Контакт

Вести

Сириската армија ги повика бунтовниците да го напуштат Алепо, гарантирајќи им безбедно минување

Објавено пред

Командата на сириската владина армија ги повика бунтовниците од различните групи кои се опколени во источните квартови на Алепо и истакна дека им го гарантира безбеден премин, пренесе во неделата службената новинска агенција SANA.

dobivaj vesti na viber

„Командата на вооружените сили на (Сирија) ги повикува сите бунтовници во источните квартови на Алепо да ги напуштат овие населби и да им овозможат на луѓето да живеат со нормален живот“, го цитира агенцијата повикот.

Сириската армија кон средината и крајот од јули веќе отвори такви ткн хуманитарни коридори преку кои од опсадените квартови каде се смета дека има 250.000 луѓе во вториот по големина сириски град, излегоа голем број цивили, а можност имаа и бунтовниците кои ќе го положат оружјето и ќе ја прифатат амнестијата што повеќепати ја прогласи сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Ситуацијата во Алепо е драматична. Продолжуваат меѓусебните бомбардирања меѓу владините сили и провладините милиции поддржани од руската авијација, како и бунтовничките гранатирања на станбените населби кои се под контролана владините сили.

Дамаск ги обвинува бунтовниците дека во источните квартови ги држат цивилите како жив штит и спречуваат тие да се извлечат од опсадата и да им биде доставена хуманитарна помош. Сириските владини сили од 2012 година под контрола имаат повеќе од половината од населбите во Алепо, претежно во северниот дел од градот кој пред почетокот на војната во март 2011 година имаше речиси 2,5 милиона жители.

Од 22-ри септември сириската армија објави дека започнува почетокот на воени операции за заземање на источните бунтовнички квартови на Алепо.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), последните седмици во градот загинале 338 лица, а 846 се ранети. Притоа, меѓусебни се обвинувањата меѓу САД и Русија, кои во сирискиот конфликт ги поддржуваат спротиставените страни,дека сириските сили бомбардираат болници и инфраструктура, како и дека тоа го прават и бунтовничките сили на опозицијата кои во Алепо се измешани со екстремните исламистички групи.

Повторното заземање на источните делови од Алепо за силите на владата во Дамаск ќе претставува голема победа и може да претставува крај на бунтовничката превласт во целата истоимена покраина која и онака беше ослабена со јакнењето на џихадистичките групи. Аналитичарите уште пред две години предвидуваат дека воспоставувањето на целосна контрола над Алепо ќе значи пресвртница во сириската војна во полза на владините сили./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Tаравари колабирал и бил пренесен во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека колабирал и завршил во болница откога вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев...

Македонија2 часа

Една година од убиството на Вања

Денес, се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Во тек е судскиот процес, кој треба...

Македонија2 часа

„Влен“ јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски?

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да...

Македонија4 часа

Заев е единствениот политичар од Западен Балкан што Меркел го споменала во мемоарите, пишува германски новинар

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка Ангела Меркел експлицитно го споменува...

Европа5 часа

Медведев: Мојата тажна шега изгледа се претвора во застрашувачка реалност

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев испрати предупредување до САД во објава на...

Свет6 часа

Телата на девојките што починаа од сомнително труење во Лаос пристигнаа во Австралија

Семејствата на двете австралиски тинејџерки кои починаа од сомнително труење со метанол во Лаос, ја коментираа веста дека осум лица...

Свет6 часа

Еден ден по несреќата во Црвеното Море, пронајдени пет преживеани

Египетските спасувачи пронајдоа четири тела и пет преживеани вчера, за време на потрагата во Црвеното Море, еден ден откако потона...

Свет6 часа

Макрон гледа шанса за стабилност во Либан во договорот за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах како можност за...

Свет7 часа

Првите часови од примирјето меѓу Израел и Хезболах: жестоко бомбардирање до последен момент

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах стапи на сила во раните утрински часови во средата, но му...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче до Сиљановска: Огромен ризик е спојувањето на безбедносните агенции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска оствари средба со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова....

Македонија22 часа

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Место со непотребна документација, од јуни следната година матичните лекари ќе имаат повеќе време да се посветат на пациентите оти...

Македонија22 часа

Сиљановска-Давкова им посака успешна работа на новите членови на Комисијата за помилување

Денеска во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако Давкова донесе...

Македонија1 ден

Петар е тежок 2 килограма и 350 грама: 61-годишната мајка, која се породи на ГАК, имала замрзната јајце-клетка

Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави...

Македонија1 ден

Раде Штекли бара лично обезбедување, ќе им плаќа 3.000 евра: не е пресудна етничката припадност ниту, пак, полот

Раде Трајковски-Штекли на својот инстаграм-профил објави оглас за вработување лично обезбедување. Бара четворица обезбедувачи, кои мора да имаат воено или...

Македонија1 ден

Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје

Не размислувам за повторна кандидатура, истакна градоначалничката Данела Арсовска одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на донацијата на шесте еколошки...

Македонија1 ден

Европската Унија му донира на ЈСП шест еколошки автобуси

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас како донација од Европската Унија (ЕУ). Амбасадорот...

Македонија1 ден

61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија. Жената се породила пред неколку дена и важи за...

Македонија1 ден

Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

Во текот на изминатата недела мобилни тимови и царински службеници на граничните премини спречија обиди за криумчарење на поголема количина...

Македонија1 ден

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче, со претседателката Сиљановска-Давкова

Денеска, ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, извести СДСМ....

Македонија1 ден

(Видео) Тошковски: Договорено заемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 24 до 27 ноември со делегација на министерството е во работна посета на...