Контакт

Вести

САД покренаа истрага за хакерските напади, Путин ги отфрла обвинувањата за мешање во тамошните избори

Објавено пред

Откако организацијата WikiLeaks во средата објави уште една серија од илјадници документи во врска со кампањата за претседател на САД на кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон, а американските служби отворија истрага и натаму тврдејќи дека зад хакерските упади во политичките и други институции стои владата во Москва, рускиот претседател Владимир Путин повтори дека неговата земја не се обидува да влијае врз исходот од американските претседателски избори, какви што се обвинувањата од Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

Минатата седмица по неформалните обвинувања од страна на највисоките американски функционери, администрацијата во Вашингтон официјално ја повини Русија за наводно покренување хакерска кампања со цел да се „меша во американскиот изборен процес“. Штабот на Хилари Клинтон, пак, во обвинувањата отиде чекор натаму и го обвини Кремљ дека сака да му помогне на републиканскиот кандидат Доналд Трамп во трката за Белата куќа.

WiiLeaks објави,меѓу другото, транскрипти од приватни разговори и електронска преписка на Џон Подеста, шеф на изборниот штаб на поранешната државна секретарка и актуелна кандидатка на Демократската партија за претседателските избори, Хилари Клинтон, во кои се наведуваат забелешките за интересите на Турција во конфликтот во Сирија, како и нуклеарна компанија поврзана со братот на Подеста која добила голем процент од американските резерви на ураниум во времето кога таа беше државен секретар, како и нејзините разговори со банкари од Волстрит каде вели дека тие се најкомпетентните да ги извршат реформите на американскиот финансиски сектор.

Американското Федерално биро за истраги (FBI) објави кон крајот на септември дека верува оти странски хакери ги нападнале серверите и мобилните телефони на членовите на Демократската партија, можеби и на избрани функционери.

WikiLeaks на почетокот од октомври објави илјадници пораки, вклучително и од најнов датум, откако претходно предизвика серија оставки во Националниот комитет на партијата DNC по објавувањето на непријатната преписка која покажа дека партиските челници имале валкана стратегија за елиминирањето на партискиот кандидат за претседателската номинација, сенаторот Берни Сандерс.

Подеста во средата отиде и чекор натаму и го обвини Доналд Трамп, дека е во директен дослух со Русија. Американските медиуми, пак, објавија дека безбедносните служби пред втората телевизиска дебата минатата седмица и на двајцата кандидата им презентирале документација која наводно покажува дека зад кибернетичките напади стојат руски хакери.

„Се занимавам со политика речиси педесет години. Ова е дефинитивно првата кампања во којашто морам да се занимавам со руските тајни служби, коишто, се чини, прават сé што можат за да му помогнат на нашиот ривал“, изјави Подеста.

Од Москва и претходно ваквите обвинувања ги карактеризираа како „глупости“ во кои нема факти и докази, и оти служат во кампањата на демократите во САД. Во средата по оваа тема се огласи првпат и рускиот претседател Владимир Путин кој рече дека американскиот скандал со наводното руско хакирање не е во интерес на Русија, како и дека сите страни во американската претседателска кампања ја злоупотребуваат реториката кон Русија за сопствени цели.

„Започнаа вистинска хистерија, тврдејќи дека ‘хакирањето’ е во интерес на Русија. Но тоа нема никаква врска со руските интереси“, изјави Путиn во интервјуто за француската телевизиja TF1.

Рускиот претседател рече дека владата во Москва ќе соработува со кој и да е победник на американските претседателски избори, „доколку, секако, новиот американски лидер сака да соработува со нашата земја“.

На американските обвинувања реагираше и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој како „ласкави“ ги оцени обвинувањата од САД дека Москва се меша во американскиот изборен систем и во резултатите, но додаде дека таквите обвинувања се смешни./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија3 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија4 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија4 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ6 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија6 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет8 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет9 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ9 часа

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија10 часа

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет11 часа

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа11 часа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет11 часа

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија1 ден

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија1 ден

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија1 ден

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ1 ден

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет1 ден

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија1 ден

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...