Контакт

Вести

Асад предупредува на закана од трета светска војна поради Сирија

Објавено пред

Сирискиот претседател Башар ал-Асад предупредува на заканата од глобален воен конфликт поради војната во Сирија и оценува дека состојбата во светот во моментов е идентична со периодот од идеолошката блоковска Студена војна од минатиот век во интервјуто за рускиот дневен весник Комсомольская правда во коешто ги изложува своите гледишта за решението на сирискиот судир и го појаснува значењето на северниот град Алепо, околу кој се конфронтираат Русија и САД кои учествуваат на различни страни во Сирија.

dobivaj vesti na viber

Според сирискиот претседател Башар ал-Асад, во моментов во светот ситуацијата потсетува на ткн „Студена војна во фаза на развој“. „Тоа е нешто што се појави од неодамна, затоа што, според моето мислења, Западот и особено САД не ја завршија Студената војна ни дури по распаѓањето на Советскиот сојуз“, вели сирискиот челник.

Асад истакнува дека глобалните процеси на конфронтација вклучуваат многу „политички сцени“, но смета дека Сирија е една од најважните.

„Главната цел (на новата ‘студена војна’) е да се сочува американската хегемонија над светот, да не се дозволи никому да биде партнер на политичката или меѓународната сцена, без разлика дали тоа е Русија, или, пак, некој од нивните сојузници од Западот. Оттаму е тој мирис на војната, којшто вие (новинарот кој го води интервјуто – з.р.) го опишавте како Трета светска војна, којшто се чувствува во воздухот, но тоа уште не е директен воен судир“, нагласува Асад.

Сирискиот претседател вели дека главниот проблем на неговата земја е што се вмешале други земји, кои ги поддржуваат терористите „секојдневно и во секој момент“.Официјален Дамаск со овој термин ги означува сите вооружени групации кои се борат за соборување на владата на Асад, вклучително и опозициските сили кои Западот ги смета за умерени.

Асад натаму вели дека Сирија има постојани и верни сојузници во Русија, Иран и либанското движење Хезболах, чии единици дејствуваат на сириското боиште на страната на владините војски.

„Тие тука (во Сирија) се присутни на легална основа. Тие војуваат против терористите, но има други земји кои се вмешуваат токму со цел да ги поддржат терористите. Проблемот не е во бројот на играчите, главниот проблем е тероризмот..“, појаснува Асад.

Ја истакнува, исто така, потребата во решавањето на кризата во Сирија неопходно да се води дијалог со оние сили кои имаат реално влијание. Притоа, сириската опозиција често не може да влијае „на терористите на теренот“, додава.

Сирискиот претседател е убеден дека „идеолошките борци“ може да се победат единствено со нивното уништување. „Не постои друг начин. Тие не сакаат дијалог. Па и нема време за дијалог. Ние мораме да ги заштитиме нашите граѓани…“, изјавува Асад.

Во интервјуто Асад се осврнува и на ситуацијата на северниот град Алепо, поранешна сириска финансиска престолнина чиишто источни квартови се под контрола на бунтовнички групи, кои се опсадени од владините сили. Ситуацијата во Алепо, каде што меѓународната заедница предупредува на хуманитарна катастрофа е еден од најгорливите проблеми во моментов во сирискиот конфликт откако сириската армија од 22-ри септември започна операција со којашто има намера да ја преземе контролата врз целиот град кој има стратешко значење. Овие настани се и причината за меѓусебните обвинувања меѓу Москва и Вашингтон поради неуспехот на заедничкиот договор од 9-ти септември за решавање на сирискиот судир и постигнување примирје.

„Прво, тоа (ослободувањето на Алепо) претставува политичка победа на стратешко и на национално ниво. Од воен, стратешки аспект, ние не можеме да ја изолираме Џебхат ан-Нусра (сириското крило на Ал Каеда, кое пред извесен период го промени називот и објави дека наводно се одделило од терористичката организација – з.р.). Но тоа ќе претставува отскочна штица за придвижувања во другите градови и нивно ослободување од терористите. Во тоа се состои значењето на Алепо..“, истакнува Асад.

Исто така, ги истакнува и значењето на Идлиб, северна покраина и истоимен град, која е во значителен дел контролирана од Џебхат ан-Нусра.

„Идлиб се наоѓа на самата турска граница. Затоа треба да се отсече, да се започне со негово чистење (од бунтовниците). Мораме да го продолжиме чистењето на тој регион и да ги потиснеме терористите кон Турција, тие да се вратат од каде што дојдоа“, истакнува сирискиот политичар./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...

Македонија15 минути

ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ, покажуваат првичните бројки од партискиот штаб

Од обработени 9,61% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 20.713 а СДСМ 5.857 глас, покажуваат првичните резултати од аналитичкиот центар на...

Македонија15 минути

Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната...

Македонија18 минути

На избирачко место во Гази Баба ќе се гласа до 21 часот вечерва, гласањето продолжено на вкупно четири гласачки места во земјава

Поради техничките проблеми пријавени уште утрово, Државната изборна комисија (ДИК) го продолжи гласањето и по 19 часот на вкупно четири...

Македонија36 минути

Даштевски: Сега можеме да кажеме дека цензусот е исполнет, за претседател гласале 767.715 гласачи

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва извести дека одѕивот на претседателските избори е 46,31 отсто, а на парламентарните 53,30 отсто. До...

Македонија1 час

Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет

Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и...

Македонија1 час

(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните

Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на...

Македонија2 часа

(Видео) Џафери не го поддржа бојкотот на Артан Груби: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше...

Македонија2 часа

Мицкоски за сценаријата за кои предупредувал: Се гледа дека се реалност, и Европа се срами од дефанзивните политики на т.н европски политичари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот чин на гласање на претседателските и парламентарните избори со повик до граѓаните да...

Македонија2 часа

Избирачки списоци со проблеми, скратено право на глас, притисоци, прекршување на изборниот молк: Левицата за нерегуларностите во изборниот процес

,,На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачките списоци се полни...

Македонија2 часа

Ковачевски: Денешните избори се оние што ќе ја одредат иднината на државата, и на сегашните и на идните генерации

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори....

Македонија2 часа

Пендаровски: Има информации за обиди за бојкот на претседателските избори

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски...

Македонија3 часа

42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК

До 17 часот до ДИК биле пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места, од...

Македонија4 часа

ДИК за одѕивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите

До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки...

Македонија5 часа

Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК

Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за...

Македонија8 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија8 часа

Со УВ-ламба и спреј ќе продолжи гласањето на некои избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми...

Македонија9 часа

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто

Според податоците од 2.080 избирачки места, за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна...

Топ10 часа

ДИК: Одѕивот до 9 часот е намален во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Одѕивот до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „Во споредба со вториот...

Македонија11 часа

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „На...