Контакт

Вести

WikiLeaks најавува објава на документи за претседателските избори во САД

Објавено пред

Основачот на интернет разобличувачкиот ресурс WikiLeaks, Австралиецот Џулијан Асанж, најави во вторникот по повод 10-годишнината од основањето на неговата организација дека до крајот на годинава ќе објави милион документи за три влади, како и за американските претседателски избори.

dobivaj vesti na viber

„Сите документи поврзани со американските избори ќе излезат пред 8-ми ноември“, изјави Џулијан Асанж на прес-конференцијата во Берлин на која учествуваше преку видео мост од еквадорската амбасада во Лондон.

„Сметаме дека тие објави ќе бидат многу важни“, рече Асанж одбивајќи да изнесе какви и да се поединости. Податоците за изборите во САД „ќе бидат објавени пред почетокот на нивното спроведување“, нагласи. Според него, во следните 10 седмици се планира објавување на најмалку поп еден нов материјал седмично.

Според Асанж, претстојното објавување ќе има значително влијание на претседателската трка во САД. „Дали материјали сериозно ќе влијаат врз изборите? – Да. Тие ќе претстават интересни факти“, рече Асанж.

Американските медиуми очекуваат дека во фокусот на тие нови документи би можеле да се најде демократската претседателска кандидати Хилари Клинтон.

Асанж претходно изјави дека ќе објави нова серија компромитирачки материјали кои се однесуваат на претседателската кандидатка на Демократската парија, Хилари Клинтон.

„Поседуваме многу материјали, вклучувајќи и за изборите во САД. Станува збор за илјадници страници кои се однесуваат на различните аспекти на предизборната кампања на Хилари Клинтон“, изјави неодамна во програмата на американската телевизиска мрежа Fox News основачот на WikiLeaks.

Притоа Асанж уверуваше дека организацијата не си поставила цел да ѝ нанесе штета на Клинтон. „Имаше многу случаи на неточни цитати. Тие се однесуваа на тоа дека ние планираме да ѝ нанесеме штета на Хилари Клинтон, на нејзината кампања“, појасни Австралиецот.

Асанж најави, исто така, промени на начинот на кој WikiLeaks е организиран и на кој начин се финансира, велејќи дека наскоро ќе се отвори за членство. Посочи дека WikiLeaks сака да ја прошири соработка на уште медиуми, со стоте со коишто веќе соработува.

Голем скандал предизвика и објавувањето на споменатата преписка за партиските предизбори за претседателски кандидат кој во јули ги објави WikiLeaks на кој во објавата алудира хакерот, односно на претходно објавените материјали од DNC во кои се покажа дека на предизборите за претседателски кандидат на Демократската партија била фаворизирана Хилари Клинтон на штета на нејзиниот ривал сенаторот Берни Сандерс, со совети да се објавуваат компромитирачки конструкции за вториот.

Поради овој скандал оставка поднесе претседателката на DNC, Деби Васерман-Шулц, а од своите позиции заминаа и нејзината наследничка како претседателката на Националниот комитет на Демократската партија, Ејми Дејзи, финансискиот директор на комитетот Бред Маршал и шефот на одделот за односи со јавноста, Луси Миранда.

На 10-ти август разобличувачкиот портал WikiLеаks повикувајќи се на своите „свиркачи“ објави дека новата стратегија којашто ќе ја примени кампањата Хилари Клинтон, ќе биде насочена на обвинувања кон Русија доколку се појават нови доверливи документи во врска со нејзината корумпираност. „Кампањата на Клинтон разработила нова ПР-стратегија. Сите следни откритија за корупција поврзана со неа, ќе бидат претставени како активности на Русија“, беше наведено на акаунтот на WikiLeaks на сервисот на микроблогирање Twitter./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија3 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија4 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија5 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија6 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа6 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија7 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион7 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет8 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија8 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија8 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија8 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион9 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет9 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет9 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион11 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион11 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија23 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија24 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија1 ден

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...