Вести
Републиканскиот челник на Претставничкиот дом се дистанцираше од Трамп
Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Пол Рајан, се одлучи во понеделникот да се дистанцира од кандидатот на неговата Републиканска партија за Белата куќа, Доналд Трамп, и објави дека повеќе нема да го брани од нападите ниту ќе учествува во неговата кампања.
Во разговорот со републиканските претставници во Конгресот, Пол Рајан рекол дека сета своја енергија ќе ја вложи во зачувување на републиканското мнозинство во овој дом, за да не може Хилари Клинтон, кандидатката на Демократската партија, доколку победи на претседателските избори на 8-ми ноември, да има одврзани раце.
Со таквата изјава највисокиот републикански функционер во Конгресот, речиси го признава поразот на својата партија во трката за Белата куќа. Меѓутоа, бидејќи истиот ден се одржуваа изборите за сите 435 конгресмени, за Рајан тоа во моментов е приоритет.
Рајан на колегите им кажал дека во преостанатиот месец до изборите повеќе нема да помага во кампањата на Трамп, ниту ќе го брани од нападите во јавноста.
„Треба да го сторите она што е за вас најдобро во вашата изборна единица“, им порачал Рајан на републиканските конгресмени, што се толкува како сигнал да ги прекинат односите со партискиот претседателски кандидат кој е контроверзен во дел од американската јавност, доколку сметаат дека тоа е потребно.
Објавата на Рајан се надоврзува на најлошите превирања во Републиканската партија последните децении и го засилува впечатокот дека партијата се обидува да се дистанцира од својот претседателски кандидат, што особено дојде од израз по објавувањето на снимката стара 11 години во која вулгарно се изразува за односот кон жените.
Откако оваа снимка се појави во јавноста, предноста на Хилари Клинтон во некои првични анкети по втората телевизиска дебата е повторно двоцифрена.
„Пол Рајан би требало повеќе време да мине на урамнотежување на буџетот, вработувањата и борбата со илегалните доселувања а не да ја троши енергијата на борбениот републиканскиот кандидат“, возврати Доналд Трамп на Twitter.
Некои републикански кандидати кои повторно се кандидираат на изборите од 8-ми ноември, стравуваат дека хаотичната кампања на Трамп би можела да им ги расипе изгледите да го задржат мнозинството во Претставничкиот дом и во Сенатот и да нанесе долгорочна штета на партијата.
Во текот на изминатиот викенд низа влијателни членови на Конгресот, гувернери и други истакнати републиканци ја повлекоа својата поддршка за Трамп. Околу половината на 331 републикански конгресмен, сенатор и гувернер ги осудија изјавите на Трамп за жените, а секој десетти го повика да се повлече од трката за Белата куќа, пресметала агенцијата Reuters.
Потегот на Рајан од понеделникот, иако формално не ја повлече поддршката за Трамп, сепак, не им се допадна на значителен дел од републиканските конгресмени кои сметаат дека партијата треба цврсто да застане зад кандидатот кој на партиските предизбори за претседателската номинација убедливо ги победи своите повеќе од десет противкандидати./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.