Контакт

Вести

Пет мексикански војници убиени во напад врз конвој

Објавено пред

Пет мексикански војници се убиени а уште пет се ранети во напад врз воен конвој во петокот, кој е организиран најверојатно од синовите на затворениот нарко барон Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, соопштија властите.
 

dobivaj vesti na viber

Пет мексикански војници се убиени а уште пет се ранети во напад врз воен конвој во петокот, кој е организиран најверојатно од синовите на затворениот нарко барон Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, соопштија властите.

 

Нападот е извршен во Кулиакан на северозападот од Мексико, каде што доминира нарко картелот Синелоа, чиј поранешен шеф Гузман беше повторно уапсен по спектакуларното бегство од затворот. Мексиканските власти веруваат дека синовите на нарко баронот стојат во заднината на овој напад, кој бил насочен кон генералот Алфредо Дуарте Мухика.

Војниците биле во придружба на амбулантно возило во коешто во болница бил транспортиран член на картелот Синелоа, кој бил застрелан и уапсен, кога возилото со придружба паднало во заседата на напаѓачите Вооружените напаѓачи врз возилата и војниците пукале од автоматско оружје и фрлале рани гранати, пред да го запалат возилото и да го ослободат уапсениот, кој според медиумските написи, можеби е роднина на затворениот нарко барон.

Адвокатите на Гузман во моментов се борат против неговата Екстрадиција во САД, каде што ќе се соочи со обвинувања за убиство, криумчарење дроги, организиран криминал и перење пари. Се проценува дека постапката за екстрадирање на „кралот на наркомафијата“ Хоакин Ел Чапо Гузман на САД ќе трае најмалку една година, а може дури и четири или шест, доколку адвокатите посегнат по сите расположливи правни средства.

Официјалната постапка за екстрадиција на Ел Чапо во САД беше покрената во средината на јануари во Мексико, откако претставниците на Интерпол пристигнаа во затворот во Алтиплано и предадоа два „налози за апсење со цел за екстрадиција“. Адвокатите на Ел Чапо соопштија дека ќе влезат во „тешка“ правна битка и ќе одат до Врховниот суд за да ја спречат екстрадицијата.

Мексиканскиот наркобарон Хоакин Гузман Лоер, познат и како „Ел Чапо“ (Кусиот) поради неговата височина од само 152 сантиметри, водач на наркокартелот Синалоа, беше уапсен вна почетокот од 2016 година во истоимената сојузна мексиканска држава, шест месеци по романескното бегство од затвори со висока безбедност во Алтипплан, каде што повторно е вратен. Мексиканската влада не сака да ризикува негово ново бегство, бидејќи тоа ќе има многу негативни последици за перцепцијата на сериозноста на владата.

Гузман кон средината на ланскиот јули избега по вторпат од затворот со максимално обезбедување. Според очевидци, наркобосот последен пат бил виден во туш кабината во еден од затворските блокови. Сознанијата велат дека осуденикот бегството го извел со помош на наркокартелот Синалоа, една од најголемите злосторнички организации во Мексико.

Лоер беше уапсен и осуден на дваесетгодишна затворска казна уште во 1993 година, Потоа, откако мексиканските власти решија да им го предадат на САД, тој започнал да подготвува бегство од затворот. Гузман тогаш поткупил неколку затворски чувари и на 19-ти јануари 2001 година побегнал, сокривајќи се во комбе кое превезувало валкана облека. Во неговиот план за бегство, како што подоцна откри истрагата, биле вклучени речиси осумдесет луѓе.

Тогаш властите понудија награда од 2,3 милиони долари за информација што би овозможила ликвидација на Гузман. Наркобаронот беше уапсен повторно во февруари 2014 година, во еден од хотелите во градот Масатлан во западно Мексико.

Со статусот на легендарен и недофатлив мексикански крал на дрогата, се проценува во моментов на една милијарда американски долари. Ел Чапо неколку години се наоѓаше и на листата на најбогатите и највлијателни личност на светот во рејтинг листата на списанието Forbes.

Магазинот го нарече Ел Чапо тие години еден од највлијателните луѓе на планетата, бидејќи го контролирал речиси целиот американски пазар на кокаин, кој тогаш му донел 300 милиони долари. Поради тоа американските власти распишаа награда за негово апсење од 5 милиони долари.

Магазинот Forbes рангирајќи ги личностите според „четири димензии на моќ“: влијание врз други луѓе, контрола на богатства, разновидност на влијанијата и активно користење на моќта во 2009 година Хоакин Ел Чапо Гусман, наркобаронот кој тогаш беше во бегство во зафрлените планини на северот на Мексико, го рангираше како глобално помоќна личност од тогашниот руски претседател Дмитриј Медведев, од поранешниот француски Николас Саркози и од сега починатиот венецуелски претседател Уго Чавез

На тој список на „најмоќните луѓе на светот”, Гузман беше рангиран на 41 место, две места пред Медведев и дури 15 места повисоко од Саркози, и само четири места подолу на листата од најбараниот терорист Осама бин Ладен, сега ликвидираниот водач на Ал Каеда.

Кога во 2007 година 52-годишниот Гузман правеше свадба со 18-годишна убавица, банкетот беше толку добро обезбедуван што армијата не се ни обиде да го приведе младоженецот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ4 часа

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ5 часа

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ6 часа

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија9 часа

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет10 часа

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет10 часа

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет21 час

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион23 часа

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет24 часа

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа1 ден

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ1 ден

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ1 ден

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија1 ден

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија1 ден

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија1 ден

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет1 ден

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија1 ден

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...