Вести
Џихадистите брутално го задушиле бунтот против ал-Багдади во Мосул
Лојалните на челникот на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, елитни единици брутално го задушиле бунтот во градот Мосул, кој е цел на операцијата на војските на ирачката влада за враќање на контролата над вториот по големина град во Ирак започната ноќта кон понеделникот.
Лојалните на челникот на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, елитни единици брутално го задушиле бунтот во градот Мосул, кој е цел на операцијата на војските на ирачката влада за враќање на контролата над вториот по големина град во Ирак започната ноќта кон понеделникот.
Телевизијата Al Sumaria објави дека шефот на ткн исламска полиција, познат како Абу Усман, родум од Мосул, го водел бунтот против Абу Бакр ал-Багдади. Единците на Исламската држава кои биле под негова команда, нападнале неколку позиции да џихадистите, а во градот започнале жестоки престрелки.
Покрај тоа, исламистичките „пучисти“ преку звучниците кои се поставени на секој агол во Мосул прогласиле дека објавиле дека ал-Багдади побегнал кон сирискиот град Рака, дека неговото владеење е завршено и оти е уапсена неговата сопруга.
Според сознанијата на Al Sumaria, по неколкучасовни борби командантот на ткн исламска полиција и неговите заменици биле ликвидирани, а лојалните борци на Исламската држава ја повратиле контролата над сите точки кои претходно ги заземале побунетите џихадисти. Биле ликвидирани неколку десетици приврзаници на Усман во централните квартови на Мосул, каде што избувнале најжестоките судири, пренесува телевизијата.
Al Sumaria, исто така, објави дека ал-Багдади во понеделник ја избегнал смртта во воздушен напад. Колоната возила во којашто според сознанијата на ирачките и сојузничките сили требало да биде ал-Багдади и другите високи команданти на Исламската држава била нападната од воздухопловите на коалицијата предводена САД. Во овој напад биле ликвидирани десетици милитанти, меѓу кои и Абу Муса ал-Магриби, еден од најблиските соборци на ал-Багдади.
Во меѓувреме, според извештајот на телевизијата, џихадистите се обидуваат да ја дознаат судбината на 13 свои борбени команданти и нивното обезбедување, кои ги држеле првите одбранбени линии на Мосул. Се истакнува дека нивната судбина не е позната уште од утрото.
Ноќта кон понеделникот врховниот командант на вооружените сили и ирачки премиер Хајдер ал-Абади објави дека започнала завршната копнена операција од за ослободување на Мосул кој од јуни 2014 година се наоѓа под контрола на Исламската држава. Вкупната бројка на копнените сили вклучени во операцијата се проценува на 60.000 борци. Тие имаат поддршка од воздухопловните сили на антитерористичката коалиција предвоена од САД, како и од нејзината артилерија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.