вести
Бунтовниците во Алепо се самоуверени и покрај тоа што се надвладеани
Високо рангиран командант на бунтовниците изјавил во петокот дека силите на сириската влада никогаш нема да го освојат источниот дел од градот Алепо, во време кога трае третата седмица по ред нивната жестока офанзива и додека воени извори тврдат дека операцијата оди според планот.
Руските воздушни напади се покажаа недоволни за помош на копнени сили во урбаното војување, истакнува Мелхем Акиди за Reuters, заменик командант на бунтовничката група Фастаким. Иако во бомбардирањата на владините сили и во артилерискиот бунтовнички оган уништен е голем дел од градот, тие се избегнати во областите на блиските борби поради стравувањето дека ќе бидат погодени сопствените сили, додава Акиди.
„Бунтовничките групи ова лето се добро се подготвија за опсада, а се подготвува и противнапад. Не постои воена опасност за Алепо“, тврди Акиди, и додава дека се сé „поопасни секојдневните масакри на режимот кој не ги целат не само луѓето, него и темелите на животот во Алепо“.
Спротивно од Акиди, сирискиот воен избор тврди дека нивното напредување продолжува, и повторно ги отфрла обвиненија дека владините сили ги гаѓаат цивилите.
„Досегашните постигнувања одат според планот, и дејствуваме постапно“, тврди втор несириски извор кој е дел од регионалниот сојуз кој се бори на страната на сириските владини сили.
Овие воени процени за долготрајни борби во Алепо пристигнуваат во пресрет на средбата на рускиот и американскиот шеф на дипломатијата во швајцарска Лозана, каде што ќе се обидат да продолжат со своите неуспешни преговори за дипломатско решение на сириската криза.
Алепо, пред војната финансиска престолнина и со 2,5 милиони жители најголем сириски град, неколку години е поделен на поголем дел кој го контролира владата квартови под контрола на сунитските опозициски и исламистички групи. Источните квартови се последното големо градско упориште на бунтовниците кои се борат за соборување на сирискиот претседател Башар ал-Асад, и неговото освојување ќе претставува голема стратешка предност за владата во натамошниот тек од сирискиот конфликт/крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.