Контакт

Вести

САД ќе ја разгледаат поддршката за саудиската коалиција во Јемен

Објавено пред

САД ќе ја разгледаат поддршката за коалицијата којашто дејствува во Јемен на сунитските држави предводени од Саудиска Арабија, изјави во неделата портпаролот на Советот за национална безбедност (NCS), откако во нејзин воздушен напад врз салата на градскиот совет во Сана според најновите коригирани податоци загинале најмалку 140 лица, а ранети се 525 луѓе.

dobivaj vesti na viber

„Безбедносната соработка меѓу САД и Саудиска Арабија нема бланко чек“, порача портпаролот на NCS, Нед Прајс. Додаде дека во заднината на последниот и другите неодамнешни напади со исто така стотици жртви, започнале да го разгледуваат веќе значително намалената поддршка за саудиската коалиција.

Администрацијата на побунетото шиитско племе Хути тврди дека вкупно четирите воздушни удари ги извршиле авиони на саудиската коалиција, којашто, пак, негира дека учествувала во нападот.

Според извештаите на локалните медицински служби, кои ги наведуваат Обединетите нации, а пренесува либанската телевизија Al Manar TV, загинале најмалку 140 луѓе, со што е коригирана бројката од над 200 жртви од саботата вечерта.

Нападот беше извршен за време на комеморација пред погребната процесија на таткото на министерот за внатрешни работи во администрацијата на Хутите.

Сана е под контрола над Хутите од септември 2014 година кога од јеменската престолнина ги потиснаа силите на претседателот Мансур Хади кој пребега во Саудиска Арабија. Според податоците на ОН, во воздушните удари на саудиската коалиција од март 2015 година досега загинале околу 10.000 луѓе, а речиси три милиона се раселени од почетокот на војната во 2014 година./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

И седмоодделенците ќе имаат учебници од септември, МОН и БРО најдоа преодно решение

По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието изнајдоа решение за непречена реализација на...

Македонија1 час

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита...

Македонија1 час

„Тие се против реформите затоа што удобно им е да седат во фотелји, да земаат плата и имаат само два процента доверба“, рече Мицкоски за членовите на Судскиот совет

„Убава е нивната позиција, секој месец да си земате плата, а да имате два процента доверба кај граѓаните. Таа е...

Македонија3 часа

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, заедно со директорот на Клиниката за онкологија, Игор Стојковски, и вработените ќе подготват специјален...

Македонија4 часа

В година со уште позаострени мерки против препишување, 3,25 била просечната оценка на државната матура

Просечната оценка што ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3,25. Во споредба со минатите години постои намалување (3,65...

Македонија5 часа

(Видео) Лефков: Филипче, брат по криминал на Заев, доаѓа за претседател на СДС со цел и двајцата да го притискаат Обвинителството да не отвора постапки против нив

Венко Филипче е брат по криминал и корупција на Зоран Заев. Тој заедно со Заев бркаа дебели провизии за кинеските...

Свет7 часа

(Видео) Евакуиран дел од најголемиот аеродром во Европа: полицијата и кучиња трагачи на местото на настанот

Вториот терминал на аеродромот „Хитроу“ во Лондон е евакуиран поради сомнителен пакет, јавуваат медиумите. Police dogs are here 🙃 pic.twitter.com/4ZgrkGzPpR...

Свет7 часа

Би-си-си: Се очекува Сунак формално да ја поднесе својата оставка до кралот Чарлс во наредните часови

Се очекува британскиот премиер Риши Сунак, чија конзервативна партија по 14 години власт на вчерашните избори претрпе пораз од лабуристите,...

Македонија7 часа

Изгаснати девет пожари на отворено, во Гевгелија пронајдени неексплодирани гранати, соопшти ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1. 975 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Свет7 часа

Поранешниот американски државен секретар Кери: Украина не може да победи

Украина нема да може да го добие конфликтот со Русија, страните ќе мора да го решат дипломатски, изјави поранешниот американски...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери додека луѓе страдаа и умираа

Заев и Филипче беа рака под рака заедно кога Македонија ја тресеа најтешките коруптивни скандали и трагедии. Од крвавиот тендер,...

Свет8 часа

Туск за можната посета на Орбан на Москва: Виктор, шпекулациите не може да бидат точни или може

Полскиот премиер Доналд Туск го изрази своето изненадување во објава на социјалната мрежа Х по информацијата дека унгарскиот премиер Виктор...

Свет8 часа

(Видео) Италијанците го кренаа највисокото ниво на тревога по излевањето на лавата од вулканот

Вулканската активност на јужниот италијански остров Стромболи ги натера властите да го подигнат нивото на тревогата од портокалово на црвено,...

Спорт19 часа

(Фото) Известувачот на Макфакс го сними оперираното колено на Новак Ѓоковиќ

На прес конференција по натпреварот против Британецот Џакоб Ферли, Новак Ѓоковиќ за прв пат на Вимблдонскиот турнир се појави без...

Култура1 ден

Љутков: Целата постапка на преземањето на Универзалната сала е проблематична, нарачавме ревизија

Целата постапка на преземањето на Универзалната сала на Министерството за култура од Град Скопје е многу проблематична, изјави министерот за...

Македонија1 ден

Главчев: Нема промена во позицијата на Бугарија кон Северна Македонија, бараме почитување на договорите

Позицијата на Бугарија во однос на Република Северна Македонија е непроменета – нашата земја сака да се почитуваат потпишаните договори....

Економија1 ден

За 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на економско-социјалниот совет, најави министерот Дурмиши

Барањето на синдикалците минималната плата да биде 450 евра новиот министер за економија и труд, Бесар Дурмиши, најави дека ќе...

Македонија1 ден

Mицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи, ако имаат подобра идеја за Судскиот совет, нека ја кажат

Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Еве, ако знаат подобро решение, нека дојдат и нека...

Култура1 ден

Фестивалот „Браќа Манаки“ ги има поднесено сите извештаи уредно и редовно во Агенцијата за филм, тврди директорот Дамевски

Извештајот на работната група, кој ја критикува работата на Агенцијата за филм и Друштвото на филмските работници (ДФРМ), е нарачан...

Македонија1 ден

120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло, тврди Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на работна средба со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во Атина разговарале за итно интензивирање на...