Вести
Отпадна фаворитот за Нобеловата награда за мир, се нагаѓа можниот добитник
Творците на иранскиот нуклеарен договор или руска активистка за човекови права, сметаат аналитичарите, се можните добитници на Нобеловата награда за мир, откако отпаднаа фаворитите бидејќи во неделата колумбиските гласачи не го прифатија мировниот договор со кој требаше да се стави крај на 52-годишната војна меѓу државата и марксистичките бунтовници, што е најдолгиот вооружен судир во западната хемисфера.
Годинава Нобеловиот комитет добил рекордни 376 номинации за Нобеловата награда за мир, што претставува голем пораст во однос на 278 пред две години.
Досега се сметаше дека годинава однапред се знаеше кој ќе биде лауреатот. Но само неколку дена пред објавувањето, Колумбијците не го прифатија мировниот договор меѓу влaдата и бунтовниците од Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC) за ставање крај на војнаа во којашто загинале најмалку 260.000 луѓе, 45.000 се водат како исчезнати, а 6,9 милиони лица се раселени. Дотогаш претседателот Хуан Мануел Сантос и командантот на левичарските герилци Родриго Лондонo Ечевери наречен Тимоченко (Тимошено), беа сигурни фаворити за престижното признание.
Доколку Нобеловиот комитет веќе одлучил наградата да им ја даде на Колумбијците, сега веројатно во последен момент бара замена, сметаат аналитичарите коишто секоја година прават прогнози, бидејќи според правилата имињата на номинираните кандидати за нобеловите награди може да бидат објавени дури по 50 години.
Некои сметаат дека наградата ќе замине кај преговарачите за нуклеарниот договор меѓу светските сили и Иран, кој беше потпишан во 2015 година и со кој се запрени страувањата дека Техеран развива нуклеарно оружје, а беа укинати меѓународните санкции воведени уште во 2006 година.
„Бидејќи досега е потврдено дека договорот функционира, би можеле да имаат добри шанси“, вели Петер Валенстејн, професор на шведскиот универзитет Упсала.
Доколку е во право, Нобеловата награда за мир би требало да поделат американскиот министер за енергетика Ернест Мониз и челникот на иранската организација за атомска енергија Ал Акбар Салехи.
Директорот на норвешкиот институт за мировни студии Кристијан Берг Харпвикен верува дека меѓу главните кандидати е и руската активистка Светлана Ганушкина, која со децении работи со мигрантите и бегалците.
„Откако започна падот на нивото на демократијата во Русија, особено со повторното доаѓање на Владимир Путин за претседател, немаше Нобелова награда која би била насочена на дополнително внимание на настаните во Русија“, вели Харпвикен.
Како други потенцијални добитници се споменуваат сириската волонтерска спасувачка организација „Бели шлемови“, за којашто инаку официјален Дамас смета дека е блиска со некои екстремни исламистички групации, жителите на грчите острови кои им помагаат на очајните бегалци кои стигнуваат на нивните брегови, лекарот од Конго Денис Муквеге поради неговата работа си илјадниците силувани жртви на војната, Едвард Сноуден кој го обелодени масивното следење на електронските комуникации на милиони луѓе во светот од страна на американската Агенција за национална безбедност (NSA), и архитектите на климатскиот договор COP21.
Аналитичарите не можат да се согласат кој би можел да биде добитник, но се сигурни дека тоа нема да републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, кој исто така е номиниран, од засега непозната организација или институција.
Колку е тешко да се прогнозира лауреатот се илустрира со минатогодишниот пример, кога никој меѓу можните добитници не го споменуваше ткн Туниски мировен квартет.
„Можеби во петокот ќе извлечат нов зајак од шапката“, вели историчарот на Ноеловите награди Асле Свеен,
А тоа ќе се знае во петок во 11 часот, кога лауреатот ќе го прогласи Нобеловиот комитет во норвешката престолнина Осло./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.