Вести
Во американски воздушен напад убиен шеф на поранешната Џебхат ан-Нусра
САД извеле во понеделникот воздушен удар во сириската покраина Идлиб врз истакнат член на терористичката групација Ал Каеда во Сирија, објави американското министерство за одбрана, а неговата смрт ја потврди и групата Џабхат Фатех ал-Шам.
Претставници на Џебхат Фатех ал-Шам потврдиле дека влијателниот египетски проповедник Абу ал-Фараџ ал-Масри,бил убиени во воздушен напад на меѓународната коалиција предводена од САД.
Од Пентагон за Reuters претходно рекле дека воздушните удари биле насочени на истакнат водач на Ал Каеда во близина на Идлиб. „Можеме да потврдиме дека гаѓавме истакнат член на Ал Каеда во Сирија и уште ги проценуваме резултатите од операцијата“, рекол портпаролот на американското министерство за одбрана, Џеф Дејвис, без да го потврди идентитетот на ликвидираниот џихадистички водач.
Регионалните медиуми и социјалните мрежи објавија дека е убиен Египќанецот Ахмед Салама Мабру, а дека Аби ал-Фараџ ал-Масри, било неговото борбено име. Либанската телевизија Al-Mayadin објави дека тој бил убиен во напад на коалицијата недалеку од сирискиот град Џиср ал-Шухур.
„Секогаш кога ќе ликвидираме истакнат водач на ал Каеда, им нанесуваме штета на нивната команда и контрола и го запираме нивното ширење“, додал Дејвис.
Според египетските медиуми, Абу ал-Фараџ ал-Масрибил бил еден од главните команданти и ветерани на Ал Каеда во Египет, роден 1956 година во египетската покраина Гиза, кој отишол во Сирија за да учествува во воените дејствија во редовите на локалниот огранок на меѓународната терористичка мрежа. Претходно, ал-Масри војувал и во Авганистан.
Исламистичката група Џехат Фатех ал-Шам, всушност е преименуваната групација Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, за која Русија им забележува на САД дека не успева да влијае врз опозициските бунтовнички групи кои Вашингтон ги поддржува како умерени, во сириската покраина Алепо да се дистанцираат од оваа џихадистичка организација.
Изненадувачки минатиот месец, кога станаа познати барањата на Москва во врска со одредувањето на целите за заедничките напади, Џебхат ан-Нусра го смени името, а во јавноста беше објавена аудио порака од челниот на Ал Каеда, Ајман ал-Завахри во која на челниците на ан-Нусра им порачува дека можат „без двоумење да ги жртвувате организациските и партиските врски, доколку тие се во спротивност со вашето единство и функционирањето на единствена организација./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.