Вести
Путин објасни зошто Русија ја блокираше резолуцијата на Франција за Сирија
Рускиот претседател Владимир Путин во средата појасни од кои причини неговата земја ја блокираше нацрт резолуцијата на Франција во Советот за безбедност при Обединетите нации, обвинувајќи го Париз дека намерно ја предизвикувал Москва поради нејзината нацрт резолуција за која се гласаше истиот ден, сугерирајќи дека тоа го сторил за да им направи услуга на САД.
Русија во саботата вложи вето на нацрт резолуцијата којашто во Советот за безбедност при Обединетите нации со која се бараше создавање на зона за забранети летови над Алепо, предложена од Франција и Шпанија, оценувајќи дека не ги земала предвиде рускит предлози. Истовремено Советот за безбедност со гласовите на земјите кои исто така имаат право на вето ја одби руската иницијатива за извлекување на борците на радикалната исламистичка група Џебхат ан-Нусра од Источно Алепо, а двајцата предлагачи се повикува на запирање на борбените дејствија.
Од март 2011 година, кога избувнаа судирите во Сирија при што Западот ги поддржува опозициските сунитски групации ова е петти пат Русија со помош на Кина да блокира да резолуција во Советот за безбедност на ОН, оценувајќи дека станува збор за еднострани осуди на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад кој е нејзин регионален сојузник, како и дека содржат елементи за повторување на ткн Либиско сценарио кое подоцна донесе хаос во Либија. По ова Западот ја обвини Русија дека не ѝ е во интересот да ја запре војната во којашто според ОН загинале 300.000 луѓе.
„Не се нашите партнери тие коишто би требало да бидат наведени од руското вето. Ние би требало да бидеме навредени“, рече рускиот претседател Владимир Путин одговарајќи на новинарско прашање на московскиот деловен форум.
Путин прецизираше дека францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ејрол пред седницата во Советот за безбедност во текот на посетата на Москва го отворил прашањето за сириската резолуција и тогаш му било кажано дека со неа премногу вина се става врз сириската влада, но дека Русија нема да ја блокира доколку Франција внесе во неа одредени промени.
„Очекувавме конструктивна соработка со Франција и другите постојани членки во Советот за безбедност. И што се случи? Ејрол одлета од Москва во Вашингтон и следниот ден излезе со американскиот државен секретар Џон Кери и на Русија ѝ ги натовари сите смртни гревови. Никој со нас не разговараше (…) резолуцијата е шутната во Советот за безбедност и очигледно се очекуваше вето“, рече Путин.
Тој, како и претходно руската дипломатија, тврди дека француската нацрт-резолуција не е составена за да мине, туку за да ја испровоцира Русија да стави вето.
„А поради што? За ситуацијата дополнително да се влоши и во медиумите под нивна контрола да се разгори антируската хистерија, за да се измамат сопствените граѓани“, рече Путин.
Нацрт резолуцијата, која ја изработија Франција и Шпанија, ги повикува сите страни на прекин на непријателствата, доставување хуманитарна помош и запирање на „сите воздушни удари и летови на борбени авион над Алепо“. Во документот се предлага „засилен надзор“ на ОН над прекинот на огнот кој подетално би требало да го разработи генералниот секретар Бан Ки-мун.
Русија претходно минатиот петок поднесе, исто така, нацрт резолуција за поддршка на планот на специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стефан де Мистура и договорот што Москва и Вашингтон го постигнаа на 9-ти септември во Женева за прекин на огнот, којашто исто така повикува на прекин на огнот. Меѓутоа, руската иницијатива предвидуваше итно дистанцирање на опозициските бунтовници кои Западот ги смета за умерени и настојување да се извлечат од источните квартови од Алепо на џихадистите од Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, кое е на листата терористички организации на ОН./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.