Контакт

Вести

Русија има намера логистичката база во сириски Тартус да ја направи постојана воена

Објавено пред

Логистичката поморска пристанишна база Тартус во Сирија, којашто со договор ја користи Русија, ќе биде претворена во траена военопоморска база, соопштија во понеделникот заменикот за одбрана Николај Панков.

dobivaj vesti na viber

Според него се подготвуваат документите за таквата одлука и се водат преговори со сириската страна. Во руското министерство за одбрана сметаат дека наскоро ќе можат на пратениците да им го поднесат за ратификување договорот за воспоставување на военопоморска база во Сирија.

„Ќе имаме трајна воена база во Тартус“, рекол заменикот министер за одбрана Николај Панков. Притоа, не прецизираше кога ќе се надгради дел од пристаништето во Тартус којашто се користи уште од советскиот период.

Создавањето на постојаната поморска база треба да придонесе за јакнење на воените капацитети на Русија, не само во Сирија, туку и на Блискиот исток и Средоземјето, сметаат руските воени експерти.

Во моментов базата во Тартус функционира како логистичко пристаниште за руската флота. Сирија ја отстапи на тогашниот Советски сојуз со договор од 1971 година. Таа е единствената база за руската морнарица во Средоземното Море, а во сервисниот центар во Тартус работи исклучиво цивилен персонал.

Минатата седмица руското министерства за одбрана објави дека во Сирија доставила батерија од противракетниот систем С-300 чијашто цел е да се обезбеди сигурноста на поморската база во Тартус, во чијашто близина се стационирани и бродови на сириската воена морнарица, и ги предупреди САД дека ќе ги спречи можните американски воздушни удари врз аеродроми и други воени цели на сириската влада, што како можност минатата седмица ја напомнаа повеќе високи функционери во Вашингтон./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет53 минути

Кина: Toj што ќе се осмели да не’ раздели од Тајван ќе биде здробен на парчиња

Кинескиот министер за одбрана Донг Јун предупреди дека секој што ќе се осмели да бара независност на Тајван ќе биде...

Свет1 час

Земјотрес од 5,9 степени во Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Јапонија, но не е издадено...

Регион1 час

СНС освои најмногу гласови во Белград, Нови Сад и Ниш на локалните избори во Србија

СНС освои најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад на локалните избори што се одржаа вчера во Србија во...

Топ16 часа

Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница

Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Од полицијата велат дека се работи...

Македонија17 часа

Eвропскиот фронт предводен од ДУИ со декларација ќе се жали до меѓународната заедница

Европскиот фронт преводен од ДУИ денеска во Тетово усвои декларација која ја нарече политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува...

Топ20 часа

Детали за убиството во Боговиње: Во кафеаната во која бил застрелан мажот имало и други лица, се сослушуваат сведоци

Обвинителството изнесе детали за убиството што утрово се случи во угостителски објект во Боговиње. Од тука велат дека бил извршен...

Македонија21 час

(Видео) Стоилковски за Хирургија: Демири и Манолева да одговорат дали за 120.000 евра сиот здравстен систем е колабиран

Министерот Демири и заменик министерката Манолева да одговорат дали се работи за 120.000 евра санација за цела Хирургија и дали...

Македонија21 час

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Грчкоит премиер, Киријакос Мицотакис, очекува мандатарот за премиер на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа....

Спорт22 часа

Дарио Ивановски победник на 8. Издание на “Охрид трчат“

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што...

Свет23 часа

(Видео) Седум повредени лица се извлечени од урнатините на зградата во Истанбул

Трикатна зграда се урна во истанбулскиот кварт Кучукчекмез, а спасувачките тимови досега извлекле седум повредени од урнатините, јави денеска „Анадолија“....

Свет24 часа

(Видео) Се’ уште се трага по тројцата млади луѓе во Италија кои ги однесе реката додека стоеа прегрнати, најдена чантата на една од девојките

И втората ноќ од потрагата заврши без резултати во Премариакo, Италија, каде реката Натисон во петокот однесе тројца млади луѓе:...

Свет1 ден

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Адвокатите на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, изјавија за „Би-Би-Си“ дека ништо нема да се промени во неговата...

Македонија1 ден

Седум лица под истрага за улична продажба на дрога во Скопје

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица осомничени за дејствија на Неовластено производство и пуштање во...

Свет1 ден

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемиите

Разговорите за постигнување глобален договор за подобра борба против пандемијата ќе бидат завршени до 2025 година или порано ако е...

Свет1 ден

(Видео) Кинеската сонда слета на темната страна на Месечината

Сондата лансирана од Кина на почетокот на мај слета на далечната страна на Месечината за да собере примероци. Сондата Chang’e...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ и Мусети играа до три сабајле – Светскиот број 1 победи во пет сета

Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети одиграа спектакуларен меч во третото коло на Ролан Гарос. Мечот траеше четири часа и 29...

Македонија2 дена

Според Села мал е бројот на ресори што ќе ги добие „Влен“, му одговорија дека е губитник, а иднината на албанскиот народ е сигурна

Алијансата на Албанците преводена од Зијадин Села, влезе во вербална расправија за бројот на ресори со кои ќе раководат Албанците...

Македонија2 дена

Бугарските медиуми: Фондација од Бугарија купи две-третини од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп

Две третини од родната куќа на писателот Димитар Талев во Прилеп купила приватна бугарска фондација „Манол Пејков и пријателите“. Ова...

Свет2 дена

(Видео) Поплави во јужна Германија, жителите евакуирани со хеликоптери

Невреме вчера и денеска погоди големи делови од јужна Германија, предизвикувајќи прекин на сообраќајот, а некои жители мораа да бидат...

Македонија2 дена

(Видео) Мечка со мали мечиња излезе на патот во Маврово

На социјалните мрежи се појави видео од мечка со мали мечиња кои излегле на асфалтот во Маврово. Мечката се обидува...