Вести
Москва: Британските обвинувања се русофобна хистерија без факти
Обвинувањата на британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон за наводен руски напад врз хуманитарниот конвој во Сирија е русофобна хистерија, соопшти во средата руското министерство за одбрана и од британскиот дипломат побара докази за своите тврдења.
„Немаше руски авиони во областа каде што се движеше хуманитарниот конвој за Алепо, Тоа е фактот“, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.
Хуманитарниот конвој на ОН беше нападнат на 20-ти септември при што од 31 камиони 18 беа уништени а загинаа 21 цивил, меѓу кои и челникот на официјалната државна организација Сириската арапска Црвена полумесечина, во градот Урум ал-Кубр. Западот одговорноста за овој инцидент ги префрли врз сириската армија и руската авијација. Но руската команда приложува факти дека во таа област во тој период немало прелети на руските борбени авиони.
Истапувајќи во британскиот парламент министерот за надворешни Борис Џонсон повикувајќи да се протестира пред руската амбасада во Лондон, изјави дека конвојот го бомбардирале руски авиони. Тој, како потврда наведе дека нападот бил извршен вечерно време.
„Според самите изјави на Русија, кај (војската на сирискиот претседател Сирија, Башар ал-)Асад нема можност да извршува напади ноќно време Сите показатели укажуваат на Русија“, рече Џонсон повикувајќи се на податоци од сателитски фотографии, кои наводно биле слободно достапни.
Конашенков одговори дека Москва одамна е навикната на „русофобната хистерија на некои припадници на британскиот естаблишмент“ и обвинувањата во Џонсон ги нарече „бира во чашата матна лондонска вода“.
Тој побара од Џонсон да ги покаже „слободните за достап сателитски фотографии“, потсетувајќи го дека челникот на комитетот на американскиот здружен штаб подоцна потврдил дека САД не поседуваат податоци за нападот.
Конашенков притоа го потсетува Џонсон дека единствениот видео материјал од инцидентот кој беше објавен е направен од руски дрон и оти на снимките се гледа дека во близина на конвојот минува монтиран на возило минофрлач со голем калибар на опозициските сили./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.